Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
2Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
СветНајголема нарачка доби германската компанија РајнметалГерманската компанија Рајнметал доби рамковен договор од Бундесверот, што вклучува испорака на артилериска муниција од 155 милиметри со бруто вредност 8,5 милијарди евра.Постојниот рамковен договор е значително проширен, а наредбата првенствено е наменета за зголемување на залихите на Бундесверот и неговите сојузници, како и за поддршка на Украина во нејзината одбранбена кампања. Испораките се планирани да започнат на почетокот на 2025 година, соопшти компанијата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторатМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија. Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГолем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во ГрузијаМакедонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка. Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model). На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија. Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина. Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски? Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина. Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија. Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации. Ама не го добиле. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија. Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски. Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски. Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции. Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица. Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки. Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува. 21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ. Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките.... Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема. А народот не може да дојде до своите пари. Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа. Времето одминува. Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат. Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook