Најголем дел од финансиските друштва издаваат потрошувачки кредити

Најголем дел од финансиските друштва издаваат потрошувачки кредити, лани изречени глоби во вкупен износ од 16.000 евра.

Кеш кредити од две илјади до над 100 илјади денари, онлајн аплицирање, одобрување за неколку минути и уште истиот ден пари на рака, се дел од услугите што ги нудат финансиските друштва.

Се нудат брзи кеш кредити, наменски кредити, кредити за рефинансирање, кредити за пензионери. Аплицирањето е со минимум документи, најчесто со лична карта, без жиранти и без докажување на приходи.

Отплатата на кредитот е на повеќе рати кои може да се плаќаат директно во филијалите на овие финансиски друштва или преку комерцијалните банки. Дел од нив дури нудат можност и за одложување на рокот за отплата од неколку дена до еден месец.

Граѓаните најчесто ги користат ваквите брзи кредити кога итно им се потребни пари за да покријат одредени трошоци. Кај дел од овие финансиски друштва може да се најдат и податоци кои покажуваат дека е бројот на одобрени апликации надминува над 200 илјади.

Дозволите за основање и работа на овие финансиски друштва ги издава Министерството за финансии. Според податоците што се објавени во Предлог-измените на постојното законско решение, заклучно до 1 ноември 2022 година на финансискиот пазар активно работеле 33 финансиски друштва. Најголем дел од нив одобрувале потрошувачки кредити на физички лица.

Лани изречени 13 глоби за овие друштва во вкупен износ од 16.000 евра

Контролите извршени кај овие друштва покажуваат дека кај повеќе од половина од нив се констатирани неправилности. Од Министерството за финансии во изјава за МИА посочуваат дека во текот на минатата година извршени се теренски надзори кај 16 финансиски друштва при што кај 10 од нив се констатирани неправилности. Осум од финансиските друштва кај кои се констатирани неправилности треба да платат глоба во вкупен износ од 16.000 евра.

- Кај две финансиски друштва се изречени мерки-наредби за отстранување на неправилностите, а кај осум друштва кај кои се констатирани неправилности изречени се вкупно 13 глоби во вкупен износ од 16.000 евра и истовремено се изречени 20 мерки – наредби за отстранување на неправилностите, наведуваат од Министерството за финансии.

Глобите, како што посочуваат од Министерството за финансии, се изречени согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Измени на Законот за финансиски друштва во насока на поголема заштита на граѓаните

Од Министерството за финансии нагласуваат дека се направени измени на Законот за финансиски друштва со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на овие финансиски друштва и зголемување на довербата во овие друштва.

- Основната цел на измените е финансиските друштва да претставуваат финансиски институции кои нудат алтернатива на банкарското работење, а не само друштва кои нудат краткорочни кредити на населението преку зајакување на регулаторната рамка, за работење на финансиските друштва, зголемување на заштитата на граѓаните-корисници на кредит, уредување на финансиска активност-факторинг и доуредување на вршењето надзор над финансиските друштва, се наведува во Предлог-законското решение доставено до Собранието.

Измените беа усвоени на владина седница во декември лани, но се уште се во собраниска процедура. Според веб страницата на Собранието, Предлог-законот е доставен на 27 јануари и е во редовна постапка.

Со нив се укинува можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во истото финансиско друштво. Финансиското друштво нема да може да склучува договор за потрошувачки кредит ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60 проценти од износот на одобрениот кредит.

Се утврдува максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот и адоместоците се однесуваат на сите трошоци кои потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на било каков начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги.

Со измените се укинува и можноста трговските друштва кои поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игри на среќа и за забавни игри да можат да бидат кредитни посрединици на финансиското друштво односно да нудат кредитни производи.

Се зајакнува и надзорот врз работењето на финансиските друштва, по примерот на останатите регулатори (како на пример Народната банка и Комисијата за хартии од вредност), а за што ќе биде пропишан и донесен посебен правилник.

За непочитување на законските одредби предвидени се глоби во износ од 8.000 до 10.000 евра.

Обвинителот на Менхетн: Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен

Окружниот обвинител на Менхетен денеска соопшти дека Доналд Трамп создал лажни очекувања за неговото апсење и ги навел конгресните републиканци да се мешаат во истрагата на обвинителството.

„Вашето писмо е истрага без преседан за локална тужба што е во тек. Писмото дојде токму кога Доналд Трамп создаде лажни очекувања дека ќе биде уапсен следниот ден и неговите адвокати ве повикаа да интервенирате“, напиша во писмото окружниот обвинител Алвин Брег до тројца републиканци во Домот.

Големата порота свикана од Брег во јануари почна да слуша докази за улогата на Трамп во поткупувањето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, на кои победи Трамп. Даниелс, позната порно актерка и режисерка чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека добила пари во замена да молчи за сексуалната врска што ја имала со Трамп во 2006 година.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, рече дека ги добил парите по налог на Трамп за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат. Трамп тврди дека е невин и дека истрагата е политички мотивирана.

Во писмото од канцеларијата на Брег се наведува дека претседателите на три конгресни комисии побарале доверливи информации за тековната кривична истрага, што според законот е доверлива информација.

„Барањата наведени во писмото се незаконска инвазија на суверенитетот на Њујорк“, им напишал главниот советник Лесли Дабек на претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан, на претседателот на Комисијата за надзор Џејмс Комер и на претседателот на административниот комитет Брајан Стил.

Таткото на починатата 6- годишна Јана: Лекарите ѝ дадоа гликоза додека имаше 9- ка шеќер

„Мојата Јана која во септември ќе наполнеше шест годинки почина поради лекарска грешка бидејќи докторите на 9 –ка шеќер во крвта и дадоа ѝ дадоа гликоза во инфузија после што ѝ се крена шеќерот на 19.“ 

Ова во изјава за Канал 5 го вели триесет и шестгодишниот Стојче Христовски, од битолско Кравари, татко на девојчето што вчера попладне почина, неколку часа откако со неговата сопруга го однеле во битолската болница поради симптоми на настинка. Христовски раскажува дека со неговата сопруга сведочеле на она што се случувало откако настанале компликациите по првата инфузија, кога лекарите спремиле втора, ама не можеле да ја боцнат поради тоа што вените на детето му прскале.

„До колата си одеше, добра беше, влезе во автомобилот и отидовме до болница. За да не се мачи, дека беше омалаксана на раце ја однесов до детското одделение. Веднаш докторката рече да направиме крвна слика, направивме, а го измерија и шеќерот, беше 9-ка. Дури, во лабораторија ни напоменаа за шеќерот. Го вратив во детско одделение детето. Му дадоа гликоза, 100% гликоза, сопругата беше внатре, знаеше што ѝ ставаат. Протече инфузијата, но состојбата се влоши... Шеќерот се крена 19...Ви кажаа зошто? Ништо не ни кажаа, девојчето почина, а тие не ни кажаа од што, од срцето, мускулно заболување, не знам што. Детето немаше никакво заболување, немаше проблем, си играше, трчаше, не се задишуваше...

Христовски обвинува дека лекарите не знаеле што да прават па телефонски барале консултации. Вели, повеќе од два часа чекавме да ни кажат дека моето дете повеќе не е живо, а за утеха ни раскажуваа за сличен случај со двегодишно дете кое починало пред два месеци. Тој ни потврди дека обдукцијата е завршена, а семејството чека да ги види резултатите.

Директорот Обедниковски во телефонски разговор за Канал 5 не сакаше да ги коментира тврдењата дека девојчето починало од инфузија, но кажа дека примало, а по застојот на срцето на девојчето, имало обиди за реанимација кои траеле 40 минути.

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека по насоки на јавен обвинител се превземаат дејствија за испитување на конкретниот случај, се обезбедува комплетната медицинска документација, а се чекаат и резултатите од обдукцијата. Кога ќе се заврши со постапките ќе има детали.

Тоти: Почина татко ми, а потоа разбрав дека жена ми ме изневерува, ништо не е исто

Еден од најдобрите италијански фудбалери на модерната ера и принцот од Рим, Франческо Тоти (46), призна дека по разводот минатата година и смртта на неговиот татко поради последиците од корона, паднал во депресија.

Светскиот шампион со Италија и играчот кој целата своја кариера ја помина во саканата Рома минатото лето се разведе од поранешната сопруга Илара Бласи со која беше 20 години, од кои 17 години во брак. Причината била неверство, а Тоти рекол дека доказите ги нашол во нејзиниот мобилен телефон.

„Поради короната го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон за да потврдам, нешто што никогаш не сум го направил и ги најдов пораките. Не можев да спијам повеќе. Се преправав дека сѐ е во ред, но тоа повеќе не бев јас“, призна Тоти.

Познатиот Италијанец е во врска со својата нова девојка Ноеми Боки, додека Блази почнала да се гледа со германскиот претприемач Бастијан Мулер. Тоти и Блази имаат три деца: Кристијана, Изабел и Шанел.

притисни ентер