Најдолговечното комбе VW Multivan доби специјално луксузно издание (ВИДЕО)

Познатиот модел на Фолксваген влезе во електричната ера.

Целосното име T7 Type 2 е претставено за прв пат во форма на plug-in хибрид. Верувале или не, основата е MQB платформа која ја користат и Ауди А3 и неодамна лансираниот нов Кади. Но, ова важи само за оние кои бараат перформанси за транспорт на патници, а авантуристите ќе мора да се држат до постарата изведба на Т6 што останува во понуда..

Визуелно, моделот се потпира на T6 2015 година, а сето тоа лежи на уште постариот T5, што ги зајакна темелите на овој модел уште во 2003 година. Новина е инсталирањето на втор прозорец од предната страна како резултат на поместување на шофершајбната, се со цел да се добие поизразен изглед на MPV.

LED светлата се стандардни и овде, IQ.Matrix за дополнителен надомест, а потоа и осветлена хоризонтална лента на предната решетка.

T7 ги носи своите вистински вредности во кабината. Вкупно има седум места, а сите сега се за 25% полесни. Вториот ред се врти за 180 степени, третиот ред има индивидуални седишта, а централната маса има можност за прилагодување на висината, а можно е да се помести по должина кога има форма на централна конзола.

Стандарден е и менувач DSG и електричната сопирачка за паркирање, така што предната арматура изгледа многу модерно. Вклучен е дигитален кокпит, како и безжичен полнач. Главниот дисплеј има луксузни додатоци како панорамски покрив, напредна контрола за патување и аудио систем „Хармон Кардон“ со 14 звучници и моќност од 840 W.

Најголемата вест е сепак под капакот. Тој нуди 1.5 TSI со 136 КС или 2.0 со 204 КС и моќен дизел со 150 КС. Опцијата PHEV е исто така на списокот - таа се нарекува еХибрид и се состои од бензинец 1,4 TSI со 150 КС и електромотор од 81 kW за синергетски 218 КС. Има капацитет на батерија од 13 kWh. За помоќен дизел, треба да се избере T6.1 Multivan, кој нуди 204 КС и погон од мотор 4Motion, и навистина останува во понудата.

Цената е непозната, но нема да се спушти под 45.000 евра, проценуваат германските медиуми.

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ го обезличи Скопје, со СДСМ станува модерен град по мерка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје, под раководство на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, прераснува во модерен, европски град, по мерка на граѓаните, кој насекаде се уредува и гради, па шири лажни вести и невистини.

За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, туку водени од личниот и партиски интерес го разнебитија и обезличија Скопје, потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните за меремр и бронза, споменици, за жални врби и палми, барок од стиропор, вртелешки и лавови.

Во главниот град, во изминатите 3.5 години континуирано се одвива градежна офанзива, во чии рамки меѓудругото, се завршени четири нови булевари, се завршува мостот на реката Вардар во Аеродром, изградени се десетици километри нови велосипедски патеки, се подигаат илјадници метри квадратни нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори и диви депониии.

Скопје сега е успешна приказна и така ќе продолжи.

Реакција на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

Лисабон „под клуч“ поради ширење на делта сојот на коронавирусот

Делта сојот го затвори главниот град на португалија Лисабон, рестрикциите  завршија  утрово.

Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирусот се должат на делта сојот што за прв пат се појави во Индија.

За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини.

Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности. Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.

ВМРО-ДПМНЕ: Народот 4 години ги гледа кадрите на СДСМ донесоа само криминал, рекет и корупција

Четири години СДСМ е власт и на централно и на локално ниво. Четири години кадрите на СДСМ немаат една шајка заковано, немаат ниту еден капитален проект по кој ќе ги паметат граѓаните.

Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, тој е мрзелив и ништо од тоа што го вети не го реализира.

Ниту еден од скопските градоначалници не си ја врши работата. Диви депонии има на секаде, градот е нечист и нема нови проекти.

Општините низ цела држава се запуштени.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!

Со Почит,

Реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер