Најџел Фараж ќе го бојкотира Би-Би-Си ако не му се извини

Фараж беше прашан зошто неговата партија привлекува „расисти и екстремисти" и го критикуваа за неговиот став за имиграцијата, пренесе порталот „Политико“.

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија Реформа УК, најави дека ќе го бојкотира Би-Би-Си, обвинувајќи го јавниот сервис за пристрасност поради специјалната емисија „Време за прашања", во која беше засипан со прашања за имиграцијата, здравствената заштита и расистичките и хомофобичните забелешки на активистите.

Фараж беше прашан зошто неговата партија привлекува „расисти и екстремисти" и го критикуваа за неговиот став за имиграцијата, пренесе порталот „Политико“.

Потоа на платформата Икс напиша дека публиката била „местена" и наведе дека одбива да се појави во емисијата „Недела со Лора Кунсберг" освен ако Би-Би-Си не се извини.

Фараж исто така рече дека Би-Би-Си "се однесувал како политички актер за време на сите избори“.

- Реформа (УК) ќе води енергична кампања за укинување на таксата за лиценца, додаде тој.

Водителката на Би-Би-Си Фиона Брус рече дека публиката претставува "мешавина на сите политички чувства". /МИА

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева).

Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.

Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста.

„Бугарските пошти“ лани во мај добија кредит од државата во износ од приближно 26,5 милиони евра, по што во декември Бугарија ја извести Европската комисијата дека на претпријатието ќе му биде потребна дополнителна помош за реструктуирање.

Планот за реструктуирање опфаќа пакет мерки за рационализација на активностите на „Бугарските пошти“, оптимизирање на нејзината мрежа и намалување на трошоците. Паралелно, се превидува претпријатието да воведе дополнителни услуги, како телемедицина (обезбедување и поддршка на здравствената заштита со помош на ИКТ) и административни услуги преку неговата мрежа за потребите на други јавни субјекти.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за конкурентност Маргрете Вестагер, оваа помош ќе им овозможи на бугарските граѓани пристап до подобри универзални поштенски услуги.

- По нашата проценка, заклучивме дека планот за реструктуирање на „Бугарските пошти“ ќе обезбеди одржливост на претпријатието на подолг рок, истакна Вестагер.

Според неа, за да се ограничат можните нарушувања на конкурентноста предизвика од државната поддршка, „Бугарските пошти“ се обврзани да обезбедат пристап до својата мрежа на други оператори кои се активни во универзалните и неуниверзалните поштенски услуги.

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Изминатите 14 години на политички превирања во Велика Британија, во Кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит“, бр. 10 имаше една „фигура на стабилност“ - мачорот Лери. 

Миленичето на пет премиери би можел да го дочека и својот шести официјален сопственик, бидејќи општите избори во Обединетото Кралство се одржуваат на 4 јули.

Лери досега беше милениче на пет премиери од Конзервативната партија, а доколку анкетите се покажат точни, мачето наскоро би можело да го пречека и првиот шеф на Британската влада од Лабуристичката партија.

Со заминувањето на сегашниот премиер Риши Сунак, од Кабинетот би заминало и неговото куче, лабрадорот-ретривер Нова, што на Лери тоа „веројатно не би му пречело“, според луѓето околу „Даунинг стрит“, бр. 10. Сопругата на Сунак, Акшата Мурти изјави дека Лери и Нова имале „жестоки тепачки“ во домот.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер неодамна изјави дека неговото семејство има мачка и хрчак. Сепак, кој ќе се пресели на „Даунинг стрит“, бр. 10 - допрва ќе се види.

Јанчев: Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Општина Кавадарци ви најавува Стрит баскет натпревари во склоп на Кавадаречки стрит фест 2024!

Стрит баскетот започнува на 18 и 19 ти јули на градскиот плоштад. На турнирот предвидено е да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч . Предвидени се парични награди за најдобрите. 8000 денари за освоено прво место, 6000 денари за освоено второ место и 4000 денари за освоено трето место.

Право на учество имаат само екипи од Општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години.

Пријавувањето трае до 14 ти јули, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Лица за контакт:

Боро Ѓорѓиев

078 482 371

Дарко Цеков

078 271 180

притисни ентер