Најден жив исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Изутрината околу 6:30 часот е најден жив 62 годишниот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, кој вчера беше пријавен за исчезнат од неговиот брат. 

Ѓорѓи бил најден во блиина на железничката пруга по дојава од тетовчанец до братот Ристо.

– Откако беше објавено по медиумите дека е исчезнат брат ми, околу 21 часот ми се јави млад човек кој живее касарната и ми кажа дека смета дека го видел Ѓорѓи кај 18 часот кај железничката станица. Ми опиша како е облечен и така утврдив дека навистина го видел брат ми. Со еден сосед го баравме околу станицата до полноќ, но не го најдовме. Утринава околу 6 почнав пак да го барам. Долж пругата одев и викав по него Гоче, Гоче, па му го слушнав гласот како вика тука сум, тука сум, раскажува неговиот брат Ристо.

За причината како се изгубил Ѓорѓи, Ристо не може да утврди бидејќи од март месец поради здравствени проблеми и слабо зборува. Ристо исчезнувањето го пријави вчера во 19 часот откако 24 часа го немаше видено Ѓорѓи, па денеска во СВР Тетово известил и дека го нашол.

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски. 

Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми.

Сторителите на овие дела се уште не се спроведени пред лицето на правдата зошто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и тие кои нему му слугуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сејлс:Хезболах складира експлозивни хемикалии ширум Европа

Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. 

Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

– Зошто Хезболах би чувал амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен: Хезболах го ставил оружјето таму за да може да изврши големи терористички напади секогаш кога тој или неговите господари во Техеран сметаат дека е потребно, рече Салес.

Тој изјави дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум нитрат од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија во изминатите години и дека се сомнева дека тие ќе продолжат да чуваат материјали низ цела Европа.

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обесштетување

За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна.

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги превземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во Еуростандард Банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

– За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна. Пратеничките групи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Левица дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро можно време со коешто ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка. Во наредните денови ние како Здружение очекуваме да се дефинира текстот на законот за што Здружението бара од Владата и парламентарните групи во Собранието итно носење на законското решение со цел да се заштитат граѓаните и фирмите од понатамошни трагедии и последици кои ќе настанат не по нивна вина, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

притисни ентер