ЗабаваНајбрзиот човек на светот чека бебе со својата убава партнерка (ФОТО)Најбрзиот човек на светот, Јамајчанецот Усеин Болт (33) се пофали на социјалните мрежи со радосната вест дека тој и неговата партнерка Каси Бенет очекуваат бебе.„Кралот или кралицата доаѓа“, напиша легендата на спринтот, објавувајќи слика на бремената Каси. View this post on Instagram A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on Apr 12, 2018 at 11:04am PDT Добрата вест наскоро ја сподели и девојката на Болт на нејзините социјални мрежи. Двојката е заедно од 2014 година, а Каси Бенет е четири години помлада од Болт. View this post on Instagram Our biggest blessing... . Creative “Genius” Director: @bootlegrocstar . Photographer: Adrian “The Magician” McDonald @lexonart . Makeup: Sue “Beat God” Gregg @suethemakeupgirl . Hair: Ponytail Boss @hairbyjhade A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on Jan 23, 2020 at 2:25am PST Болт во текот на неговата кариера има освоено осум олимписки златни медали и уште 11 на светските првенства. Тој го држи светскиот рекорд на 100 (9,58) и 200 (19,19) метри. View this post on Instagram Our golden child ❤️ Coming soon... A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on Jan 23, 2020 at 2:29am PST "Секогаш велев дека сакам три деца. Пред некој ден се дружев со другарка која има три деца и беше лудо. Тогаш се прашував дали навистина сакам три деца. Но, да, јас сум сепак сигурен во тоа", изјави Болт во едно од неодамнешните интервјуа за англиските медиуми. View this post on Instagram I just want to say a KING or QUEEN is about to be HERE. @kasi.b A post shared by Usain St.Leo Bolt (@usainbolt) on Jan 23, 2020 at 2:03am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделениеОпштина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта.Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека обезбедувањето бесплатни униформи е дел од заложбите на Општината за еднакви услови за сите деца. „Училиштето треба да биде место каде што децата ќе се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Токму затоа минатата година ја воведовме оваа мерка, а продолжуваме и оваа година. Со бесплатните униформи сакаме да ги намалиме социјалните разлики, да спречиме тие да бидат причина за поделби или булинг и кај децата да го зајакнеме чувството дека сите подеднакво припаѓаат на своето училиште“, порача Герасимовски. Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави со јака и еден дуксер со патент. Општина Центар ќе продолжи со оваа мерка и во наредните учебни години, при што бесплатни униформи ќе се обезбедуваат и за новите генерации ученици. Покрај бесплатните униформи, Општина Центар и оваа година ќе обезбеди бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта, како дополнителна поддршка за семејствата и убав почеток на нивното прво училишно поглавје. Со овие мерки, Општина Центар продолжува да инвестира во образование во кое секое дете има еднаква можност, еднаков третман и услови непречено да се посвети на учењето и својот развој. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 122 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 10.08 до 16.08.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook