3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ТенисНајбогато Били Џин Кинг финале во историјата на тенисотМеѓународната тениска федерација (ИТФ) објави синоќа дека наградниот фонд на завршниот турнир на Били Џин Кинг купот ќе изнесува рекордни 9.6 милиони долари, од кои 2.4 милиони ќе освои победникот.Финалистот ќе заработи 1.44 милиони долари, поразените екипи во полуфиналните дуели ќе добијат по 900.000 долари, елиминираните во групната фаза ќе инкасираат по 480.000 долари. Завршниот турнир на Били Џин Кинг купот почнува денеска во Севиља и ќе се игра до недела. Титулата ја брани Швајцарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
СветТрамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсилаСветот повторно ги отвора рудниците.. Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар. Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на минерална суперсила. Повеќе од една милијарда долари треба да бидат обезбедени за проектот „Санта Круз“ во Аризона, а Трамп тврди дека процедурите за рударски дозволи се скратени од три до пет години на само 25 дена. Најавувајќи ги новите инвестиции, Трамп нагласи дека критичните минерали се стратешки ресурси за американската економија и безбедност – одбранбената индустрија, автомобилската индустрија и современите технологии зависат од нив. -Ги враќаме рударите назад на работа и ја потврдуваме позицијата на Америка како светска минерална суперсила. Голем дел од затворените рудници повторно ќе се активираат, а и многу нови рудници се градат. Во последните 18 месеци нашата администрација потпиша и одобри 160 договори за ископ на минерали, во вредност од 40 милијарди долари. Затоа, сега во САД се отвораат рудници на брза трака. Ова не се случило од 50-тите години на минатиот век.- Доналд Трамп – претседател на САД. Додека светските сили ги забрзуваат инвестициите во критични минерали, Македонија се уште не го користи целосно сопствениот потенцијал. Единствениот голем проект за бакар е „Иловица-Штука“, вреден над 350 милиони евра, со години е во застој. Според инвеститорот, во услови кога цената на бакарот надминува 14 илјади долари за тон, проектот може да донесе значителни економски придобивки. Според истражувањата на „Еуромакс Ресурсис“, наоѓалиштето располага со над 700 илјади тони руден концентрат и има потенцијал за годишен извоз од повеќе од 10 илјади тони бакар во период од две децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо распит на градежните вештаци продолжи судењето за пожарот во „Пулс“На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“.На местото каде што функционираше дискотеката „Пулс“ во Кочани никогаш не била дозволена пренамена од индустриски во угостителски објект, истакна денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ во судницата во затворот „Идризово“, во рамки на судењето за трагичниот пожар во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Според градежното вештачење, зоната Г10 во Кочани уште од 1998 година е исклучиво наменета за лесна индустрија и мало стопанство. Во урбанистичко-планската документација на Градот Кочани и согласно Законот за градење, на таа локација не е предвидено вршење угостителска дејност. -Според Урбанистичкиот план од 2013 година, на таа локација не била предвидена намената Б3 за големи угостителски објекти. Легалниот пат бил инвеститорот да побара измена на ДУП или да изработи проект за пренамена со сите технички и безбедносни услови. Наместо да избере една од овие две легални можности, инвеститорот се одлучува да изврши нелегална пренамена на дел од објектот, постапувајќи спротивно на ДУП-от и регулативата, рече Трпчевска Ангелковиќ. Според изнесените детали од вештачењето, објектот каде што била сместена дискотеката се состои од две згради, првата изградена во 1998 година со соодветно одобрение за деловно-производно-продажен објект и втората изградена без одобрение за градење, а легализирана во 2011 година за лесна и незагадувачка индустрија. Иако во 2012 година објектот се користел согласно намената од Деталниот урбанистички план (ДУП), истата година инвеститорот почнал дел од просторот неовластено да го користи како дискотека/кабаре. На прашањето за одговорноста на општинските служби, вештакот нагласи дека градежната инспекција имала законска обврска и овластување да интервенира, без разлика дали за објектот била издадена лиценца за работа. -Реакцијата би била преку надлежните служби. Тоа се инспекциските служби, кои доколку констатираат дека на некој објект е извршена нелегална пренамена имаат право на сопственикот да му наложат да го врати објектот во првобитната состојба, појасни вештакот- Душица Трпчевска Ангелковиќ. .На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, изјави дека градежното вештачење недвосмислено покажало дека во „Пулс", системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале и не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Со сослушувањето на вештакот завршува изведувањето на доказите од страна на Обвинителството во овој судски процес, кој го води судијката Дијана Груевска-Илиевска со тим од 15 јавни обвинители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Македонија Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договорДа ги учиме лекциите од минатото, но да се фокусираме на иднината на државата, без нови етнички линии, туку вистинско инклузивно општество. Ова беа дел од пораките на денешните панел дискусии со кои почна одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, правата на заедниците се трајни и никој не треба да ги преспитува, а следните 25 години мораме да ги насочиме кон одговорност, квалитет и резултати. Борбата со корупцијата нема етничка припадност, посочи тој. Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати, со порака дека отворениот и конструктивен дијалог е неопходен за создавање нова култура на политички и општествени односи. -Заштитата на правата не треба да значи дека ние како нација бесконечно ќе создаваме нови етнички линии во нашите институции или во нашето општество. Сметам јас лично дека ние како држава сме созреале да имаме капацитет да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество, којшто е насочено пред се на предизвиците на 21 век. Моја најголема грижа од политичка гледна точка е дека во нашето општетсво се уште постојат поединци и политички партии коишто се обидуваат да се наметнат како сопственици на една заедница по етничка линија, како само тие да штитат права не една етничка заедница и се грижат за меѓуетничките релации што постојат во државата и тоа е најопасната теза, изјави Муцунски. -Таквиот отворен и конструктивен дијалог би бил силна порака до јавноста и темел за градење на нашите внатрешни капацитети за нова култура на политички и општествен дијалог, изјави Ферати. За лидерите на ВРЕДИ и градоначалници на Тетово и Чаир, Касами и Меџити, спроведувањето на Охрдискиот рамковен договор мора да продолжи, но потребна е поголема функционална децентрализација која придонесува за мултиетничкото општество и соживотот. -После 25 години ме е доволно да кажеме дека децентрализацијата е важна, мора да прифатиме дека процесот страгнирал и дека неколку начела од Охрдискиот договор се уште чекаат на целосна имплементација. Потребно ние ново партнерство меѓу централната и локалната власт, изјави Касами. -Ние влеговме во нова фаза од административни механизми кон законски и институционални гаранции. Најзначаен пример е правичната застапеност. Години по ред ова начело се спроведуваше преку административните механизми, а денес целта е тој да се уреди со посебен закон и да претставува јасна обврска за државните институции, изјави Меџити. Одбележувањето на јубилејот продолжува и утре во 19 и 30 часот на Камениот мост во Скопје. ДУИ, пак, за утре попладне закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook