Најавено зголемување на пензиите, се уште не се знае моделот - Канал 5

Најавено зголемување на пензиите, се уште не се знае моделот

 За почетокот на март е договорена нова средба на владини претставници и Здруженијата на пензионери за менување на методологијата за усогласување и пораст на пензиите со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок.

Најавено зголемување на пензиите, се уште не се знае моделот

На првата средба во февруари беше договорено дека е потребна промена со цел пензиите да можат да растат, но, не беше прецизирано колкав би бил порастот и како би се дошло до него. Затоа сега не може да се процени товарот што порастот на пензиите би го направил врз пензискиот фонд. Властите се децидни дека тој е стабилен и оти нема да се одлучат за модел кој за година, две би го преоптоварил, но, експертите апелираат на внимателност, за да не се влоши неговата финсиска ликвидност по стабилизацијата по последните реформи.

Од Министерството за труд и социјална политика за МИА велат дека по одржаната прва средба со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери, биле дадени неколку предлози за промени во методологијата за усогласување на пензиите и оти анализата е во тек.

-Анализата на дадените предлози која се врши од страна на економските ресори на Владата е во тек и очекуваме наскоро да се одржи повторна средба на која ќе бидат презентирани проекциите на предлозите од двете страни. Целта на сите засегнати страни во дијалогот е да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе раст на пензиите на долг рок, нагласуваат од МТСП.

Во моментов, според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија од јануари 2022 во земјава има вкупно 326.841 корисник на пензија. Од нив старосна пензија добиваат 220.831 корисник, семејна пензија 75.249 корисници, инвалидска пензија 29.736 корисници, воена 952 и земјоделска пензија 37 лица.

Според податоците од Фондот, највисока пензија во моментов изнесува 59.674 денари, а најниската пензија е 10.791 денари. Најголем број 20.809 корисници на пензија земаат од 20.000 до 22.000 денари.

Во однос на движењето на дефицитот на средства во Фондот за ПИОМ за исплата на пензии, односно колкав е процентот и износот на средства кои ги добива од државниот Буџет во периодот од 2017 до 2022 година, од податоците на Фондот може да се види дека во 2017 година трансферот од централниот буџет бил 28.461,150.000 денари или 43,67 отсто, во 2018 година 29.399,000.000 денари или 42,83 проценти, во 2019 година изнесувал 28.103,110.000 денари односно 38,30 проценти.

Во 2020 година, пак, трансфер од централниот буџет кон пензискиот Фонд бил 30.911,000.000 денари, односно 39,72 проценти, а во 2021 година 30.626,000.000 денари односно 37,97 проценти. Во 2022 година е проектиран односно планиран трансфер 29.658,000.000 денари или 35,66 проценти.

-Во овој трансфер на средства што Фондот на ПИОСМ ги добива од Централниот буџет влегуваат и транзициските трошоци што Фондот ги префрла кон приватните пензиски фондови. Во приватните фондови членуваат над 550 илјади осигуреници, а Фондот на ПИОСМ кон нив префрла 6 од 18,8 проценти пензиски придонес. Тоа се проектирани трошоци кои државата се обврзала да ги покрива кога го дизајнирала тростолбниот пензиски систем во 2003 година. Дополнително, Фондот го плаќа здравственото осигурување на пензионерите, што е 10 отсто од вкупните расходи на ПИОСМ. Преку овој трансфер, со поддршка од централниот буџет се исплаќаат и поповолните пензии и гарантираната минимална пензија од 10 791 денари, појаснуваат од Фондот за МИА.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance think" велат дека е потребна особена внимателност при договорањето на методологијата за пораст на пензиите, затоа што, според нив по драматичниот раст на пензискиот дефицит во периодиот од 2010 до 2018 поради, како што нагласуваат, популистичките мерки за пораст на пензиите, системот се стабилизирал со реформата од 2019 година и тоа го илустрираат со графикон со податоци со кои располагаат.

Според нивните анализи, во 2010 година пензискиот фонд имал дефицит од 35 отсто средства потребни за исплата на пензиите кои ги покрива државата од централниот Буџет. Процентот пораснат на 43 отсто во 2014 година, и на максимални 44 отсто во 2017 година. Потоа почнува опаѓање на дефицитот и намалување на дупката во пензискиот фонд за во 2021 да изнесува 39 отсто, средства кои мора да се издвојат од државниот Буџет за навремена исплата на пензиите. Доколу реформата не би била направена во 2019, сега буџетскиот дефицит би изнесувал околу 42 отсто од Буџетот.

Со законските измени за пензиско и инвалидско осигурување кои почнаа да се применуваат во 2019 година беше пропишано дека усогласувањето на пензиите ќе се врши два пати годишно од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на старосната пензија. Исто така, беше предложено дополнително усогласување доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 отсто. Сегашната висина на пензиите, не обезбедува достоинствени пензионерски денови, сметаат пензионерите и затоа бараат промена на моделот на усогласување.

Власта на почетокот на разговорите со пензионерите посочи дека целта е да се создаде систем според кој тие ќе имаат сигурност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од ничија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Моделот што го предложиле од пензионерските здруженија е тој да биде заснован на промена на животниот стандард и промена на просечните плати. Следната средба е закажана за почетокот на март, а дотогаш Владата треба да ги направи потребните симулации за предлозите на пензионерите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по првата средба истакна дека очекува решение да се најде максимум до 10 март, затоа што, како што нагласи, има согласност оти методолгијата за усогласување треба да се смени.

-Мислам дека на наредната средба ќе го имаме дефинирано моделот и ќе имаме заеднички став. Се радувам што и Сојузот на здруженија на пензионери и Партијата на пензионери беа солидарни кон различните категории на пензионери и добиваат различна висина на пензии. Зборувавме за различни модели кои ќе значат посолидарен начин на поддршка. Тоа што ни остана како Влада е во следниот период да направиме симулации и да видиме какви импликации ќе има тоа врз пензискиот фонд, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека пензискиот фонд е стабилен и оти има зголемени приходи минатата година, а тенденцијата, како што рече, е тој тренд да продолжи.

– Тоа осигурува дека ние може да одговориме позитивно на зголемување на пензиите. Само во јануари имаме усоглсување на пензиите од три проценти. На просечна пензија тоа е околу 478 денари во апсолутен износ. Ако останеме на истиот модел, пензионерите ќе добијат најмалку уште 500 денари во јули, но ние зборуваме за нов модел на усогласување, кој ќе понуди повеќе од тоа, изјави Битиќи, порачувајќи дека нема да направат модел кој ќе значи за две години нестабилност на пензискиот фонд.

Бенефит од зголемувањето на пензиите треба да имаат 328 илјади пензионери.

Пензионерите беа задоволни од исходот на првиот состанок и се надеваат на решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер