АвтомобилизамНајавена е премиерата на новата Киа Соренто И покрај тоа што медиумите се веќе преплавени со шпионски фотографии од новиот Соренто, не се менува планот надвор од Кина.Четвртата генерација продолжува во карактеристичен стил, сега со нова платформа. Корејскиот производител вели дека ќе ги подигне стандардите и ќе биде недостижен за ривалите во смисла на удобност и практичност. Исто така, потврдено е и доаѓањето на хибриден модел. И тој има малку врска со настапот во 2009 година, кога Киа го воведе хибридниот концепт на Соренто во Франкфурт. Четвртата генерација на Соренто премиерно ќе се претстави на почетокот на март на саемот во Женева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМоже ли собраниска блокада од ДУИ да предизвика предвремени парламентарни избори? Има ли шанси преку собраниска блокада од ДУИ да се реализира сценариото за предвремени избори? Колку е реално сценариото да се предизвикаат предвремени избори поради собраниска блокада од ДУИ? Дека се крои таков план поради последната пракса на сопартијците на Ахмети, пред неколку дена тврдеше лидерот на СДСМ Венко Филипче, но според дел од аналитичарите мали се шансите дека ова ќе биде причината за власта да распише избори пред редовниот термин. Петар Арсовски оценува дека со новиот деловник се елиминирани можностите за било каква блокада од партиите да го закочи целиот парламент, иако вели според рејтинзите токму на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ им одговараат да има избори набрзо. „Блокадата на работата на Собранието доколку стане целосна, може да биде тригер за предвремени парламентарни избори. Но, мислам дека со новите процедури кои се воведоа со ограничувањата на дискусиите итн, се уште владејачкото мнозинство има механизми со кои може да ја откочи дебатата и работата на Собранието пред да пристапи кон предвремени парламентарни избори. Но, се разбира дека може да се искористи тоа како политички тригер. Во моментов на владејачката коалиција и одговара повеќе избори бидејќи таа го држи мнозинството во свои раце.“ Во меѓувреме од владата велат дека се бара решение за евроинтеграциите како стратешка цел на државата. Во ЕУ веќе се заговара промена на начинот на проширување со нови членки и ограничување на блокадите како бугарската над македонските преговори, но Арсовски вели дека според позициите на владата уставните измени во оваа форма ќе останат неспроведени. Ова вели е непопуларно прашање за да се отвора кога мандатот на владата е во втората половина. „Да, се разбира почеток на било кој мандат е подобро време за решавање на тоа прашање отколку крајот на мандатот. Но тоа не гарантира дека прашањето ќе се реши, ниту гарантира дека ние ќе добиеме некакви поволни услови. Владата до сега има еден доста тврд став дека и е потребно некое ново решение различно од тоа што го донесе претходната влада на СДСМ. Така што, да, веројатноста за решавање на тој проблем е поголема на почеток отколку на крајот, но не е загарантирана.“ Во изминатиот период политичките партии ги кажаа ставотите за предвремени избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека неговата партија ќе прифати доколку опозицијата фрли ракавица, но од СДСМ порачаа дека иако се подготвени нема да бидат алиби на власта за да се распишат избори. ДУИ пак одговорија на повикот на премиерот и кажаа дека се за избори, додека од Вреди сметаат дека владата има ветувања и програма кои треба да продолжат да се реализираат во следниот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МетеоУХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часовиГолем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСрбин два пати летово „летал“ низ Македонија двојно побргу од дозволеното- уапсен е Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина.Вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час, и во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. За случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината. Безобѕирното и пребрзо возење сериозно го загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Возете одговорно и почитувајте ги правилата – брзината никогаш не е поважна од човечкиот живот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40