Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
Шоу бизНајавена е новата сезона на ,,Сексот и градот” ,фановите сепак разочарани (ВИДЕО)Популарната серија Сексот и градот ќе добие уште една сезона, а продукцијата сега претстави и тизер за новата сезона наречена И токму така ...Во новите епизоди ќе учествуваат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Продуцентите откриваат дека новата сезона има 10 епизоди во времетраење од по половина час. Актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи. „Не можев да не се запрашам, каде се сега? напиша Сара Џесика Паркер заедно со видеото. View this post on Instagram A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) За многу љубители на серијата, големо разочарување е што Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, нема да се појави во новата сезона. „Серијата без Саманта нема смисла“, „Саманта беше најдобриот лик“, „Обидете се да контактирате со Ким“, „Без Саманта ова ќе биде премногу лошо“, се само дел од коментарите. Ким во повеќе наврати изјави дека го оставила ликот на Саманта зад себе и не е тајна дека не се согласувала добро со своите колешки. Од продукцијата најавија дека оваа сезона ќе ги следат Кери, Миранда и Шарлот додека се преселуваат од комплицираната реалност на живот и пријателство во триесеттите во уште покомплексен живот и пријателство во педесеттите години. Инаку, серијата Сексот и градот беше премиерно прикажана во 1998 година и се прикажуваше до 2004 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две годиниСе потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци - пари во буџетот нема.Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница. Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери. Како што најавуваме со месеци - во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра. Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично. Ова не е запаметено во Македонија. Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра - двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило. Од нешто прават ништо. Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари. Работниците со минимална плата живеат полошо. Што прави Мицкоски? Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото. Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити - тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто. Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови. Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза - владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати. Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат. Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата - можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема. Не само што нема проект - нема пари за граѓаните. Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии. Дури сакаат да го национализираат вториот столб. Не ја покачија минималната плата на 600 евра. Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените - штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит. Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот. Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски. Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија. Народот ќе победи. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија.И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина. И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив. И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент. Но, ставот на Филипче не е за разбирање. Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите. Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка? Талогот на СДС и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко. При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радовиш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07