СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
2СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
КултураНаградата „Петре Прличко" за 2020 врачена на Слободан СтепановскиНа затворањето на 18 ИФАД „Стоби" 2021 синоќа на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот беше врачена и наградата „Петре Прличко" за 2020 година на актерот Слободан Степановски од битолскиот Народен театар.Во негово отсуство наградата ја прими неговата ќерка и актер Викторија Степановска-Јанкуловска од битолскиот Народен театар, а наградата и ја врачи градоначалникот Аце Коцевски.Таа синоќа беше наградена и со наградата за најдобра женска улога на 18 ИФАД „Стоби" 2021, па така прими две награди својата и на нејзиниот татко Слободан Степановски, за кој рече дека во последен момент од оправдани причини бил спречен да дојде во Велес да ја прими високата театарска награда која се доделува за значаен придонес на драмската култура во земјава. Примајќи ја наградата на својот татко актерката Викторија Степановска-Јанкуловска појасни дека навистина жали што вечертва имала можност со татко и да застанат на сцена и да ги примат наградите,бидејќи на сцена ретко застанувале како актери –партнери. -Вечерва за првпат имавме можност да застанеме на сцената како лауреати, но тој во последен момент беше спречен да дојде во Велес и да ја прими наградата. Овој текст го пишував во последен момент затоа што во последен момент излезе и ова негово недоаѓање. Да го посветиш животот на театарот, а при тоа да не си дел од оние кои секогаш велат ДА, кои ја веднат главата, кои бескомпромисно се согласуваат со секоја лудост и молчат пред авторитетите, колку и да се незаслужени, самопрогласени, не е лесно. Јас тоа добро го знам затоа што и тоа го наследив од татко ми, освен определбата да станам актерка и искрено не ми е криво ако за оваа моја како да речам „непослушност" што станав актер. Денес е ретко да имаш свое јас, а уште поголема реткост според мене е таа големина да биде препознаена. Затоа јас од свое лично и име на татко ми Ви благодарам. Неизмерно жалам што тој од оправдани причини не е овде да ја поделиме оваа сцена, да го живееме овој свечен миг да го славиме театарот. Ја пренесувам неговата искрена благодарност и желбите на оваа сцена во годините кои следат да се изредат десетици-стотици колеги кои гордо ќе ја понесат плакетата со ликот на великанот на театарот Петре Прличко. Истовремено товарот да биде добар пример за следните генерации, истакна Степановска-Јанкуловска. Во чест на овој лауреат и лауреатите на ИФАД „Стоби" 2021 беше одиграна претставата „Отело" во копродукција на Перипетија МНТ, МКД и Народниот театар од Зеница Босна и Херцеговина. Наградата која се состои од плакета „Петре Прличко" и паричен износ од 30 илјади денари беше соопштена на 6 ноември лани и требаше да биде врачена по повод 9 – ти Ноември, Денот на Општина Велес. Но поради Ковид пандемијата доделувањето на која се игра и претстава во чест на лауреатот тогаш беше одложено. За оваа награда во конкуренција имаше пет предлози: Игор Џамбазов од Македонскиот народен театар (МНТ), Слободан Степановски од Битолски театар, Магдалена Ризова-Черних од Театар Комедија, Горан Илиќ од Кумановски театар и Дубравка Киселички исто така од Кумановскиот театар. Инаку наградата „Петре Прличко" посветена на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, родум велешанец од Којник, се доделува од 2006 година и прв добитник беше Благоја Спирковски Џумерко, потоа и Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов, Александар Ѓорѓиев, Милица Стојанова ,Кирил Гравчев. Младен Крстевски и Диме Илиев кој ја доби во 2019 година. Слободан Степановски е нејзин 14 добитник. Наградата не беше доделена во 2017 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook