Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Во Македонија нема лиценцирани заловувачи на змии, и решавањето на проблемот со овие влекачи, останува на добрата волја на неколкумина вработени од Зоолошката градина од Скопје и пожарникарите. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

Законските измени со кој се предвидува укинување на економските директори на Клиниките утре ќе се најдат на маса пред министрите во Влада.

Министерството за здравство, на крајот од минатата недела ги достави до Владата, а премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека тие утре ќе се најдат на владина сецница. Измените доаѓаат откако минатата недела по превземањето на функцијата во здравство, министерот Таравари ја почна „чистката“ на директори чиј мандат истекува до крајот на месецот, за останатите потребни се законски измени. Надлежните очекуваат да се стави крај на како што велат, дулазимот, и да се рационализира трошењето на средствата.

„Мора да имаме едно лице кое ќе биде одговорно и едно лице кое ќе има обврски права, но и договорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и одговорнисте и не можевме да ја локализираме одговорноста. Сега со овој потег јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорност и утре практично ќе имаме повеќе од 100тина функционери кои што се на товар на граѓаните помалку во државата. “- изјави Христијан Мицкоски – премиер.

Министерот за здравство најави ревизија на работата на сите клиники и нови смени на диркеторските позиции, но вели доколку утврдат дека некој директор добро си ја вршел работата ќе остане на функцијата. Фокус на министерството во селдната година, според Таравари и натаму останува спојување на клинички, болниците и здравствените домови да се спојат во општа болница во секој град и дигитализација на здравството.

„Некој што се добри може ќе ги задржиме. Ќе има и ревизија се надевам во сите клиники и во сите болници. “-изјави Арбен Таравари – министер за здравство.

Таравари уште на првиот ден од превземањето на функцијата почна со разрешување на економските диркетори. Досега се разрешени десетина економски директори, а меѓу нив беше и контроверзната директорка на Токсикологија Бесија Иљази, која ги потпиша 18те спорни договри за работа. Во меѓувреме дел од клиниките добија нови медицинкси дирктори.

На Токикологија е назначен професорот Андон Чибишев, екс министерот за здравство Фатмир Меџити оди на неврологија, доктор Игор Стојковски на клиниката за онкологија, а Хасан Танер ќе биде нов дикретор на клиниката за ендокринологија потврди денеска Таравари. До петок според најавите ќе се знае кој ќе биде и нов директор на ГОБ 8ми Септември, засега неофицијално извори за Канал 5 го споменуваат името на пратеникот од ВРМО –ДПМНЕ Синиша Стојаноски.

Објавен тендер за менување на целиот систем со компресорите на Клиничкиот центар„Мајка Тереза“

Објавен е тендер за менување на целиот систем со компресорските станици на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Исто така министерот Таравари вети дека ќе го разгледа и проектот што бил поднесен од директорот на „8 Септември“ Костов за реновирање на целиот хрирушки блок во „8 Септември“ и интезивната нега.

Министерот објасни дека во првите шест месеци ќе ги решава проблемите во болниците Штип и Кичево. Докторите професори од клиника ќе прегледуваат пациенти во внатерешноста со што ќе добијат награда. Но освен прегледи докторите ќе треба да ги едуцираат и нивните колеги од болниците. Таравари денеска ќе се сретне и со приватните специјализанти со цел да се надмине проблемот.

Во делот за создавање на нови кадри, Таравари најави дека ќе се види со деканот на Медицински факултет со цел да се направи стратегија како да се создаваат дефицитарни кадри како што се патолози, радиолози, анестезиолизи и педијатри.

Репортажа на Канал 5 од Мала Преспа: „Не оставивте како сирачиња“

Македонците во Албанија се уште се во шок од пописот кој не го признаваат. Според податоците бројот на нашинците таму се намалува, за сметка на големиот број Бугари, кои никогаш до сега не фигурирале таму.

Која е причината за ова? Како се заплашуваа Македонците во Албанија и која е улогата на официјална Тирана во оваа од специјалната репортажа на Александар Видиновски и снимателот Тони Стојановски.

Во видеото погледнете ја целата репортажа.

притисни ентер