Надеж за постарите : Американка оздравела од корона на 91 годишна возраст (ФОТО) - Канал 5

Надеж за постарите : Американка оздравела од корона на 91 годишна возраст (ФОТО)

Американката Женева Вуд (90) од Сиетл го победи коронавирусот и стана симбол на надеж за илјадници заразени Американци, особено повозрасните, како и на милиони од оние кои се плашат од заразата, пренесуваат американските медиуми.

Надеж за постарите : Американка оздравела од корона на 91 годишна возраст (ФОТО)

Женева се заразила со вирусот кон средината на февруари, како и многу жители во Центарот за стари лица во Сиетл.

Од 132 пензионери во домот , повеќе од шеесет проценти се разболеле, а една четвртина починала од ефектите на Ковид-19.

Нејзината внука Кејт Нејдиг изјави за Сиетл Рафин дека болеста на баба и била потврдена на 6 март. Таа завршила во Центарот за стари лица во јануари по преживеаниот мозочен удар.

Кејт вели дека не е изненадување што бабата се спасила затоа што отсекогаш била борец. Таа преку болничкото стакло испраќала пораки во кои велела дека ќе „победи“ и дека „ќе се гордее со неа“.

Кејт напиша на Фејсбук дека нејзината баба барала супа од компири додека била болна, а сега сите, вклучително и лекарите и медицински сестри, се шегуваат дека ова и помогнало да се опорави и го бараат магичниот рецепт.

Женева Вуд има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три пра правнуци. Постојано е опкружена со голема љубов, што може да биде и причината за нејзиното закрепнување, вели Неидиг и додава дека се надева дека бабата ќе биде пуштена од болница следната недела.

Пред неколку дена, иранската државна новинска агенција Ирна објави дека 103-годишна жена е излекувана во еден град на 180 километри оддалеченост од Техеран, а британските медиуми објавија за успешно заздравување на брачна двојка во Хангжу. Тој бил кинески астроном на 98 години, а неговата сопруга имала 85.

Еден од најстарите излекувани луѓе во Кина е, според италијанските медиуми, е католичкиот свештеник од Нањанг во пензија ,монсињорот Жу, кој има 98 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми, со повеќе од 12.000 поднесени барања во првите осум месеци од оваа година, според бројките од Федералната канцеларија за семејни работи и граѓанско општество (BAFzA).

Сѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори

Вкупно 12.102 барања се примени помеѓу јануари и крајот на август, објавија медиумските групи Funke и RND, повикувајќи се на портпаролка на институцијата, според новинската агенција DPA.

Тоа е повеќе од три пати повеќе од 3.879 барања поднесени во целата 2025 година. Бројот на барања, исто така, нагло се зголеми во последните месеци, повеќе од двојно од 5.862 на крајот на јуни.

Наглото зголемување доаѓа во време на зголемени безбедносни загрижености и откако новиот закон за воена служба во Германија стапи на сила на 1 јануари.

Тој се заснова на задолжителен медицински преглед за млади Германци родени во 2008 година и подоцна, со цел регрутирање волонтери за проширување на вооружените сили.

Доколку не се исполнат целите за регрутирање, парламентот може да одлучи да воведе регрутирање врз основа на потребите на војската.

Задолжителната воена служба е суспендирана од 2011 година, но сè уште постои како уставна одредба во Основниот закон на Германија. Правото на одбивање на извршување вооружена воена служба врз основа на приговор на совеста, исто така, останува на сила.

Агенцијата соопшти дека евидентира голем број погрешно поднесени апликации кои не можеле да бидат прифатени и морале да им бидат вратени на подносителите на барањето без обработка.

Ова го обвини за повторени дезинформации, вклучително и оние што се ширеле на социјалните медиуми, за тоа како треба да се поднесуваат апликациите и што треба да содржат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Полициски наредник од индиската држава Тамил Наду се држел за шипките на покривот на џип кој возел со голема брзина повеќе од 40 километри за време на потера по тројца осомничени шверцери на тутун.

Каскадерски потег на полицаец: Скокна на кров на џип- шверцери го возат 40 километри со 95 км/час (ВИДЕО)

Необичната потера се случила во недела, 27 септември, во округот Коимбаторе. Според полицијата, полицаецот се качил на возилото откако осомничените се обиделе да го возат возилото кон полицајците на патарина, објави Ројтерс.

Тие го возеле 40 километри!

Потоа џипот се оддалечил со голема брзина. Според полицијата, се движел со брзина од над 95 километри на час, додека полицаецот цело време се држел за шипките на покривот.

Потерата поминала низ неколку области пред полицајците да успеат да го сопрат џипот во близина на раскрсницата Мангалам во Тирупур. Тројцата осомничени потоа биле уапсени. Полицаецот не бил повреден.

Полицијата го запленила возилото, како и околу 250 килограми супстанца за која се сомнева дека е гутка, производ од тутун без чад чија продажба е забранета во Индија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен е „полицаецот“, кој со албанско знаме го регулираше сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)

СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот во Скопје.

Приведен е „полицаецот“, кој со албанско знаме го регулираше сообраќајот во Скопје (ВИДЕО)

Денеска (08.10.2026 година), во СВР Скопје, повикано е лицето Ш.А., сопственик на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од 07.10.2026 година, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.

Настанот беше објавен и на социјалните мрежи.

Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер