Надал : Тажен сум , изгубивме една година од животот

Рафел Надал изјави дека ако може да избере, тој повеќе би сакал да го прескокне остатокот од оваа сезона и да се подготви за следната.

„Веднаш би потпишал дека можам да се подготвам за 2021 година. Повеќе сум загрижен за следниот австралиски опен од тоа што ќе се случи оваа година, затоа што во 2020 година сезоната е практично изгубена“, рече 33-годишниот Шпанец, кој е во изолација во својот дом во Манакор, каде е заедно со 85 деца од неговата тениска академија, кои биле „заглавени“ од пандемијата.

Надал рече дека тенисот ќе има големи логистички проблеми во продолжувањето на натпреварите за време на пандемијата на „ковид-19“, поради луѓето што патуваат од држава во држава.

"Тажно е, нема да ве лажам. Се чувствувам како да изгубивме една година од животот. Кога сте на 33, 34 години, тогаш тоа е уште позначајно отколку кога сте на 20 години и имате повеќе време пред вас".

Шпанецот е загрижен дека тенисерите ќе бидат изложени на поголем ризик од повреда кога ќе се вратат на терените, откако не можеле да тренираат нормално во текот на долг временски период, што не е изненадување за Надал, со оглед на неговата долга историја на разни повреди и отсуства од теренот.

Надал призна дека тренирал на приватен терен по ублажувањето на мерките против ширењето на коронавирусот во Шпанија, но исто така бил збунет од информациите за можноста да се врати на тренинг затоа што не било јасно дали може да го стори тоа.

Шпанската влада им дозволи на професионалните спортисти да продолжат со тренинзите, но спортските терени и центрите за обука остануваат затворени, со исклучок на фудбалот и некои други спортови.

„Не ми е јасно дали треба да тренирам или не“, рече Надал, додавајќи дека не може да ги искористи објектите во својата академија заради тоа што децата таму се во изолација. „Никој не смее да влезе таму“.

Тениската сезона е прекината до најмалку 13 јули, турнирот Вимблдон е откажан, а Ролан Гарос, во кој Надал триумфираше рекордни 12 пати, е одложен до крајот на септември или почетокот на октомври.

Костадиновска-Стојчевска во Пустец: Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската

Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, го посети Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, каде што оствари средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.

Како што соопшти Министерството за култура, посетата е по повод продолжувањето на прекуграничната соработка со Албанија во рамките на програмата ИПА со проектот „Смарт4Ју2“, чија цел е да ги афирмира културните вредности што ги поседува регионот и да ги развие туристичките потенцијали на општините Битола, Пустец и Корча.

-Преку соработка во културата, ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа. Успешната реализација на заедничките проекти носи придобивки за граѓаните од двете страни на границата. Културата и културното наследство даваат идентитетско значење на луѓето од овој регион, а од економски аспект, претставуваат значаен туристички потенцијал, рече на средбата министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

На средбата со градоначалникот на Општина Пустец, Колефски, се наведува во соопштението, беше потврдена заемната заложба за зачувување на нашето културно наследство бидејќи, како што кажа Костадиновска-Стојчевска, тоа значи зачувување и на нашиот културен и национален идентитет.

- Kолефски ги најави новите планови и активности во Глобочани, а беа разменети идеи за нови проекти за унапредување на соработката преку културната размена и промоција на туристичкиот потенцијал на овој регион, со цел подобрување на економскиот развој и животниот стандард на граѓаните што живеат во Преспа. Од страна на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска беше посочено дека Министерството за култура, преку традиционалната поддршка на манифестацијата „Македонско културно лето во Пустец и во Корча“, останува партнер во заедничките заложби за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, соопшти Министерството за култура.

Директорката на Заводот и музеј од Битола, Мери Стојанова, информираше дека продолжуваат активностите што се планирани за наредниот период, за искористување на ЕУ-можностите за развој на културата и заштитата на културното наследство, и укажа на нови можности за соработка со општините Пустец и Корча.

-Проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, има буџет во вкупен износ од милион и двесте илјади евра европски неповратни средства за развивање на културните и туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, се наведува во соопштението.

Во рамките на еднодневната посета, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли.

Тухел: Пласманот на табелата не е важен во дербито со Борусија

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не смета дека дербито против Борусија Дортмунд ќе биде помалку интересно поради пласманот на двата тима во Бундеслигата.

Обично тоа е директен судир во борбата за титулата, но реалноста сега е поинаква. Шампионите заостануваат 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен, а тимот од Вестфален е четврти.

- Пласманот е таков каков што е. Но, ние имаме шанса да го освоиме „Der Klassiker“. Станува збор за емотивен натпревар кој е историски за Бундеслигата и спротиставува два големи ривали. Значи нема разлика од претходните сезони, истакна Тухел.

На дуелот на „Алијанц Арена“ домаќините ќе бидат без капитенот Мануел Нојер, кој се уште чувствува болки од повреда. Александер Павловиќ, Рафаел Гереиро и Саша Бои исто така се аут од истата причина. Сепак, Хари Кејн се враќа и ќе игра откако пред неколку дена ги пропушти пријателските дуели во Англија поради повреда.

- Во лицето на Дортмунд очекувам противник кој ќе сака да не победи. Борусија е силна во нападот, а генерално играчите претпочитаат да ја контролираат топката. Ќе биде отворен натпревар. Инаку, нашето расположение е одлично, бидејќи во последно време сме убедливи и во нападот, мирен е Тухел.

Тој одби да ги коментира информациите дека Чаби Алонсо одлучил да остане во Баер Леверкузен и следната сезона. Шпанецот беше меѓу имињата кои се поврзуваа за наследник на Тухел во Минхен.

-Не сум сигурен дека сум вистинската личност за прашањето. Ова е одлука на Чаби, прашајте го него, изјави тој.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

притисни ентер