Надал со емотивна порака објави дека не се враќа на терените, тенискиот свет во шок - Канал 5

Надал со емотивна порака објави дека не се враќа на терените, тенискиот свет во шок

Љубителите на тенисот со нетрпение го очекуваа враќањето на Рафаел Надал на теренот по неговото повлекување од Австралија опен, но за такво нешто ќе мора да почекаат уште малку.

Надал со емотивна порака објави дека не се враќа на терените, тенискиот свет во шок

Шпанецот нема да се врати на терените во Катар, иако таква можност се најавуваше.

- Би сакал да играм во Доха, каде тимот на турнирот, како и неверојатните катарски навивачи секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха каде што навистина сакав да бидам и повторно да играм по таа незаборавна победа во 2014 година. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за Лас Вегас и неверојатниот турнир во Индијан Велс - напиша Надал на мрежата Х.

Доха би бил неговиот втор турнир во годината, откако претходно беше елиминиран во второто коло на Бризбејн од Џордан Томпсон на почетокот на сезоната, но Индијан Велс очигледно ќе биде негова следна цел.

Турнирот на американско тло се игра од 15 март, па Надал нема да го гледаме барем уште еден месец. Тогаш и Новак Ѓоковиќ за прв пат ќе излезе на терен по Австралија Опен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Најмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата.

Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините.

Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

Жители на село Длабочица,  се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер