Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
2Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ТенисНадал подобар од Ферер во „шпанскиот дуел“ во Монте Карло Осумкратниот победник на турнирот во Монте Карло, Шпанецот Рафаел Надал го доби последниот четвртфинален меч од денешната програма на Мастерсот откако го совлада сонародникот Давид Ферер со 2:1 во сетови (6:4; 5:7 и 6:2).Ова воедно беше и единствениот меч што се играше во три сета. Со овој триумф Надал му се реваншираше на Ферер за ланскиот пораз на истиот турнир. Во полуфиналето Надал ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој пак беше поуспешен од Марин Чилиќ со 2:0 во сетови. Ѓоковиќ на Мастерсот во Монте Карло победи во 2013 година. Ова ќе биде 43-ти меч меѓу Ѓоковиќ и Надал. Во второто полуфинале ќе играат Томаш Бердих и Гаел Монфис. Бердих се пласира во полуфиналето откако Милош Раониќ поради повреда го предаде мечот при резултат 5:2 во гемови во првиот сет, а Монфис беше подобар од Григор Димитров со 2:0 во сетови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНајголемиот трансфер во историјата на Тотенхем, потрошени 200 мин. за само двајца фудбалериПо катастрофалната сезона во која до самиот крај се бореа за опстанок во Премиер лигата, во Тотенхем свртеа нов лист. Роберто де Зерби пристигна на тренерската позиција кон крајот на претходната сезона, а раководството на клубот летово одлучи да ги исполни неговите желби во врска со играчкиот кадар – навистина е тенка линијата меѓу „скржави“ кои никогаш не трошат и реализација на најголемиот трансфер во историјата. По потврдувањето на трансферот на португалскиот фудбалер Матеуш Фернандез (21) за 99 милиони евра,од Тотенхем“ претставија уште едно големо засилување – еден од најдобрите италијански фудбалери . Поранешниот играч на Њукасл, Сандро Тонали, стана најскапиот Италијанец во историјата, но и најскапото засилување во историјата на Тотенхем, бидејќи за него мораа да платат 108 милиони евра! Двајцата играчи од средниот ред го чинеа лондонскиот тим вкупно 207 милиони евра, па очекувањата ќе бидат огромни. Тие ќе треба да донесат „свежа крв“ во тимот на Де Зерби, со оглед на тоа што централниот дел од средниот ред беше еден од најголемите проблеми во претходната, историски лоша сезона. Според информациите, Тотенхем го направи Сандро Тонали најплатениот фудбалер во тимот. Клубот мораше длабоко да посегне во касата за да ги обезбеди речиси 17-те милиони евра што италијанскиот играч за врска ќе ги заработува на годишно ниво. Ова е јасен сигнал дека лондонскиот тим сака да игра многу позначајна улога во Премиер лигата следната сезона. Покрај двајцата играчи за врска кои веќе потпишаа договор со Тотенхем, во клубот пристигна и дефанзивецот Јан Пол ван Хеке, за кого на Брајтон му беа исплатени 60 милиони евра. Тотенхем на истиот тим ќе му го продаде талентираниот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ, но прашање е дали ќе успеат да добијат толку пари за него. Лондонскиот тим исто така потпиша договори со голманот Мартин Дубравка (поранешен член на Барнли), левиот бек Ендрју Робертсон (кој доаѓа од Ливерпул) и стоперот Маркос Сенеси (досегашен играч на Борнмут). Тројцата пристигнаа во Тотенхем без обештетување, а веројатно ќе има и дополнителни засилувања во клубот.Тагови: Премиер лигата Тотенхем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вилаХоливудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот БрачСпоред локалните медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал планираат летово, поточно целиот јули да го минат на Јадран во својата куќа на островот Брач во Хрватска. Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач, каде што ќе престојуваат во својата вила во текот на наредните недели. Според извештаите на локалните медиуми, двојката планира да остане на островот во текот на целиот јули, а можеби и до средината на август. Додека Џорџ ќе го помине времето работејќи на своите мемоари, Амал наводно има намера да се посвети на градинарство и релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРоналдо: Ова е моето последно Светско првенствоКапитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека ова Светско првенство е негово последно. Роналдо има 41 година; тој повеќе нема да настапува на Светското првенство, додека за Европското првенство (ЕУРО) останува да видиме. – Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ го дадов сето она што го имав – изјави Роналдо. Вечерва од 21 часот во европскиот судир на гигантите Португалија на Роналдо игра против актуелниот европски шампион Шпанија. – Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме овде. Ова беше убаво искуство и напредуваме од натпревар во натпревар. Невозможно е да се игра врвно на секој меч, што може да се види и од тимовите кои веќе се елиминирани. Тимот е смирен, добро трениравме и подготвени сме за многу тежок противник.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook