Надал по деветти пат на тронот во Монако - Канал 5

Надал по деветти пат на тронот во Монако

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на Мастерс турнирот во Монте Карло, откако попладнево во финале го совлада Французинот Гаел Монфилс со 2-1, по сетови 7:5, 5:7 и 6:0.

Надал по деветти пат на тронот во Монако
За Надал кој го играше јубилејното 100-то финале, ова беше деветти трофеј од Кнежеството, 68-ми во неговата кариера и прв оваа година.

Воедно, Надал стигна до 28.титула од Мастерс турнирите со што се изедначи на листата најтрофејни тенисери со првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. /МИА



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредити

Владата очекува во првиот квартал следната година гасниот интерконекрот со соседна Грција да биде готов.

Интерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредити

Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од динамиката, вели се што се реализира се прави со сопствени средства без заеми и кредити, а дополнително како што рече започната е и постапката за израдба на интреконекторот со соседна Србија, односно од страна на НОМАГас вели распишан е тендер за избор на изведувач.

Мицкоски вели парлаелно со ова работат и на рестартирање на три нови прокети – и тоа гасоводот кој треба да ги поврзе Велес со Штип, оној од Гостивар до Кичево и една отсечка ќе биде извлечена пред Тетово која ќе оди до Косово.

„Во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасоводен систем, веќе е објавен од страна на НОМАГАс интерконекторот со Србија така што сето тоа кое ние го зброуваме се реалзизира и сето тоа го правиме со сопствени средства. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За интерконекторот со Грција, вчера министерката за енергетика Сања Божновска оствари средба со НОМАГАС и претставници од грчкиот оператор на гасниот преносен систем, на која се разговарало за следните чекори во реализацијата.

Од ресорното министерство велат гасоводниот интерконектор претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Според надлежните со негова реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?

 Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер? Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е 3,5 пати поуспешна од минатата влада на СДС.

Пренџов: Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?

На денешната седница на Комисијата за финасирање и Буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој што истакна дека пратениците на СДС ги нема на седницата, ги нема Фатмир Битиќи, Ковачевски и Оливер.

„Почитувана колешке, најпрво го почитувам фактот што излеговте да зборувате на тема ребаланс на Буџет и сметам дека не е срамота тоа што кажувате 7,000, 26 милијарди, 1057 милијарди. Срамота е на тие што разбираат бројки и не се тука. Срамот не оди на вас, оди на нив. Колку можевте се обидовте од тоа што сте го слушале да кажете некоја флоскула реченица. Тие се шверцерски, душмански, тие се зборовите, ги знаеме. Но клучно прашање е каде е велепниот економист на социјалдемократскиот сојуз и вашата пратеничка група Фатмир Битиќи“ кажа Пренџов и додаде:

„Главата ни ја однесе овдека. Каде е Гордана? Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Еве ја министеркава е тука, него го нема. Лани исто беше. Каде е министерката? Зошто се крие? Зошто бега? Дојде на буџет она стаса, тој во Тајван отиде. Тој треба да дојде да каже и да го нападне буџетот ако има аргументи. Затоа ви кажувам почитувам тоа што сте излегле, но тоа не ја отсликува реалноста на макроекономијата и на финансиските текови во рамки на Буџетот на Република Македонија.“ нагласи Пренџов.

Пренџов упати прашање каде се Ковачевски, Оливер, Битиќи и останатите „економисти“ на СДС.

''Каде е Таче да каже нешто? Ковачевски беше премиер, беше министер за финансии, заменик министер за финансии го нема. Каде е Оливер? Учествуваше во изработката на 12 буџети. Го нема нешто да каже, молчи. Секогаш тоа ви го зборувам просечниот раст на економијата на БДП то, тоа е основна бројка во Буџетот и од таа бројка потоа се прави се во државата и приходи и расходи и проекции се од БДП-то бруто домашен производ. Вашиот просек е 1,1% по просек сте растеле секоја година тие 7 години 2017, до 24 односно 18та 23,1%“ нагласи Пренџов.

Пренџов истакна дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е три пати поуспешна од минатата влада на СДС.

„Да немало влада само да била економијава повеќе растела. Денес расте 35, 36, 37, 34 или 3 и пол пати повеќе. Дали е малку тоа што оваа Влада е три ипол пати поуспешна од вашата? Можеби и малку, бидејќи за овој пустош треба и повеќе и се надевам дека ќе биде во иднина и повеќе. И тука тоа да го расчистиме со деминутивот трета економија во свет. Никој не вика дека ние сме појаки од Германија, од Италија. Тоа е нормално. Правиме муабет колку расте БДПто. БДП-то ви покажува на колку добар пат сте и ние сме на добар пат. Вака да сме растеле по 3 и кусур цело време уште од 2015 од кога почнаа политичките процеси во Република Македонија на сметка на економските сега ќе сме имале БДП 30 милијарди. Затоа почитувана колешке еве се обидувам помалку бројки да зборувам повеќе да биде политички бидејќи така вие настапивте. Сублимирам, почитувам тоа што излеговте. Не се тие бројките, не е таа состојбата. Тие се флоскулите за напад. Тоа е ваше, но состојбата е сосема различна“ заклучи Пренџов.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта

Ќе најдат ли власта и опозицијата заедничка јазик за околу гласањето на дијаспората?

Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта

Во овие моменти во Собранието во тек со состанок со цел да се најде заедничка јазик меѓу партиите за ова прашање.

Пред законодавниот дом, таму е Афродита Рамос.

Афродита дали имаме ли информации за тоа како тече состанокот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер