СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
2СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
ТенисНадал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам ќе ја најдам потребната енергија Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија.Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз. -Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми. Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август. Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТони Цетински на суд поради афера со лажни потврди за Ковид Пејачот Тони Цетински се појави денеска во Загребскиот окружен суд, каде што започнува неговото судење како дел од аферата со издавање лажни сертификати за Ковид за време на пандемијата на коронавирусот. Цетински ќе ја презентира својата одбрана на суд по обвинувањата за поткуп и фалсификување документи. Според УСКОК, Цетински е обвинет дека платил сума пари преку посредник за да се внесат лажни информации за неговата вакцинација против коронавирусот во официјалниот здравствен систем, иако вакцинацијата никогаш не била извршена. Аферата со лажни сертификати за Ковид Врз основа на тие фалсификувани записи, му е издаден дигитален сертификат за Ковид од ЕУ, а обвинителството го обвинува дека го користел тој сертификат во најмалку три наврати за да ги заобиколи тогаш важечките епидемиолошки мерки и ограничувањата за движење. Оваа судска постапка е дел од обемна акција на полицијата и УСКОК, во која учествувале повеќе од стотина лица, вклучувајќи медицински работници, посредници и граѓани кои купиле сертификати. Истрагата откри сложен синџир во кој медицинските сестри и посредниците земале мито, обично во износ од 100 до 500 евра, во замена за внесување лажни информации во регистарот на вакцинирани лица. Голем противник на мерките за Ковид Додека повеќето од обвинетите во овој случај претходно се спогодија со УСКОК и прифатија условни казни или општествено корисна работа, Цетински ја отфрли можноста за спогодба. За време на пандемијата, Цетински беше препознаен од јавноста како еден од најгласните противници на епидемиолошките мерки, задолжителната вакцинација и воведувањето на Ковид-пасови. Во претходните појавувања, пејачот и неговата одбрана ги отфрлија сите обвинувања, нагласувајќи дека ги сметаат обвинувањата на обвинителството за неосновани и најавувајќи дека ќе ја докажат својата невиност во редовни судски постапки.Тагови: Тони Цетински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПо девет дена спасени двајца работници заробени во тунел во НепалДве лица беа спасени од тунел од хидроцентрала, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнати, а властите се надеваат дека дел од околу илјада лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.. Потрагата е отежната од фактот дека поплавите го промениле теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал и камења. Бројот на жртви во Непал и Тибет надмина три илјади. நேபாள பெருவெள்ளத்தின் போது நீர்மின் சுரங்கத்தில் சிக்கிய இருவர் 9 நாட்களுக்குப் பின் உயிருடன் மீட்பு.. சுரங்கத்திற்குள் இருந்து மேலும் பலரின் குரல் கேட்பதால் மீட்பு நடவடிக்கைகளை விரைவுபடுத்திய வீரர்கள்.. #Nepal | #NepalFloods | #Rescue | #PolimerNews pic.twitter.com/KpcezFpgcs — Polimer News (@polimernews) September 4, 2026 Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија за величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и СтоилковиќЕвропската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна. „Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на X. Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија. Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности. Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ. Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност. Мицкоски свесно одлучи да ги заштити. Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ. Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда, се нмаведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter