Надал нема да игра на Вимблдон, ниту на Олимпијадата

Рафаел Надал на Твитер објави дека нема да игра на Вимблдон и на Олимпијадата.

"Тоа беше тешка одлука, но морав да го слушам моето тело и ова е најдобрата одлука. Мојата главна цел е кариерата да трае и да продолжам да се борам за најголемите трофеи. Од Ролан Гарос до Вимблдон има само два недели, и нема доволно време да се опоравам. Последните два месеци беа одлични, но истовремено и голем товар за моето тело “, напиша Надал во серијата твитови.

Шпанецот, кој неодамна наполни 35 години, ги освои Барселона и Рим на турнирите на земја, каде во финалето го победи Ѓоковиќ. Но, во полуфиналето на Ролан Гарос загуби од Новак во четири сета и потоа реши да паузира.

Тој играше во полуфиналето на последниот Вимблдон во 2019 година, а тој турнир го освои во 2008 и 2010 година. На Олимпијадата 2008 година тој зеде злато во сингл конкуренција, а во 2016 година во двојки.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер