Надал ќе спарингува со Французинот Фис за австралиските турнири

Французинот Артур Фис ќе му биде спаринг партнер на Рафаел надал во академијата на шпанскиот тенисер во Кувајт од 8 до 15 декември.

„Љубезно ме покани. Ќе дадам сè од себе. Ќе се обидам да не бидам занесен од неговиот форхенд и да го искористам тоа максимално“, изјави 19-годишниот Фис.

Францускиот тенисер е 36 рангиран на АТП листата, а сезонава го освои свој прв трофеј во кариерата, триумфирајќи на турнирот во Лион.

Освојувачот на 22 грен – слем титули Надал вчера објави дека по едногодишна пауза се враќа на тениските турнири, потврдувајќи дека ќе настапи на Бризбејн Интернешнл, подготвителниот турнир за Австралија Опен.

УЕФА ќе ја казни Албанија поради политички пораки

 УЕФА објави дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија. Причината е што навивачите на „орлите“ користеа пиротехнички средства за време на пресметката со Италија во групната фаза на ЕП 2024. 

Покрај тоа, албанските навивачи кренаа плакати со политички пораки кои ги дискриминираа другите етнички групи, но главно Србите.

-Фудбалскиот празник не треба да се затемнува. Ваквите акции немаат место на стадионите. Не сакаме играта да стане катализатор на омраза. Допрва ќе разговараме за големината на санкцијата, соопшти организацијата.

Албанија и Србија имаат долгогодишен конфликт околу ситуацијата во Косово, при што контроверзноста често се прелева на спортски настани.

Следниот натпревар на Албанија е против Хрватска и ќе се игра на 19 јуни.

Одбор за акредитација на високото образование: Поништена акредитацијата

Одбор за акредитација на високото образование: Поништена акредитацијата на Проектот за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга.

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

-Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Почна со работа отворениот базен во Куманово

Почна со работа отворениот базен во рамки на спортскиот комплекс базени Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Куманово паркинг“, кој менаџира со базенот.

Базенот ќе работи секој ден од 10 до 18 часот.

- Претходно се чистеше самиот базен и неговата околина, цевките, водните пумпи, одводот, беа извршени поправки онаму каде што имаше потреба. Подготвени сме да ги примиме рекреативците, да овозможиме забава за сите генерации кои во жешките денови сакаат да се разладат. Секако дека има правила на користење и тие сите ќе мора да ги почитуваат, изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Куманово паркинг“

И оваа сезона за капачите ќе се грижат вработените-спасители на вода и медицински персонал. Цената за влезот е непроменета и изнесува 150 денари за ден.

притисни ентер