Надал го најави крајот на кариерата!

„Постојат добри изгледи ова да биде мојата последна година во професионалната кариера.“

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот Рафаел Надал повторно проговори за враќањето на теренот, а тоа ќе биде во Австралија, поточно на турнирот во Бризбејн.

И покрај тоа, легендарниот шпански тенисер откри дека следната сезона би можела да биде последна во неговата кариера.

- Има големи шанси ова да ми биде последна година... Има и шанси да играм само шест месеци. Не можам да одговорам на овие прашања во овој момент. Можам само да кажам дека ќе се вратам да се натпреварувам – изјави Надал за Sport.

Трофејниот шпански тенисер Рафаел Надал се подготвува за враќање во белиот спорт на терените на својата академија во Кувајт.

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

По повод изјавите кои деновиве ги читаме околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава.

Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции.

Од ЛДП велат дека доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“.

„Тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето - како што е Балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи“, додаваат од ЛДП.

Посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето на било каков предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение, кое ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност.

„Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата.”, истакнуваат од ЛДП.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Концерт на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото

 Џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод одбележувањето на Светскиот ден на радиото, вечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во Скопје ќе одржи концерт со почеток во 21 часот.

Настанот е во рамките на „Денови на литературата“, а концертот ќе се пренесува во живо на познатата фреквенција на „Џез ФМ“ - 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk, соопштија од тимот на радиото.

Skopje Jazz Inc. е македонска џез состав формиран 2018 година кој го сочинуваат Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Виктор Филиповски (тапани) и Горан Гешоски (бас-гитара).

Консеисао: Милан имаше шанси за нерешено, сè уште ништо не е решено

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ги искажа впечатоците по поразот од Феенорд (0:1) во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Така се добиваат натпревари - со карактер и правилен менталитет. Имавме шанси да израмниме. Сè уште ништо не е решено. Не очекува реванш на наш терен во вторник, изјави Консеисао по синоќешниот натпревар.

Реваншот ќе се одигра во Милано на „Сан Сиро“ на 18 февруари.

На другите три натпревари одиграни вчеравечер:

Бриж – Аталанта 2:1

Селтик – Баерн Минхен 1:2

Монако – Бенфика 0:1.

притисни ентер