Над 60 милиони Американци веќе гласале на изборите за претседател на САД - Канал 5

Над 60 милиони Американци веќе гласале на изборите за претседател на САД

Повеќе од 60 милиони Американци ја искористиле можноста да гласаат предвреме и да го дадат својот глас на претседателските избори во САД на 5-ти ноември.

Над 60 милиони Американци веќе гласале на изборите за претседател на САД

Според Лабораторијата за гласачки права на Универзитетот во Флорида, пет дена пред изборите, гласале 60,9 милиони гласачи.

Од тој број, нешто повеќе од 32 милиони гласале лично на избирачкото место, а околу 28 милиони гласале по пошта, пишува Гардијан.

Освен за претседателските избори, граѓаните на САД ќе гласаат и за Конгресот, а ќе избираат и третина од претставниците во Сенатот.

Вториот блок на РЕК Битола и натаму не е во функција

РЕК Битола и натаму е надвор од погон. Се работи на повторно вклучување на Блок – 2, кој единствено функционираше, а кој вчера автоматски се исклучи по пожарот во близина на ормарот за електронско управување.

Вториот блок на РЕК Битола и натаму не е во функција

Се прават и напори за реактивирање на Блок – 3 кој претходно бил искчучен, поради намалените потреби на ЕВН Хоум, додека пак Блок – 1 е во фаза на ремонт. Од ЕСМ уверуваат дека граѓаните нема да останат без струја.

-По увидот на екипите од МВР, вчера започна санацијата на ормарот за електронско управување на Блок – 2. Откако ќе заврши тој процес Блок – 2 ќе биде синхронизиран со електричната мрежа во најкус можен рок. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено, преку зголемено производство од хидроелектраните, како и преку купопродажба од МЕМО. – Велат од ЕСМ.

Според извори од полицијата за Канал 5, увидот е завршен, но истрагата е се уште во тек и се вршат разговори. Доколку има основ, ќе се поднесе и кривична пријава до обвинителството. Сомнежите на ЕСМ за можна саботажа на РЕК Битола ги дели и премиерот Мицкоски, но ќе чека истрагата да го расветли случајот.. Што се однесува до работата само на еден Блок, посочи дека бил доволен за потребите на пазарот..

-Она што е важно е дека навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници, она што е важно дека АД ЕСМ, Владата, не побараа зголемување на електричната енергија од први јули, како што тоа го правеше многу пати минатата Влада, така да продолжуваме да го поправаме сето она што е уништено, распаднато, девестатирано го затекнавме од претходната Влада.

Инаку, поради неработењето на РЕК Битола, согласно информациите, во текот на вчерашниот ден преку МЕМО, ЕСМ купило 1910 МВЧ електрична енергија. Продадени се 116 МВЧ по просечна цена од 159 евра за МВЧ, а набавени се 1794 МВЧ, по просечна цена 54 евра за МВЧ.

YouTube video

Бурна седница во Советот на Кочани, спречена физичка пресметка ВИДЕО

На денешната седница на Советот на општина Кочани дојде до обиди за физички пресметки помеѓу поедини советници, при што од пластично шише полно со вода настрада службено лице-правник вработена во Локалната самоуправа!

Бурна седница во Советот на Кочани, спречена физичка пресметка ВИДЕО

Нервозниот советник со полно пластично шише со вода ја погоди правничката дирекно во глава. На погодената жена веднаш и помогнаа дел од советниците, но советникот кој ја погоди во шише за жал не најде време ниту да ја погледне ниту пак да и се извини.

Притоа беше спречен поголем инцидент , откако интервенираа дел од другите присутни во салата.

Непосредно по драматичниот инцидент во ходникот се појавија поддржувачи на советникот Аки Акиов , а набрзо пристигнаа и полициски службеници кои земаа изјави од присутните во врска со инцидентот.

Седницата е прекината, без најава дали и кога ќе продолжи, пренесува локалната телевизија.

По седум години повторно отворен комлексот „Македонско село“ на Водно, нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“

Посетителите повторно ќе можат да отпатуваат во минатото гледајќи ги автентичните куќи и старите занаети, но и да вкусат традиционална храна на чист воздух.

По седум години повторно отворен комлексот „Македонско село“ на Водно, нов концесионер е фирмата  „Ла Тераца“

Посетителите кои ќе одлучат да го посетат Македонското село во Нерези, ќе се потсетат на животот во Македонија во минатото, но и ќе се релаксираат со вкусна храна, соби со поглед на градот и чист воздух. На отворањето на Македонско село присутен беше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека со повторното ставање во функција на овој коплекс, Скопје добива уште едно атрактивно туристичко место.

Според него, ова е дел од поширока стратегија за ревитализација на напуштени јавни простори, која постепено се реализира низ државата.Тој ги повика граѓаните, како и туристите кои престојуваат во главниот град, да го посетат комплексот и да уживаат во содржините кои ги нуди.

Македонското село кое се наоѓа на падините на Водно, доби нови концесионери, кој во следните 15 години ќе раководат со Комплексот.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски очекува со отворањето на објектот да има зголемен број на туристи во градот. До комплексот има и автобуска линија, но истата е нередовна. Очкувањата на надлежните се дека ќе се воспостави редовна автобуска линија, со доаѓањето на нов градоначалник.

Комплексот се затвори во 2019 година откако тогашниот концесионер се повлече со образложение дека „Македонско село“ било нерентабилно.

YouTube video

притисни ентер