Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка"

Неопходно е продолжување на скрининг програмите за рано откривање на ракот на дојка кои веќе две години не се спроведуваат во државава. 

Треба да се преземат и протоколите од земјите кои спроведуваат скрининг на рак на дојка и начинот на кој се справуваат со пандемијата и со раната дијагностика. Според СЗО, во земјите каде има имплементиран скрининг, морталитетот може да се намали дури до 35 проценти.

Ова вечерва го истакна претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден", Биба Додева во обраќањето на 14. Национална конференција „Справување со предизвиците во борбата со ракот на дојка" што се одржа преку zoon платформата. Мораме, посочи таа, да прифатиме како една неспорна вистина и да се обидеме да го пренесеме тоа до сите жени, дека секоја од нас е потенцијален пациент.

– Секоја од нас ја демне заканата од болеста рак на дојка. Некои жени имаат поголеми предиспозиции да бидат погодени од болеста, но шансите секоја жена да биде соочена со ваква дијагноза е огромна. И поради тоа не треба да се изолираме и повлекуваме. Ракот на дојка може да се детектира во ран стадиум. Раната детекција всушност ги спасува животите, рече Додева и укажа на потребата од воведување мултидисциплинарен пристап при лекувањето на овие пациенти.

Според неа, докторите од радиологија, од торакална хирургија, патологија и онкологија, односно сите кои се вклучени во целиот процес од детекција до третирање на ракот на дојка, мора да имаат заеднички мултидисциплинарен пристап при лекувањето на овие пациенти.

– Пред три години веќе се имплементираа нови молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка кои значат и спасување на животот односно нешто кое всушност е многу потребно за да можат тие кои се веќе заболени да го пијат тој лек, меѓутоа самата ковид пандемија ни покажа на некои дупки во нашиот систем на кои сериозно мораме да поработиме, истакна Додева.

Д-р Нино Васев од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија рече дека во поглед на лекувањето на рак на дојка во државава сме на добар пат, ги имаме 90 отсто од лековите кои се користат во најразвиените центри во светот за рак на дојка.

– Во врска со мултидисциплинарниот пристап, да не заборавиме дека во државава со рак на дојка не се занимаваат само државните институции, туку и приватните. Мораме идната година да направиме еден заеднички протокол посебно со хирурзите каде почетокот на терапијата на дојка веќе не е хирургија кај повеќе од половината од жените, туку хемотерапија. Кај 300 од 800 жени пациентки би можело да оди претходно хемотерапија, а после хирургија. Значи тоа е нешто што ќе треба да го работиме со хирурзите за поточно и поблаговремено давање на терапијата, додаде д-р Васев.

На конференцијата се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека почнале со промена во системот на увоз на лекови, нема повеќе паралелен увоз и сега постепено компаниите се враќаат на оргинаторните лекови. Тоа, посочи, за нашите пациенти значи навремен пристап, современа терапија и неограничени количии лекови.

– Сега имаме и биолошка терапија за канцер на бели дробови, цервикални канцери, дојка итн. Нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најсовремена биолошка терапија, можност за скрининг во ковид центри во земјата, има терапија за HER2 позитивен карцином на дојка, за рана метастатска болест. Тоа им дава шанса за излекување на над 200 пациентки кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојката, потоа субкутаната формулација на пациентките кои се борат со HER2 позитивен карцином на дојка, а тоа се повеќе од 100 годишно и сега терапијата ја примаат за само пет минути за разлика од интравенските инфузии кои траат со часови. Што значи водиме сметка на буквално сите аспекти, истакна Филипче.

Потенцира дека следен крупен чекор е зајакнување на системот во смисла на нови молекули кои секогаш може да се вклучат, понатаму новите модули на зрачна терапија.

– Тоа е геномското профилирање кое планираме да го воведеме. И тоа како цел пакет услуги го има насекаде во Европа. Значи ја имаме терапијата, ни недостига само профилирањето врз основа на кое ќе знаеме како терапијата да ја комбинираме, додаде Филипче.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер