Начо: Франција на Евро 2024 игра повеќе дефанзивно - Канал 5

Начо: Франција на Евро 2024 игра повеќе дефанзивно

Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Начо Фернандез ги сподели своите очекувања од полуфиналниот натпревар на Евро 2024 против Франција.

Начо: Франција на Евро 2024 игра повеќе дефанзивно

- Тие се многу силни на физички план. Исто така имаат играчи на многу високо ниво. На ова Европско првенство можеби играат повеќе одбранбено од вообичаено, но тие се тим кој може да ве спречи, кој може да ве натера во вашата зона во многу минути од натпреварот, а тоа е она што не го сакаме. Нашата идеја е да ја преземеме иницијативата во свои раце, како што направивме со другите противници на овој турнир, изјави Начо за „Marca“.

Полуфиналниот натпревар на Евро 2024 меѓу Шпанија и Франција ќе се одигра утре, 9 јули со почеток во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови

Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.

Видео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови

На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови.

Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс.

Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики.

Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти.

Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско

До 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.

Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско

Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Во пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите.

Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер