3Лишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва
МакедонијаХоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорностМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“, организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија во која покрај министерот Хоџа учествуваа претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата за животна средина и клима. На настанот присуствуваа и претставници на институциите и експерти од областа на климатските промени. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските обврски мора да се преточат во конкретни мерки и мерливи резултати. Тој ги посочи унапредувањето на националното климатско планирање, подготовката на Законот за климатска акција и јакнењето на системот за следење и известување како важни чекори кон поодговорна и поефикасна климатска политика. Хоџа нагласи дека за забрзување на климатската акција се потребни силни институции, координација, инвестиции и соодветна меѓународна поддршка. Климатската политика, истакна тој, е важна и за зелената транзиција, енергетската сигурност и одржливиот економски развој. Националниот дијалог е дел од подготовките на земјата за Конференцијата на ОН за климатски промени COP31, која ќе се одржи во Анталија, Турција, од 9 до 20 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во КавадарциГодина на големи инвестиции и развој.Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци. -Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во ЈегуновцеПоминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување. Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира. На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари. Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места. Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава. Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава. Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе. Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење. Но затоа удри по џебот на народот. Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти. Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%. Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати. А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари? После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот. Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, ЈегуновцеТагови: Јанчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрваПо документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 29.10.2026 во 14:30 часот во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва. На 29.10.2026 во 16:20 часот во с.Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода С.Б.(69) од с.Белушино затоа што при преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: дрвокрадци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter