3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
1Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
2Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
МакедонијаНацева: Неготино оди напред, се инвестира во модернизација на училишта и подобра инфраструктураПочитувани граѓани на општина Неготино,пред една година ја добив вашата доверба да ја водам нашата општина.За мене таа доверба значи пред сè одговорност. Одговорност секој ден да работиме за нашиот град, за нашите населени места, за нашите деца, за младите, за семејствата и за секој наш сограѓанин. Денес, после не повеќе од една година, сакам да направиме краток пресек. Да зборуваме за она што го реализиравме, за она што е во тек, но и за она што допрва треба да го направиме. Затоа што, отчетноста не е само да кажеме што сме ветиле. Отчетноста е да покажеме што сме направиле. И токму затоа денес пред вас стојам со резултати. Кога зборуваме за развој на една општина, инфраструктурата е основата. Затоа во изминатата година ова беше еден од нашите најголеми приоритети, улици, канализација, водовод ,тротоари и побезбеден сообраќај. Во изминатиот период реализиравме повеќе значајни инфраструктурни проекти од кои што најголем дел се преку обезбедени средства од Владата на Република Македонија. Имено преку аплицирање со проекти на првиот јавен повик, како Општина ни беа одобрени средства од 80.000.000 денари за 5 проекти кои се веќе реализирани, додека на вториот повик на Општина Неготино и беа одобрени средства од околу 160.000.000 денари за реализација на вкупно 10 проекти, или севкупно Владата во реализација на инфраструктурни проекти во општина Неготино, обезбеди средства од 240.000.000 денари. Еден од нив е реконструкцијата на улицата „29-ти ноември“, во должина од 724 метри, со инвестиција од над 28,5 милиони денари, проект финансиран со средства од Министерството за транспорт. Финишираат градежните работи за изградба на кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци со средства од Министерството за транспорт во висина од 9.300.000 денари. Интензивно се гради и кружниот тек во центарот на Неготино со средства во висина од 28.500.000 денари обезбедени од Владата на Република Македонија. Станува збор за комплексен проект со проширување на површината на која ќе биде лоциран самиот кружен тек, но и со надополнување на овој простор со нови и модерни содржини. Во најскоро време, започнуваме со градежни работи за реконструкција на градскиот плоштад во Неготино, кој што е проект со вредност од 38.000.000 денари обезбедени од Владата на Република Македонија. Со средства од Владата од 26.500.000 денари, започнавме со изведување на градежни работи за реконструкција со рехабилитација на главната улица во градот Маршал Тито, а се прават последните подготовки за започнување на проектот за комплетна реконструкција на улица Ленинова со средства од 19.500.000 денари. Паралелно, се врши реконструкција на тротоарите на двете наајфреквентни улици, Маршал Тито и Партизанска до кружниот тек со средства од Владата во висина од 7.500.000 денари Се изврши и реконструкција на тротоарите од двете страни на улица Ставре Ставрев со средства од Буџетот на општина Неготино Но работевме и надвор од градот. Во Тремник реконструиравме и асфалтиравме улица во должина од 832 метри, со инвестиција од над 8,6 милиони денари обезбедени од Министерството за транспорт. Во Долни Дисан, Горни Дисан и Вешје работевме на реконструкција на патниот правец во должина од 1.800 метри, со инвестиција од над 16,7 милиони денари обезбедени од Владата на Република Македонија. А продолживме и со реконструкција на уште една улица во Криволак, со инвестиција од над 2,7 милиони денари - средства од обезбедени од македонската Влада Со средства во висина од над 3 милион денари од Владата на Република Македонија, ги завршивме градежните работи за комплетна реконструкција на улица во Долни Дисан (Домородско маало ) во должина од 370 метри. Асфалтиравме улица во Војшанци во должина од 576 метри со 4 краци и вредност на проектот од близу 5 милиони денари и со средства обезбедени од Владата Со финансиска поддршка од Владата од 3.000.000 денари извршивме градежни активности за комплетна реконструкција на улица во село Курија во должина од 440 метри. Во урбаната заедница 5.1 работиме на изградба на две улици со комплетна инфраструктура – водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и асфалтирање. Вкупната должина е околу 280 метри, а инвестицијата е над 7,8 милиони денари буџетски средства. Ова се инвестиции кои не се само асфалт и бетон. Тие се инвестиции во подобро секојдневие. Но и во идниот развој на Неготино. Затоа работиме и на подобрување на сообраќајот.Нашата цел е јасна: побезбеден сообраќај, подобра инфраструктура. За таа цел, како и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, после 20 години Неготино доби нови и функционални семафори. Преку отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање, Општина Неготино во Индустриските зони изврши продажба на 4 градежни парцели со вкупна површина од 25.000 м2 наменети за изградба на објекти од лесна и незагадувачка индустрија и поставување на фотоволтаици. Но, градот не се гради само со улици. Градот треба да има и места каде што луѓето ќе се среќаваат. Каде што децата ќе играат, каде што семејствата ќе поминуваат време заедно. Затоа еден од проектите на кој сум,особено горда е изградба на Паркот „8-ми Ноември“. Со инвестиција од 13,3 милиони денари обезбедени од Владата, Неготино доби нов и современ јавен простор. Пешачки патеки, осветлување, клупи, летниковци, чешми, шах-маси и детски реквизити. Но најважно од сè е што денес таму гледаме деца. Ги гледаме родителите.Ги гледаме семејствата.И гледаме простор кој што живее. Тоа е вистинската вредност на еден ваков проект.Не само што сме изградиле парк, создадовме место за повеќе луѓе. И продолжуваме со уредување на јавните површини и тротоарите, затоа што сакаме Неготино да биде функционален, но и убав и пријатен град за живеење. Ако зборуваме за иднината на Неготино, тогаш мора да зборуваме за нашите деца. Образованието е инвестиција која нема рок на траење.Затоа оваа година обезбедивме 3.000 денари за секое прваче.Но нашата поддршка не завршува тука. Ги наградивме најуспешните ученици. Вкупно 45 ученици добија парични награди за постигнати резултати на државни и меѓународни натпревари. Наградени беа и 19 нивни ментори, како и првенците на генераци. Обезбедивме за најдобрите студенти финансиски средства, обезбедивме бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта, обезбедивме бесплатен оброк за деца од прво до петто одделение во основните училишта. Направивме реконструкции, доградби, доопремување на основните училишта, како во градот, така и во руралните средини, се со цел подобри услови за учениците. Во текот на летниот распуст во сите училишта во градот и населените места се изведоа активности за непречен старт на новата учебна година. Во ООУ ,,Гоце Делчев“ каде за тоа постоеја услови, наставата започна да се одвива во една смена, а во истото училиште се воведе и продолжен престој за учениците до 16:00 часот, за што постои огромен интерес Активности реализиравме и во трите клона на Детската градинка Фемо Кулаков. Затоа што сакаме секое дете кое вложува труд да знае дека тој труд е препознаен. Дека знаењето се вреднува,И дека успехот на едно дете е успех на цело Неготино. Неготино има млади со огромен потенцијал.И наша обврска е да им дадеме поддршка. Во изминатата година продолживме да ги поддржуваме спортските клубови, младите спортисти и спортските настани. Нашите млади спортисти го претставуваа Неготино и надвор од Македонија. Го поддржавме нивното учество на меѓународните Плазма спортски игри во Сплит, преку обезбедување средства за патување и за спортска опрема. Го поддржавме и спортот во нашите населени места. Во Тимјаник турнирот собра 16 екипи, со награден фонд од 200.000 денари. Во Војшанци учествуваа 14 екипи, со награден фонд од 130.000 денари. А во Неготино, продолжи и традицијата на меморијалниот „Зоран Недев Фелер куп“. За нас спортот не е само натпревар, спортот е здравје,спортот е дисциплина, спортот е другарство. И спортот е начин нашите деца да растат со вистински вредности. Но младите не ги гледаме само низ спортот.Сакаме да им создадеме можности за образование, практично искуство и работа.Затоа работиме на поврзување на образованието со локалниот бизнис-сектор.Нашата цел е младите не само да останат во Неготино, туку да имаат причина да останат. Општина која мисли на иднината мора да се грижи и за своите граѓани денес. Затоа продолживме со мерките за поддршка на семејствата. Во текот на годината доделивме преку 38 ваучери за новороденчиња, во вредност од по 7.000 денари. Вкупно 266.000 денари директна поддршка за секое семејство. Продолживме и со поддршка за повозрасните и ранливите категории граѓани преку програмите за грижа и помош. Со Буџет од околу 250.000 евра Општина Неготино и Здравствен дом го реализираме проектот ,,Еднаков пристап до здравствена грижа за возрасната популација“, градиме инклузивна и мобилна општина преку обебзедување на трицикли и велосипеди наменети за лицата со попрченост, изготвен е нацрт-план за изградба на посебна сала за венчавки во општина Неготино, обезбедуваме нови возила и опрема за подигнување на нивото на хигиената во градот и населените места. Но грижата за граѓаните се покажува и тогаш кога помошта е најпотребна. Кога на граѓаните на Гостивар им беше потребна помош, Општина Неготино донираше и им помогна. Затоа што солидарноста е вредност која треба да ја негуваме. И затоа нашата порака е едноставна: Општината мора да биде блиску до граѓанинот, да го слушне проблемот,Да го бара решението и кога може, да помогне. Почитувани граѓани, Неготино не го прават само проектите. Неготино го прават луѓето. Нашата култура, нашата традиција, спортот, манифестациите, нашите населени места.И сите оние кои секојдневно придонесуваат нашиот град да има живот.Во изминатата година продолживме да ги поддржуваме културните, спортските и општествените активности.Но денес не сакам да кажам дека сме завршиле.Не сме.Има уште многу работа.Има улици кои треба да се реконструираат.Има инфраструктура која треба да се подобри. Има сообраќајни проблеми кои треба да ги решиме. Има уште јавни простори кои треба да ги уредиме, има уште многу што треба да направиме за младите, за семејствата и за економскиот развој на општината. Но денес имаме нешто многу важно. Имаме една година работа зад нас. Имаме реализирани проекти. Имаме проекти кои се во тек.И имаме јасна визија за тоа каде сакаме да биде Неготино. Следната година продолжуваме со уште посилно темпо. Со нови инфраструктурни проекти, со подобар и побезбеден сообраќај, со инвестиции во децата и образованието, со поддршка за спортот и младите, со мерки за семејствата и со создавање услови за нови инвестиции и нови работни места. Нашата цел не е само да реализираме што повеќе проекти, нашата цел е секој проект да има смисла, да решава реален проблем, да му го олесни животот на граѓанинот и да остане како трага дека сме направиле нешто добро за нашиот град. Почитувани сограѓани, Пред една година ми ја дадовте вашата доверба. Денес ви должам отчет. Не сакам да ве убедувам со големи зборови. Сакам резултатите да зборуваат. Да зборуваат новите улици, да зборуваат парковите за деца, да зборуваат нашите деца и ученици, да зборуваат нашите спортисти, да зборуваат инвестициите. И да зборува секој граѓанин кој денес има нешто подобро отколку што имал вчера. Знам дека има уште многу работа. Но знам и дека можеме повеќе. Затоа продолжуваме. За нашиот град, за нашите населени места, за нашите млади, за нашите семејства. За Неготино. Ви благодарам за довербата. И ви благодарам што заедно го градиме нашиот град, рече Марија Нацева, градоначалник на Општина Неготино. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветКаде завршија танкерите со со руски дизел за САД?Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки.Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки, откако два од првите три танкери што го носат руското гориво ги сменија своите првични дестинации. Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, се пренасочи од својата рута кон американскиот атлантски брег и влезе во Средоземното Море, објави „Фајненшл тајмс“ (FT). Бродот е во близина на брегот на Алжир и испраќа сигнал „чекајќи инструкции“, што укажува дека сè уште не потврдил купувач или пристаниште каде што ќе го истовари својот товар. Вториот танкер, „Леруо“, кој е под знамето на Сиера Леоне и е во сопственост на компанија од Хонг Конг, ја смени својата дестинација во Бразил. Тој брод е исто така под санкции наметнати од ЕУ, Велика Британија и Канада. Регулаторните и санкциите ризикуваат да ги запрат испораките Третиот танкер, „Агиои Фанедес“, кој првично го сигнализираше Њујорк како своја дестинација, сè уште плови кон североисточниот брег на САД, но ниту тој нема потврдено пристаниште за истовар. Неговиот сопственик, грчката компанија „Истерн Медитеран Маритим“, изјави дека бродот продолжува со своето патување во исчекување на инструкции, бидејќи пристаништето каде што ќе се истовари товарот сè уште не е одредено. Мат Смит, аналитичар во „Кплер“, рече дека не би било изненадувачки ако и тој танкер го промени курсот и го напушти американското пристаниште, со оглед на претпазливоста на потенцијалните купувачи поради регулаторни, правни и санкциони ризици. Во меѓувреме, друг танкер, „Бист“, исто така плови кон американскиот атлантски брег. Овој брод натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври. Според податоците што ги цитира „Фајненшл тајмс“, првите три танкери требало да транспортираат вкупно околу 140.000 тони руски дизел. Ова се првите пратки опфатени со привремена дозвола од американските власти, издадена откако Трамп објави договор со Путин на 9 октомври за ублажување на ограничувањата за извоз на руски дизел.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00