На „Охридско лето“ концерт на славниот полски композитор Кшиштоф Пенредецки - Канал 5

На „Охридско лето“ концерт на славниот полски композитор Кшиштоф Пенредецки

Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со Полска вечер на која вљубениците во класичната музика ќе можат да уживаат во изведбите на дела на најпознатиот полски композитор, маестро Кшиштоф Пендерецки, во изведба на полски солисти на виолончело заедно со уметниците од Македонската филхармонија.

На „Охридско лето“ концерт на славниот полски композитор Кшиштоф Пенредецки
На концертот што ќе се одржи во Предворјето на „Света Софија“, како солисти ќе настапат виолончелистите Александра Лелек, Бартос Козаик и Рафал Квиатковски, под диригентска управа токму на великанот Пендерецки.

- Ова е мошне значаен настан за „Охридско лето“, оттаму што вечерашниот авторски концерт на маестро Пендерецки претставува збиднување со исклучителни уметнички вредности. Доаѓањето на најславниот жив композитор на денешницата, композиторската легенда Пендерецки, претставува реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка сцена, истакна селекторот на музичката програма на „Охридско лето“, Гордана Јосифовска – Неделкова.

Пендерецки во Македонија доаѓа по неколкугодишни преговори заради усогласување на настапот на „Охридско лето“ со неговата збиена агенда.

- Моите дела, мојата музика е изведувана во Македонија пред повеќе од 50 години, но ова е првпат лично да настапувам тука. Вечерва ќе презентирам дела од различни периоди на моето творештво, меѓу кои и музички авторски изрази конципирани врз техники што пред 50-тина години беа шокантни за уметниците, кои одбиваа да ги изведуваат. Но, тие беа дел од моите замисли да создадам сосема нов уметнички израз, рече маестро Пендереци на денешната прес-конференција.

Програмата на вечерашниот концерт содржи исклучително тешки, сложени дела за изведба, што бара максимален ангажман на уметниците.

За неговото исклучително богато музичко творештво великиот Пендерецки рече дека се должи благодарение на околностите во кои се развивал како композитор, што имал можност да учи од најдобрите професори собрани во Краков по Втората светска војна, период за кој смета дека е златниот во историјата на познатата краковска уметничка школа, време на истражувања во музиката.

Големо влијание врз неговото музичка наобразба и творештво има религијата, и тоа со мултиконфесионален пристап што е последица на мултиконфесионалноста во неговото семејство.

- Најмногу влијание да создавам дела со религиски мотиви имаше актуелната политичка ситуација во Полска во тој период, неповолните односи меѓу религијата и државата. Како млад композитор бев гневен за таквиот однос и токму како бунтовник почнав да создавам дела базирани врз религиски мотиви, појасни маестро Пендерецки.

Во богатиот творечки опус Пендерецки има напишано голем број музички дела, наменети конкретно за големи музички имиња, негови лични пријатели како што се Мстислав Ростропович, Борис Пергаменшников, Зигфрид Палм. Компонира и дела за повеќе виолончелисти, само за да може да ги спои заедно на сцената неговите пријатели уметници.

Осумдесетгодишниот композитор и диригент Пендерецки заедно со Витолд Лутославски е најзначајниот претставник на полската модернистичка и авангардна музика. Неговите дела се осмислени да дадат сосема нови изразни можности на инструментите и човековиот глас. Меѓу неговите најпознати дела се „Тажаленката за жртвите на Хирошима“, оперите „Луденските ѓаволи“ и „Убу Рекс“, вокалните композиции „Страста по Лука“ и „Полски Реквием“. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Истерувач на ѓаволот“, „Сјаење“, „Катин“. Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година.

Почетокот на концертот е закажан во редовниот фестивалски термин од 21 часот.

Еден час претходно во Малиот салон на изложбената галерија при Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена Меѓународна „Екс либрис“ изложба на која ќе бидат претставени осумдесеттина графички минијатури на 45 уметници од повеќе земји од светот, како и домашни автори.

Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија. Поставувањето на ваков вид на графичка изложба од меѓународен карактер е од огромно значење за нашата графичка сцена имајќи предвид дека се работи за реномирани автори – графичари од Аргентина, Бразил, Индија, Словачка, Египет, Србија, Бугарија и Македонија. Добитник на Гран при на ова прво издание на Екс либрис Скопје е авторот од Бугарија, Десислав Гечев за делото „Искушение“.




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер