Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
ТехнологијаНа Месечината се најдени места, погодни за живот на луѓеПознато е дека на Месечината нема кислород и притисок, а температурите варираат од минус 173 до жешки 127 Целзиусови степени.Сепак, се чини дека тоа не е така, односно дека на нашиот природен сателит има локации кои би можеле да ни обезбедат заштита од непријателски временски услови и што потсетуваат на пријатната атмосфера во нашиот дом. Имено, научниците од Универзитетот во Калифорнија (UCLA) откриле дека на Месечината може да има локации кои постојано се во сенка и каде може да се измери температура од „пролетни“ 17 степени Целзиусови. Во нашата рана историја, луѓето користеле пештери за да се заштитат од стихиите и да се собираат таму за време на студените зимски денови. Овие слични формации на Месечината би можеле да им обезбедат на астронаутите еден вид лунарно засолниште поради топлите температури. Имено, тие јами, или кратери, може да доведат до пештери каде би можеле да престојуваат астронаутите и каде би можело да се постави база за долгорочен престој на Месечината, пишува CNN. „Луѓето еволуирале живеејќи во пештери, а ние би можеле да се вратиме во пештерите кога ќе живееме на Месечината“, рече планетарниот научник Дејвид Пејџ, кој исто така го води проектот „Diviner Lunar Radiometer Experiment“. Експериментот Дивинер е всушност инструмент на лунарниот извидувачки орбитер на НАСА (LRO) кој ги мери температурите на површината на Месечината. За разлика од површината на Месечината, која се загрева до 127 степени во текот на денот и се лади до минус 173 во текот на ноќта, овие лунарни јами во регионот Mare Tranquillitatis би можеле да бидат погодни за луѓето, односно да имаат стабилна температура која е повеќе од прифатлива за нас. Mare Tranquillitatis (латински: Sea of Silence) е името за областа на видливата страна на Месечината. Бидејќи на Месечината практично нема атмосфера, ова тело не може да ја задржи топлината што ја добива од Сонцето, ниту пак може да се заштити од него. Кога ќе дојде ден, осветлените делови од нашиот природен сателит стануваат практично блескави, а кога ќе падне ноќта, целата таа топлина се враќа во вселената и областа станува замрзната долина. Патем, денот и ноќта на Месечината траат колку 15 дена на Земјата. Поради екстремните температури на површината на Месечината, досега НАСА мораше да размислува за инсталирање комплицирани уреди за греење и ладење кога размислувале за поставување постојана база. Но, се чини дека американската вселенска агенција би можела да има еден проблем помалку во однос на планирањето на долгорочен престој на Месечината поради ова ново откритие. Со помош на лунарниот орбитар, научниците во 2009 година открија јами на Месечината и се запрашаа дали има поврзани пештери кои би можеле да се истражат или дури да се користат како засолништа. „Околу 16 од повеќе од 200 јами се веројатно срушени тунели направени од лава“, рече планетарниот научник Тајлер Хорват од UCLA. Кога ќе се урне долг, шуплив тунел налик на пештера, формиран од лава, се создава јама која може да биде влез во остатокот од пештерата. Експертите веруваат дека има најмалку две или три такви јами на Месечината кои имаат премини во пештери кои би биле совршено засолниште, бидејќи обезбедуваат одредена заштита од сончевото и космичкото зрачење и влијанието на микрометеоритите. Користејќи компјутерски модели за да ги анализираат топлинските својства на карпите со текот на времето, експертите измериле дека осветлениот дел од јамата може да задржи топлина поголема од онаа на површината - дури 300 степени Целзиусови. Таа заробена топлина може да ги подигне инаку ниските температури во блиската засенчена област и да ја одржува топлината стабилна дури и по заоѓањето на сонцето, според Science Alert. Меѓутоа, за детално да се проучат овие јами и пештери, потребни се дополнителни теренски истражувања. НАСА планира наскоро, почнувајќи од декември 2022 година, да испрати роботи на Месечината, односно мобилни уреди кои ќе ја мапираат површината на Месечината, спроведуваат истражувања и ќе мерат нивоа на радијација. „Еден од главните приоритети на LRO е дополнително да ги мапира температурите на површината на Месечината бидејќи со овие податоци можеме подобро да ја разбереме средината во која ќе бидат лоцирани идните мисии“, рече Ноа Петро, шеф на Лабораторијата за планетарна геологија, геофизика и геохемија на НАСА. Истражувањето, насловено Thermal and Illumination Environments of Lunar Pits and Caves: Models and Observations From the Diviner Lunar Radiometer Experiment е објавено во списанието Geophysical Research Letters.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter