ЕвропаФон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусотПланот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе биде во фоксуот на посетата на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на три дневната балканска турнеја. Европската Комисија потврди дека Лајен од 30-ти септември тргнува во посета на Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агендата, Скопје најверојатно ќе го посети на втори октомври. -Таа ќе се фокусира на следните чекори од европскиот пат на нашите партнери и на актуелниот напредок за постепена интеграција, помогнат од планот за раст за Западен Балкан. , изјави Ариана Подеста, портпаролка на ЕК. Посетата на Лајен во регионот, во чии рамки нема да ги посети Белград и Сараево поради како што појаснија изборната кампања таму, ќе се совпадне со периодот кога Европската Комисија ќе ја објави новата стратегија за проширување, предвидена за 30-ти септември. Хрватскиот европратеник и известувач за Србија, Тонино Пицула открива дека на маса се дури 12 нон пејпери, од кои до 30-ти септември треба да произлезе еден конкретен документ. -Тогаш ќе видиме дали оние најави за некои иновации во политиката на проширување, дали новите членки на ЕУ на почетокот ќе бидат лишени од правото на вето на заедничките одлучи кои се веќе донесени. Ќе бидат ли тие фиксирани во некаков конкретен предлог. Тоа нема да биде прв пат, се сеќавам на 2019-та година кога Македонија уште еднаш, поради францускиот притисок заобиколена, а потоа Комисијата по шест месеци излезе со новата методологија на преговарање со кластери, изјави Тонино Пицула, европратеник од Хрватска. Она што е сосема извесно е дека документот ќе содржи три суштински работи – постепено членство, со пристап до европскиот пазар, нова методологија и построга контрола на земјите кандидатки. Она што најмногу ги плаши поддржувачите на проширувањето е од помпезно најавуваната реформата да произлезе членство во ЕУ од втор ред. -Тоа би изгледало како „ве каниме на роденден, но не смеете да ја пробате тортата. Значи не можете некого да поканите, а да не смее ништо да каже. , изјави Сунчана Главаш, европратеничка од Хрватска. Еврокомесарката Марта Кос вчера го повтори ставот на Брисел дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени, а дека потоа очекува да биде поддржана од Бугарија во преговарачкиот процес. И додека Европската Унија ја живее најдолгата пауза без проширување од основањето, Канада преку ноќ доби отворена врата да стане првата придружна членка на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЕвропаЛе Пен потврди дека ќе ја укине финансиската помош за Украина доколку победи на изборитеМарин Ле Пен, лидерката на француската крајнодесничарска партија „Национален собир“, денеска потврди дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина доколку победи на претседателските избори следната година. Таа ја даде оваа изјава по средбата со украинскиот амбасадор во Париз, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Ле Пен изрази жалење што состојбата со француските јавни финансии не дозволува продолжување на финансиската помош за Украина, но нагласи дека Франција ќе испочитува дел од своите претходно преземени обврски. Според анкетата на агенцијата „Елаб“ (Elabe), објавена на 14 ноември, Ле Пен моментално ужива поддршка од околу 32 отсто од гласачите пред претседателските избори во 2027 година. Жан-Лик Меланшон, од крајнолевичарската партија „Непокорена Франција“, има поддршка од околу 17 отсто. Во пресрет на петтата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, партијата „Национален собир“ издаде соопштение во кое се наведува дека Франција не може да продолжи да ѝ дава финансиска помош на Украина, иако ќе ги испочитува постојните обврски. Тие вклучуваат европски заем за Украина во износ од 90 милијарди евра, донации на опрема, хуманитарна помош и поактивен дипломатски ангажман. Ле Пен ја опиша својата средба со украинскиот амбасадор во Франција, Вадим Омелченко, како срдечна. Таа изјави дека тоа била можност повторно да ја потврди својата поддршка за Украина. Нејзините изјави повторно покренаа прашања во врска со минатите врски на нејзината партија со Русија. Во 2017 година, Ле Пен се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, а нејзината партија претходно имаше земено заем од руска банка – долг што беше целосно отплатен во 2023 година. Според соопштението од партијата „Национален собир“, Ле Пен и украинскиот амбасадор воделе отворен разговор за иднината на војната. Ле Пен нагласи дека постигнувањето мир – колку и да е тешко – мора да остане приоритет за сите. Нејзините политички противници предупредуваат дека инсистирањето на брз крај на војната би можело да ја принуди Украина да прифати неповолни услови во мировниот договор. За време на денешната средба, Ле Пен побара од украинскиот амбасадор да му пренесе на претседателот Володимир Зеленски дека таа е подготвена да разговара со него во Париз или Брисел. Сепак, таа не спомна ништо за можноста да отпатува во Киев, иако Зеленски претходно ја покани да го посети украинскиот главен град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook