3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
БалканНа Крит разбиена криминална организација која злоупотребувала жениНа Крит разбиена криминална организација која злоупотребувала жени и посредувала при нелегални посвојувања.Злоупотреба на жени во ранливи категории кои ги користеле како донори на јајце клетки или сурогат мајки, измами на пациенти преку лажни ин витро, посредување при нелегални посвојувања, се делата за кои се уапсени осум лица, членови на криминална организација на грчкиот остров Крит за вршење трговија со луѓе и нелегални посвојувања, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро. Меѓу уапсените осум лица, две имале водечка улога од кои едниот е 73-годишен лекар и сопственик на приватна клиника, кој ја координирал и водел криминалната организација. Функционирале преку регрутирање жени од Крит, Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги искористат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување. Од досегашната истрага на полицијата од декември 2022 година биле регистрирани: 71 жена – донатори на јајце клетки, 98 жени – жртви на трговија со луѓе, кои биле експлоатирани како сурогат мајки, 13 случаи на незаконски процедури за добивање дете преку програма за сурогат мајчинство, четири случаи на незаконски посвојувања, 400 случаи на измама или предизвикување физичка повреда на пациентите преку лажните ин витро во 2021, 2022 и 2023 година. Според полицијата, придобивката за криминалната организација за секоја програма за сурогат мајчинство вообичаено се движела од 70.000 до 100.000 евра, од кои 70 отсто е нето добивка. Во рамките на полициската акција биле откриени 30 жени, странски државјанки, кои или биле донори на јајце клетки или се трудници во процес на сурогат мајчинство. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Погоден турски брод во Црното Море; двајца загинати, 11 повредениРоманското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 11 членови на екипажот на турскиот брод „Ројад Мамадов“, кој бил погоден од дрон, се повредени, додека две лица загинале.Во тек е спасувачка операција по инцидентот што се случи во областа југоисточно од платформата „Пескаруш“. „Службите на Министерството за внатрешни работи спроведуваат сложена мисија за спасување на екипажот на брод што потона во Црното Море. Спасени се единаесет членови на екипажот. Исто така, идентификувани се две починати лица. Хеликоптерот на Генералниот инспекторат за авијација ги евакуираше повредените со помош на витло, со цел да им се пружи итна медицинска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи. 🇷🇴 A Turkish grain ship, the Royad Mammadov, was hit by a suspected drone in the Black Sea off Romania A major fire broke out, and the vessel is at risk of sinking. The captain is injured. Thirteen crew are missing. https://t.co/m3DChLWyp1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 5, 2026 Околу 11:00 часот, службеници на граничната полиција при Крајбрежната стража добија известување од Центарот за координација на поморско пребарување и спасување (MRCC) во Констанца дека избувнал пожар на трговски брод лоциран во исклучивата економска зона на Романија, на приближно 30 наутички милји јужно од Сфанту Георге. MRCC Констанца започна операција за пребарување и спасување на лица во опасност на море, при што пловен објект на Крајбрежната стража беше одреден како координатор на активностите за пребарување и спасување на лице место. Припадници на граничната полиција, заедно со колеги од Генералниот инспекторат за воздухопловство, веднаш презедоа операција за пребарување и спасување на членовите на екипажот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Честит Меѓународен ден на учителот - на луѓето чии лекции остануваат за цел живот! Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска по повод Меѓународниот ден на учителот им додели признанија на професорите кои во изминатата година се истакнаа со својата работа, посветеност и вложување во сопствениот професионален развој. - Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија чија вредност живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. Зад нивните признанија стојат часови подготовка, постојано усовршување и искрена желба секој ученик да добие поквалитетно образование и можност да го покаже најдоброто од себе. На сите наградени им честитам од срце! Вашето знаење станува можност за младите, вашата посветеност е нивна инспирација, а вашиот личен пример ги учи што значи да се работи чесно, одговорно и со љубов – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје продолжува со поддршката за работата на професорите со конкретни дела, како и со вложувањето во образованието и во подобри услови за настава, затоа што сакаме училишта во кои учениците ќе доаѓаат со желба да учат, а наставниците ќе ја имаат поддршката што ја заслужуваат. - Во вашите училници расте иднината на Македонија. А во секој успех на вашите ученици, засекогаш останува и дел од вас. Нека ви е честит денот! – рече Ѓорѓиевски. На манифестацијата, Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до учителите, наставниците, професорите и стручните соработници, за секое пренесено знаење, за секој охрабрен ученик и за секоја вредност што ја всадуваат во младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕСМ Снабдување со топлина:Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 годинаОд 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР. Апел до потрошувачите за навремена подготовка на грејната сезона Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина. За функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални. Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија. Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на објекти без услови за испорака на топлина на следниот линк: Затворени објекти – ЕСМ Снабдување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter