Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
2Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиНа кејот на Вардар најмасовниот училишен крос во МакедонијаВо заедничка акција на Министерство за образовани и наука, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за училишен спорт, Атлетската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации денеска на кејот на реката Вардар почна најмасовниот училишен крос од независноста на Република Македонија со учество на околу 4.000 илјади учесници.Кросот свечено го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој во своето обраќање уште еднаш ја повтори заложбата на државата за унапредување на спортот меѓу најмладите. - Задоволство е кога на едно место ќе бидат огромен број на ученици кои што сакаат да спортуваат и да се натпреваруваат. Присуството на околу четири илјади ученици кои ќе се натпреваруваат меѓу себе доволно говори колку е голема желбата за спортување. АМС водејќи грижа за развој и популаризација во спортот настојува да се приближи до современите светски текови за унапредување на спортот во државата. Спортот има големо влијание врз младите луѓе, особено во нивниот правилен развој и развивање од психо-физички аспект, рече Спасески. Тој нагласи дека Агенцијата за млади и спорт настојува во спортот да вклучи што е можно поголем број ученици, а за таа цел, како стимул се воведени спортските стипендии и летни кампови. - Наша примарна цел ќе биде во следните три години да го зголемиме бројот на ученици кои ќе спортуваат, од сегашните 30.000 на преку 100.000 ученици до 2016 година. Во таа насока, воведовме 500 стипендии за млади надежни спортисти, кои во иднина треба да израснат во спортски репрезенти на државата. Истовремено, секоја година организираме летен училишен спортски камп, на кој учество ќе земат најдобрите спортски училишни екипи и најдобрите учениците поединци во индивидуалните спортови, кои во текот на седум дена ќе имаат можност да тренираат и да ги учат спортските вештини од нашите најголеми спортски ѕвезди, потенцира Спасески. На крајот од својот говор директорот на АМС ги потсети учениците дека во тек се уписите за „Спортската Академија“ за следната учебна година. - Ги повикувам сите млади и талентирани фудбалери, кошаркари, ракометари и тенисери, воопшто да не се двоумат и да се пријават. Нашата крајна цел е вистински талентираните ученици да се вклучат во Академијата и како резултат на тоа, понатаму да бидат вклучени во некој од професионалните спортски клубови и да го носат националниот дрес на Република Македонија. На крај дозволете на сите учесници на оваа најмасовна манифестација во училишниот спорт да им посакам успешни трки и преку фер-плеј да победи најдобриот, им се обрати на присутните Марјан Спасески. За најуспешните во индивидуална и екипна конкуренција организаторот на трките обезбеди медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите: Осум лица под истрагаОсум лица се осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови по вчерашната акција на полицијата и ОЈО ГОКК. Меѓу нив има и царински службеник но двајца се во бегство. Од 2024 до 2026 година, првоосомничениот криумчарел непријавени цигари, избегнувајќи царинска контрола. Според ОЈО ГОКК, во тоа му помагал и царински службеник, кој го информирал за смените и засилените контроли, овозможувајќи непречено пренесување на цигарите. На товар им се ставаат повеќе кривични дела како криумчарење, избегнување на плаќање акциза, давање и примање поткуп. Дел од истрагата се однесува и на нелегална трговија со лекови и други производи. -Првоосомничениот и третоосомничениот се осомничени дека неовластено увезувале, складирале и нуделе на продажба лекови, како и производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата. При претресите биле пронајдени поголеми количини препарати наменети за третман на дијабетес, срцеви и кардиоваскуларни заболувања. Како и антибиотици, кортикостероиди, хормонски препарати, инсулини, антикоагуланси и бензодиазепини. Пронајдени се и други производи за подобрување на сексуалната функција и потенцијата во форма на таблети, гелови, пасти, мед и чоколади.- ОЈО ГОКК Акцијата произлегла од анализата на мобилниот телефон на првоосомничениот, одземен при претрес во јануари, кога во неговиот дом биле пронајдени цигари и поголема сума пари во различни валути. Сега му се става на товар и перење пари. При вчерашните претреси кај првоосомничениот се пронајдени над 86 илјади евра и 16 златни плочки, скриени во сефови во неговиот дом, а во возилото биле пронајдени уште околу 7 илјади евра. -Со преземените дејствија е причинета штета на Буџетот на државата по основ на избегнати царински давачки, акциза и данок на додадена вредност во значителен износ. Истовремено, со неовластеното пуштање во промет на лекови и други средства за лекување без потребните одобренија, упатства и лекарски рецепт, била создадена опасност по животот и здравјето на луѓето.- ОЈО ГОКК За тројца осомничени обвинителството бара притвор, а за тројца други мерки мерки на претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook