На една недела до велигденските празници, во месарниците се уште тешко се наоѓа јагнешко месо - Канал 5

На една недела до велигденските празници, во месарниците се уште тешко се наоѓа јагнешко месо

На десетина дена пред велигденските празници, јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм, зависно од продажното место.

На една недела до велигденските празници, во месарниците се уште тешко се наоѓа јагнешко месо

Канал 5 направи обиколка во неколку месари, маркети, цените се движат од 450 до 700 денари за килограм, но во поголем дел од месарите, во моментов јагнешто месо нема. А токму сточарите изиманиов период се жалеа на ниските откупни цени, и предупредија на можноста од недостиг на домашниот пазар од јагнешко месо. Граѓаните кои ги анкетиравме велат од година во година пред празнично, цените на месото одат нагоре, па кој може ќе си дозволи и ќе купи. Во меѓувреме до крајот на месецот на сила се и владините мерки за скалестото ограничување на маржите, а граѓаните со поделени мислења, за едни цените во маректите се намалени за други не.

„Им го зимаат по 200 денари а во продавница е 600, 700 денари стварно нема смисла, он се мачи толку а прекупциве сакаат да го земат ќарот ..... “

„Месото беше 590 сега 690 јагнешкото... кој ќе се снајде да си земе живо јагне ќе му дојде поевтино...“

„400 денари и нешто е реброто, другото 500, 600 нагоре... “

„Нешто има нешто нема повеќе исто.... “

„Ништо исти се цените....“

Од министерството за економија и труд велат мерката дава одлични резулати а тоа го покажуваат и податоците на заводот за статистика. Според статистика инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март годинава споредбено со претходниот месец е пониска за 1,3% , во однос на февруари 2025 година, изнесува -1.3 % најмногу се намалиле цените нахраната и безалкохолните пијалаци.

Додека на годишно ниво март споредбено со март 2024 година бележи зголемување од 2,7 % , а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.2 %.

„Од тие податоци што ги имаме имаме дефлација 1,3 % во однос на претходниот месец и имаме намалување на процентот на трошоците за храна и пијалаци некој 3 %.... Од сите пресметки кој што ги правиме ќе видиме како понатаму одиме, дали ќе има ограничување на маржи или законски измени за транспарентност на цените..... “-изјави Марјан Ристески - зам мин. за економија и труд.

Во меѓувреме се финализира и новата просечна потрошувачка кошничка, која според Ристески ќе даде реална слика за тоа колку пари му се потребни на едно три члено семејство за да го преживее месецот. Во неа според најавите нема да се пресметуваат производи, како цигари, алкохол, луксузна храна.

Дециден е дека оваа кошничка нема да биде за политиканство туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните. А според најавите се очекува да биде презентирана идната недела. Инаку досега минимална потрошувачка кошничка пресметува ССМ, но според надлежните во неа освен основните производи, имало и цигари, нескафе, сезонско овошје, кое велат не секој месечно го конзумира, па оттука се побара ревидирање на методологијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)

Гледачите врескаа кога разбеснет бик, тежок повеќе од половина тон, скокна преку заштитната ограда за време на корида во шпанскиот град Мурсија.

Разбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)

За среќа, помеѓу луѓето во првите редови и животното имаше бетонски ѕид, па затоа немаше сериозна опасност.

Камерата снимила сè

Шестгодишниот бик по име Малакара, тежок 508 килограми, беше во арената до инцидентот. Во еден момент, тој се стрча кон матадорот.

Човекот се повлече кон дрвената ограда, а кога бикот му се приближи - тој нагло се сврте налево и скокна преку заштитната бариера.

Видеото го прикажува моментот кога животното „лета“ кон преплашените гледачи. Меѓу нив беше и човекот кој сè сними на камера. Инцидентот се случил на 20 септември, објавува Дејли Меил.

„Имавме голема среќа“

„Животното беше надвор од контрола. Имавме голема среќа што никој не беше повреден. Имаше жени и деца што седеа во таа област“, ​​рече сведокот Хуан Перез.

Видеото го покажува Малакара како продолжува да трча по работ на арената по скокот. Потоа животното било вратено во арената. Конечно, во согласност со локалната традиција за борба со бикови, било убиено.

Во официјалниот извештај се наведува дека овој бик бил шести и последен тоа попладне на коридата, и дека бил транспортиран од ранчот Лос Еспарталес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер