Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотНа дното на океанот е откриено суштество што се храни исклучиво со фосили (ФОТО)На дното на централниот дел на Арктичкиот океан, кој е покриен со мраз и далеку од кој било брег, многу е тешко да се најде извор на храна.Кога научниците во областа собираат примероци од јадрото на морското дно, тие обично извлекуваат куп кал што содржи само неколку организми видливи со голо око. Но, во 2011 година, во еден примерок проначле нешто што наликува на морска „поларна мечка“, како суштеството опишано од студентот што го забележал. „Она што изгледаше како бело крзно всушност беше дел од сунѓер. На секој квадратен километар во оваа област можете да најдете по еден сунѓер. Така, мислевме дека е голема случајност што наидовме на ова животно“, рече морскиот биолог Антје Боетиус, од Германски институт Алфред Вегенер. Кога научниците се вратиле на истото место со светла и камери во 2016 година, нашле област на врвот на изгаснат подводен вулкан кој бил речиси целосно покриен со сунѓери. Експертите биле шокирани бидејќи не знаеле што можат да јадат овие суштества, пишува National Geographic. Се испостави дека морските сунѓери се „гостат“ со фосилизираните остатоци од поранешната колонија на цевчести црви; што значи дека ова е првпат да се најде животно кое се храни со фосили. Имено, сунѓерите се многу едноставни, но успешни животни. Немаат мускули, нерви, органи. Но, тие имаат една особина која им помага да се прилагодат и да преживеат во широк опсег на средини - тие се потпираат на микроби. Тие се домаќини на различни заедници на микроби во нивните шупливи тела, како што се бактерии, микроалги и археи. Овие микроби можат значително да придонесат за метаболизмот на нивниот домаќин; што се покажало дека е случај и со овие арктички сунѓери. Повеќето сунѓери во Лангсет Риџ се бактериски сунѓери, или значителен процент од нивната микробна популација се бактерии. Се покажало дека бактериите кои ги населуваат овие сунѓери се клучни за нивната чудна исхрана. Некогаш, пред илјадници години, овие вулкански подводни планини биле активни. Ваквите хидротермални региони го олеснуваат развојот на екосистемот, дури и во темни, ладни води, што резултира со колонии на цевчести црви. Кога подморските планини станале неактивни и се изладиле, околните екосистеми изумреле, оставајќи ги зад себе нивните фосилни остатоци. И сунѓерите сега можат да се хранат со нив со помош на нивните микроби, според Science Alert. "Навистина е неверојатно што овие сунѓери користат извори на храна кои не се сварливи од други организми. Тоа го потврдуваат претходните наоди дека симбиозата со бактериите овозможува голема флексибилност во набавката на храна", вели морскиот еколог Џаспер де Гои од Универзитетот во Амстердам. Прашањето е како сунѓерите, кои се чини дека речиси воопшто не се движат, успеале да стигнат до овој „празник“ на фосилизирани црви во оваа област. Морскиот биолог Аутун Пурсер, од германскиот институт Алфред Вегенер, верува дека тие пристигнале на местото како ларви. "Има колонии на слични сунѓери во јужните норвешки води, па можно е ларвите да дошле оттаму. Некои од нив се заглавиле на врвот и неочекувано пронашле многу храна", рекол Персер. Бидејќи сунѓерите поминувале многу време хранејќи се со црви од фосилни цевки, веројатно се размножувале симбиотските бактерии за да им помогнат во варењето. Возрасните сунѓери потоа го пренеле овој високо адаптиран микробиом на следната генерација, откако „произлегле“ нови генетски идентични сунѓери од нивните тела. Сунѓерите можат да се размножуваат и сексуално, но ларвите можат да бидат однесени од морските струи, што може да биде фактор на ризик доколку живеете во негостопримлива област. Студијата наречена Giant sponge grounds of Central Arctic seamounts are associated with extinct seep life е објавена во списанието Nature Communications.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Хајди Клум повторно во топлесСлавната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“. Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето. За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување. Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00