На Џон Керју му се закануваат две години затвор - Канал 5

На Џон Керју му се закануваат две години затвор

Пензионираниот фудбалер Џон Керју би можел да оди во затвор на две години поради затајување данок, пренесуваат норвешките медиуми.

На Џон Керју му се закануваат две години затвор

По завршувањето на фудбалската кариера, Керју (43) влезе во бизнисот со недвижнини, а се испроба и како актер. Обвинителката Маријана Бендер на суд побарала затворска казна од две години и исплата на парична казна од 50.000 евра.

„Законот важи подеднакво за сите“, инсистирала обвинителката, посочувајќи дека Керју е славна личност и пример за многумина и дека таквата личност особено треба да ги следи правилата. Поранешниот фудбалер на Валенсија, Астон Вила и Вест Хем се бранел со тоа што вината ја префрлил на својот поранешен агент Пер Фолд.

"Му верував слепо. Бев убеден дека прави добра работа. Ме контролираше како да сум марионета. Сфаќам дека е глупаво што му верував толку многу. Но затоа сме овде денес", објаснил Керју на суд. . Норвежанецот е само еден од активните и пензионирани фудбалери кои имаа правни проблеми поради затајување данок. Роналдо, Меси, Ди Марија и Чаби Алонсо се дел од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Театарска сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, а следуваат и гостувања по реномирани фестивали.

Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Првото од нив е на 11 септември, кога претставата „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на 34. издание на Меѓународниот фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржува во Струмица од 8 до 13 септември 2026 година.

Шест фестивалски вечери, извонредни камерни претстави, врвни актерски остварувања и незаборавни театарски мигови ќе одбележат уште една фестивалска приказна посветена на актерот и неговата уметност. Претставата е работена по делото на Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски.

„Едмонд“ го следи вртоглавото / спирално патување на бизнисменот Едмонд Бурк и неговите кошмарни 48 часа во њујоршкото подземје, каде што барајќи возбуда и среќа, од баналноста на неговата канцеларија и монотон семеен живот завршува како убиец и подоцна како затвореник, најверојатно осуден на доживотен затвор. Богат со многу параболи, референци на Хамлет и Библијата, прошаран со несекојдневно брутален јазик и агресивни сцени, главното прашање коешто ЕДМОНД го отвора е прашањето на слободата. Што е слободата всушност? Дали потрагата по слобода прави всушност, незабележително да станеме робови на својата (потрага по) слобода. Дали откажувањето / лимитирањето на своите желби го олеснува патот кон слободата? Не случајно, мотото на ЕДМОНД е : “Внимавај што посакуваш.” Иронично, Едмонд изјавува дека е конечно слободен и среќен дури на крајот, по сите перипетии, во затвор, со крајно лимитирана слобода на движење … Во времето во коешто живееме, каде што многу лесно може да имаме се, кога се ни е достапно, кога нашето “силување” на слободата не направи најнесреќни луѓе во историјата на човештвото, ЕДМОНД на Дејвид Мемет е повеќе од потребен како можност за рефлексија на сите нас, да се запрашаме кои сме, каде одиме и какви сакаме да бидемe.

Ликот на Едмонд го игра Огнен Дранговски, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска и Маја Андоновска-Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. септември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 9. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер