3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНа денешен ден11 април 2026.1514.- Умрел италијанскиот архитект Донато Браманте. Проектирал многу згради и ја реконструирал црквата „Свети Петар“ во Ватикан. 1689.- Англискиот кралски пар Вилијам Трети Орански и Мери Втора бил крунисан, по соборувањето од престолот на последниот крал од династијата Стјуарт, Џејмс Втори, во „Славната револуција“ во 1688 година. Мери Втора била ќерка на Џејмс Втори, која ја отфрлил непопуларната таткова римокатоличка политика и силно ја поддржал Англиканската црква. Во текот на нивното владеење во Англија бил зацврстен парламентаризмот. 1755.- Роден е англискиот хирург и палеонтолог Џејмс Паркинсон, кој ја открил и опишал нервната болест на екстрапирамидалниот систем наречена според него - Паркинсонова болест. Прв го опишал apendicitis (воспалението на слепото црево) и објави повеќе дела. 1814.- По поразот во Русија, по загубената битка кај Лајпциг и по падот на Париз, францускиот цар Наполеон Бонапарта бил принуден да абдицира. Сојузничката коалиција му го доделила островот Елба, како имот, од каде што идната година се обидел повторно да ја освои власта. Со поразот кај Ватерло, конечно била запечатена неговата судбина. 1854.- Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажал и детално ја опишал болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден бил во 1788 година. 1941. - Германските трупи ги зазеле Дебар, Охрид и Струга и се споиле со италијанските единици. 1943.- На пат за Солун, надвор од селото Имера, Кожанско, Егејска Македонија, загинал Лазо Трповски, еден од најистакнатите револуционери и организатори на борбата на македонскиот народ за национална слобода и социјална правда меѓу двете светски војни и за времето на фашистичката окупација. Роден бил во селото Д'мбени, Костурско, Егејска Македонија во 1901 година. 1945.- Американските војници во Втората светска војна го ослободиле нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд. 1961.- Пред Судот во Ерусалим почнало судењето на австрискиот нацист Адолф Ајхман, шеф на Одделението во Гестапо за уништување на Евреите и за германските логори во Втората светска војна. 1977.- Умрел францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Неговата поезија ја карактеризира револт, младешки цинизам и исмејување авторитети. Напишал повеќе сценарија во француската кинематографија. Негови најпознати дела се збирките песни „Големиот пролетен бал“, „Дождот и убавото време“, „Зборови“ и други. 1985.- Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година бил прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден бил во Ѓирокастро, на 16 октомври 1908 година. 1992.- Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија бил регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК). 1994.- Во Скопје била промовирана првата еколошка публикација од популарен вид во Македонија, „Екологија“. Главен уредник беше Свето Стефановски. 1995.- Во Скопје било формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. 2005.- Умрел американскиот микробиолог Морис Хилеман. Во текот на повеќедецениската работа, Хилеман дал придонес во борбата против болестите, како што се сипаници, менингитис, воспаление на белите дробови и хепатитис. 2007.- Умрел американскиот писател Курт Вонегат. Се прославил со романот „Кланицата Пет“, а пишувал театарски пиеси, есеи и новели. Неговите романи во 60 и 70-тите години на 20 век биле некој вид патоказ на американската контракултура. 2012.- Творецот на некогаш популарниот компјутер „Комодоре 64“, Џек Трамиел умрел во Њујорк на 83-годишна возраст. Трамиел, чие вистинско име е Идек Трамиелски, бил роден во 1928 година во полскиот град Лоѓ. Откако го преживеал нацистичкиот логор „Аушвиц“, во 1947 година емигрирал во САД. Во 1954 година ја формира компанијата „Комодоре Интернешанл“, која во 1982 година го лансирала еден од првите персонални компјутери во светот „Комодоре 64“. Овој култен компјутер имал примарна меморија од 64 килобајти, читач на дискети, осумбитен микропроцесор и конектор за кетриџ, а можел и директно да се приклучи на телевизор. Напишани се околу 10.000 програми за „Комодоре 64“ во кои влегуваат и развојни апликации, канцелариски алатки и игри. Во периодот на неговото производство од 1982 до 1993 година ширум светот биле продадени над 22 милиони примероци, со што „Комдоре 64“ бил вклучен во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван компјутер на сите времиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМинистерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемијаМЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини. Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим. Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети. На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста. Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800. Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотврдена поддршката на Полска за европскиот пат на МакедонијаДенеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска. Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување. Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија. Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот. Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение. На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор ДалиКреативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата. Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе. Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство. Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз. Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин. Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Учеството на работилницата е бесплатно.Тагови: Салвадор Дали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter