Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)
2АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
ЖивотНа денешен ден6 декември 20251421.- Роден е англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од династијата Ланкастер, кој формално станал владетел во 1422 година, во осмиот месец од животот. Соборен бил во династичките борби („Војна на двете ружи“) и е убиен во мај 1471 година во лондонскиот затвор „Тауер“. 1492.- Христофер Колумбо го открил островот Хаити. 1507.- Германскиот картограф Мартин Валдземилер ја објавил првата географска карта на новиот континент на кој му било дадено името Америка. За време на изработката на новото издание на Птоломеовиот атлас тој ги прочитал писмата на Америго Веспучи од Новиот свет, во кои италијанскиот морепловец тврдел дека патот преку Атлантикот не води до Азија, туку до дотогаш непознатиот континент. Валдземилер врз основа на тие описи ја нацртал картата и на неа го ставил зборот - Америка. 1877.- Американскиот пронаоѓач Томас Едисон во Вест Оринд, во Њу Џерси, ја демонстрирал првата тонска снимка. 1917.- Собранието во Хелсинки ја прогласило независноста на Финска, која ја признала советска Русија. Финска по Наполеоновите борби потпаднала под руска власт и во 1809 година станала големо војводство во составот на Руското царство. Дотогаш таа била составен дел на Шведска. 1917.- Во сударот на францускиот брод „Мон Блан“, товарен со експлозив вклучувајќи и 5.000 тони ТНТ, со белгискиот брод „Имо“ во пристаништето на градот Халифакс во Канада, загинале повеќе од 1.500 луѓе и околу 8.000 биле ранети, а голем дел од градот бил разорен. 1921.- Велика Британија потпишала мировен договор со Ирска, според кој била воспоставена Ирска Слободна Држава (без поголем дел од Алстер - Северна Ирска) како членка на Британскиот комонвелт. 1926.- Умрел Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика "Импресија, зајдисонце", изложена во 1874 година, во Париз, дадено е името на целиот сликарски правец. 1927.- Во Ќустендил умрел Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓорѓи Пулевски, П. Гиновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов, Д. Матов, Е. Спространов и други, се појавил како значаен популаризатор на македонското народно поетско творештво. Каранов бил основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил, прво од таков вид во Бугарија. Роден бил во Кратово, на 25 јануари 1852 година. 1929.- Во Република Турција, жените биле изедначени со мажите во поглед на правото на глас. 1941.- Почнала контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, биле пробиени германските линии. Нацистичките дивизии биле прегазени или опколени, а подоцна разбиени. 1942.- Кај селото Папрадиште, Велешко, загинала младата партизанка Невена Георгиева - Дуња, која била смртно погодена од фашистички рафал. Родена била во Скопје, на 25 јули 1925 година. 1968.- Во Велес се одржале првите „Детски Рацинови средби“, манифестација во чест на ликот и делото на македонскиот поет Кочо Рацин, а покрај тоа, имала за цел да го афирмира детското литературно и ликовно творештво. 1978.- Шпанците на референдум го усвоиле новиот устав, според кој Шпанија била дефинирана како уставна монархија со парламентарна демократија. 1994.- Во Будимпешта, Унгарија, Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), го промени името во Организација за европска безбедност и соработка. 2006.- Долниот дом на австралиското собрание го усвоил законот со кој се одобрувало клонирање луѓе за терапевтски цели, кој горниот дом (сенатот) веќе одамна го усвоил. Новиот закон дозволувал производство на човечки ембриони со клонирање, заради земање матични клетки. Таа техника наводно го отворала патот за лечење дијабетес, карцином и Алцхајмерова болест. 2011.- На 52-годишна возраст починал Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика. Во 1994 година на Фолк фест - Валандово ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајчице“. Пет години бил прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди. Неколку пати ја добил наградата за интерпретација „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествувал на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната", "Дали чекаш стара мајчице", "Ќе пијам ќе лумпувам", "Свири мајсторе", "Полни бре меанџијо"... Арнаудов бил роден во Струмица на 19 август 1959 година. 2018.- На 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски. На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Србија и во Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974. Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена. Има објавено десеттина книги, а како филмски режисер има режирано четири филма. Добитник е на повеќе од дваесеттина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Георгиевски е роден во Битола на 30 мај 1937-та година. 2022.- На 87-годишна возраст пoчинa еден од најценетите македонски универзитетски професори, доктор Милош Вучидолов. Професорот Вучидолов беше тесно поврзан со сите спортски успеси на најголемите македонски спортисти уште од времето на поранешна СФРЈ, а потоа и во независна Македонија. Беше долги години спортски лекар на олимписките репрезентации на Југославија и Македонија во периодот од 1984 година до 2006 година. Покрај бројните признанија и награди кои ги доби во својот живот, беше добитник и на Државната награда „8 Септември“ за животно дело. ###Тагови: на денешен ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРакетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент. Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути. Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата. Footage from the site, and post-impact shows continuous smoke plumes rising from the upper floors of the damaged Al-Aqiq commercial tower in Riyadh as civil defense units secure the area. #SaudiArabia #Riyadh #AlAqiq @Natsecjeff https://t.co/6R01FMkTTe — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 8, 2026 Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана. Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот. Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството. Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден. Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен. Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook