Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
1Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
3Мицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаЕшалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на АрмијатаВо периодот од 20 до 23 септември 2026 година, во посета на нашата држава и Армијата за првпат престојува ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа.Целта на посетата е националните воени претставници да стекнат подобро разбирање на стратешките и оперативните аспекти на безбедноста и одбраната преку непосреден увид во безбедносните и одбранбените политики и капацитети на земјата домаќин, начинот на организација и подготвеност на силите, како и да се запознаат со културата, традицијата и обичаите на нашата земја. Денес во касарната „Илинден“ во Скопје гостите беа пречекани од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на Командата за опeрации бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Поздравувајќи ги гостите, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски ја нагласи важноста од сојузничката соработка, која е изградена врз доверба и заеднички вредности во рамките на НАТО - најмоќниот одбранбен сојуз во историјата. Притоа тој истакна дека Армијата има важна улога во придонесот кон мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата, преку своите способности и активно учество во мисиите, операциите и активностите на НАТО, поради што нашата држава е препознаена како кредибилна, ценета и почитувана членка на овој сојуз. Воените претставници беа брифирани за нашето учество во меѓународните мисии и активности во рамките на НАТО, процесот на модернизација и опремување на Армијата и капацитетите на нашиот национален ресурс АП „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа. Националните воени претставници го проследија тактичко-техничкиот збор на кој имаа можност непосредно да се запознаат со дел од вооружувањето, воената опрема и средствата со кои располага Армијата, како и со нивната намена и примена при извршувањето на редовните задачи. Воедно, тие ја проследија методско-показната вежба изведена од припадници од Баталјонот за специјални намени, Лесната пешадиска баталјонска група и Центарот за одгледување и дресура на кучиња, со што добија непосреден увид во подготвеноста и способностите на Армијата. Деканот на ешалонот на националните воени претставници, генерал-мајор Стефан Мершеноар од Република Франција, изрази искрена благодарност за гостопримството, високото ниво на организација и содржинските презентации со кои беше претставена Армијата. Тој истакна дека ваквите посети претставуваат значаен придонес кон продлабочувањето на меѓусебната доверба, зајакнувањето на сојузничката кохезија и унапредувањето на воената соработка во рамките на НАТО. Посетите на ешалоните од национални воени претставници се реализираат на ротациона основа, при што секоја година друга земја членка е домаќин на оваа активност. Ваквите посети претставуваат значајна можност за размена на искуства и најдобри практики, продлабочување на меѓусебното разбирање и зајакнување на воената соработка меѓу сојузниците. Истовремено, тие придонесуваат кон унапредување на интероперабилноста и градење на уште посилни партнерства во рамки на Алијансата. Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на АрмијатаТагови: Генералштаб на Армијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАко дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели БожиновскаДоколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните, уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. Сепак таа потсетува дека засега единствено останува мерката со намалено ДДВ за дизелот од 18 на 10% и дека Министерството за финансии ги разгледува финансиските импликации што би можело да дојдат од дополнителни мерки. Божиновска посочи и дека во моментов нема нови преговори со ОКТА за дополнителен попуст. -Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму.-Соња Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини А токму зголемените цени на нафтените деривати, според ССМ, дополнително го притискаат домашниот буџет. Септемвриската минимална синдикална кошница достигна 69.432 денари за четиричлено семејство, а со кирија надминува 84.000 денари. За еден месец е зголемена за 757 денари, а во споредба со септември лани за над 4.300. Од ССМ ја поздравуваат мерката за намалено ДДВ на дизелот, но велат дека ефектот врз семејниот буџет речиси не се чувствува, бидејќи поскапите горива веќе се прелеваат и врз транспортот, вклучително и меѓуградските автобуски билети. Решението го гледаат во што поскоро заседавање на Економско-социјалниот совет и договор за подолгорочни мерки за заштита на животниот стандард. - Да речеме Тетово-Скопје за 50 денари во еден правец се зголемени. Така да 250 денари во еден правец, во двата е 500 денари. Истото е за Куманово, истото е за Велес. Пресметајте доколку некој работи во Скопје од овие градови коишто ете гравитираат околу Скопје, а верувам дека таму се и вработени, исто така ќе видиме дека имаме и многу средношколци, имаме многу студенти коишто исто патуваат и сето тоа го дооптоварува домашниот буџет. Така да мислам дека Економско-социјалниот совет треба што побрзо да седне и да се направи една долгорочна стратегија.-Љупчо Радовски – ССМ Согласно пресметките на ССМ, во месец септември најмногу од домашниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, односно 25.259 денари, потоа следуваат облеката и обувките со речиси 6.800 денари, домувањето, струјата и гасот со над 6.300 денари, како и транспортот со нешто над 5.400 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литарОд полноќ нови цени на горивата. По само две недели дизелот повторно ќе се продава со цена повисока од 100 денари.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Новите повисоки цени регулаторна ги откри попладнево. Повеќе детали има Игор Манасиевски. Регулаторна непшто подоцна од вообиучаено ги соопшти новите цени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе областиПремиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.„Во Њујорк остварив официјална средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. На средбата беа и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа. Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави. Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи. Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност. Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата. Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања. Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет. Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина.“- Обрави Мицкоски на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook