На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

- Денеска е Меѓународен ден на студентската младина.

На денешен ден

1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработувал библиски, антички и историски теми со кои значително влијаел на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.

1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владеел во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носел од 1795 година, но вистински владеел од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследил братот Шарл X. Нивниот трет брат кралот Луј XVI бил погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција.

1788.- Роден е рускиот актер Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојувл да ги објасни тајните на актерството.

1800.- Конгресот на САД првпат се состанал во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс станал првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.

1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги открил водопадите на реката Замбези, наречени според името на англиската кралица - Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.

1858.- Умрел велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потрошил на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници биле наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“.

1869.- Свечено бил отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот бил копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесувале над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесле речиси 20.000 човечки животи.

1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го свртела текот на војната во Африка.

1913.- Првите бродови поминале низ Панамскиот Канал. Со должина од 82 километри, каналот свечено бил отворен во 1914 година.

1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер станал шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, кој во 1972 година го тргнал од престолот кралот Фарук I и монархијата во Египет.

1958.- Суданската војска ја урнала цивилната влада која траела две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада бил назначен генералот Ибрахим Абуд.

1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнале разговорите за ограничување на стратегиското вооружување.

1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев - „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. Под диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапиле Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша - Тофовиќ и Никола Гагов.

1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се вратил во земјата по 17-годишниот егзил.

1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години завршиле со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис.

1976.- Кина ја извела најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.

1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифатил поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада.

1984.- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година).

1989.- Бугарското Собрание го сменило Тодор Живков од функцијата шеф на државата.

1991.- Усвоен бил Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласило 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани со Рамковниот охридски договор.

1996.- Во Република Македонија билее одржани првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.

1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор убила 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа бил дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет.

1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификувало „Вај договорот“ со кој било предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.

2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти бил осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесол ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан во убиството.

2005.- Алберт II свечено бил устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди.

2006.- Умреш Ференц Пушкаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјатаи еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња.

2006.- Холандската Влада донесла одлука за целосна забрана за носење на бурки и шамии на јавни места со кои муслиманките го прекриваат своето лице.

2014.- По долго боледување Скопје починал писателот Александар Ежов. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век оставила силен печат во книжевниот живот. Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија бил од 1958 година. Роден бил во 1928 година во Прилеп.

2016.- Дваесет и шест храбри пливачи, пркосејќи и на вонредно солената вода, успеаја да го препливаат Мртвото Море од јорданскиот до израелскиот брег, што е прв таков потфат кога било преземен. Настанот е организиран од асоцијацијата „Еко-Пис“, а пливачите растојанието од 15 километри го препливаа за седум часа.

2017.- Во Скопје на 94 години почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941. Благојка Џалева-Ангелова, е учесник во НОБ и Антифашистичката војна и за својата активност и за изградбата на повоена Македонија е одликувана со повеќе ордени и признанија. Работниот век го помина во Агенцијата за вработување на високи раководни функции.

2020.- На 74-годишна возраст почина познатиот српски глумец со македонско потекло Иван Бекјарев. Роден е во Белград на 6 април 1946 година, каде што учел во Шестата белградска гимназија, а потоа дипломирал на Факултетот за драмски уметности. Повеќе пати учествуваше во промотивни активности на Македонскиот туризам на Белградскиот саем на туризмот. Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Неговиот татко дошол во Белград пред Втората светска војна, а мајката Радмила (по потекло од Гевгелија) дошла во Белград во 1945 година. Бекјарев има снимено повеќе од 50 филмови во поранешна Југославија, Србија, Данска, Италија и други земји. Првата голема улога ја имаше во 1967 година во филмот „Боксерите одат во рајот“. Играше голем број улоги во ТВ драми и популарни серии како „Бањица“, „Отпишани“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“ и многу други. Најголемата популарност ја стекна толкувајќи ликови во култни ТВ серии – Стеван Курчубиќ во „Подобар живот“ и Бошко Деспотовиќ во „Среќни луѓе“. Бекјарев има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, од кои околу 60 во југословенскиот драмски театар. Последната улога ја играше во филмот „Беше еднаш во Србија“ во режија на Петар Ристовски.

2020.- Во 84-годишна од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, политичар, 25 години претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник со долгогодишен стаж во Собранието. Завршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово. Остваруваше исклучително богата стопанска и политичка кариера. Од својата работна организација создаде исклучително богата компанија со разновидни дејности, почнувајќи од неметали до туризам и медиумската сфера. Со широко распространетите активности на комбинатот и посветеноста на развојот на градот и неговите жители, „Силекс“ своевремено стана добитник на највисокото признание на бившата СФРЈ – наградата АВНОЈ. Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година. Роден е во 1936 година во Трновец, Кратовско. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер