ЖивотНа денешен ден21 април753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал градот Рим. 1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал пристигнал до брегот на Бразил и го прогласил за португалски имот. 1509.- Умрел англискиот крал Хенри Седми, основач на династијата Тјудор. 1699.- Умрел францускиот писател Жан Батист Расин, кој до совршенство ја довел француската трагедија и инсистирал на психолошка анализа на човечката, главно љубовната страст. Негови најпознати дела се трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други. 1816.- Родена е Шарлота Бронте, англиска писателка. Се прославила со романот „Џејн Ејр“. Други нејзини познати дела се: „Ема“, „Професор“ и „Вилета“. Умрела во 1855 година. 1856.- Австралија е првата земја во светот која вовела осумчасовно работно време. 1918.- Во воздушна борба загинал германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвениот барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Тој во текот на војната соборил повеќе од 80 непријателски авиони. 1926.- Родена е британската принцеза Елизабета Александра Мери, од 1952 година Елизабета Втора, кралица на Велика Британија. 1946.- Во Скопје била изведена првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна. 1960.- Главниот град на Бразил бил преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија. 1967.- Оружените сили на Кралството Грција под раководство на десничарски ориентираните полковници извршиле државен удар и ги укинале сите уставни институции во земјата. Обидот на кралот да изврши противнапад не успеал, па монархот морал да ја напушти земјата. Извесно време во Грција постоело регентство, а потоа била прогласена република. 1993.- Врховниот суд на Боливија на 30 години затвор го осудил поранешниот диктатор Луис Гарсија Меса, под обвинение за убиства, грабежи, измами и непочитување на Уставот. 1994.- Во населбата Драчево, кај Скопје, била предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациска врска меѓу Република Македонија и САД. 1997.- Првите кинески војници навлегле во Хонгконг во рамките на подготовките за преминување на таа британска колонија на 1 јули 1997 година под суверенитет на Кина. 2010.- Умрел Хуан Антонио Самаран, долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). На чело на МОК бил од 1980 до 2001 година. 2014.- На Малта на 67-годишна возраст по кратко боледување починал Љупчо Самарџиски, еден од најзначајните мултимедијални уметници со меѓународно реноме, сликар, солист на контрабас и композитор. Од 1985 до 1993 година живеел во Париз, а од 1995 година на Малта. Како солист на контрабас настапувал скоро во сите земји во Европа, САД, Канада, Бразил, Мексико. Бил член на повеќе светски уметнички асоцијации вклучувајќи ги и УНЕСКО и Ф.И.А.М. Љупчо Самарџиски бил роден на 4 октомври 1947 година во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрефинето музицирање на триото „Кимера“Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади уметници за што беа наградени со бурни овации. Виолинистот Стефано Ракањи рече дека за фестивалот конципирале посебна програма и оти акустиката во храмот, како што кажа, била топла, особено за пијаното. -Репертоарот е посебно создаден за фестивалот „Охридско лето“. Ги имавме „Петте куси пиеси“ од Триото број 1 на чешкиот композитор на модерната класична музика Бохуслав Мартину. Тој пишувал долги сонати, но не и во овој случај. Пред тоа отсвиривме потрадиционална класична музика од Бетовен. Тој како млад композитор сакал да ги покаже своите способности пред публиката во Виена и затоа го создал ова Трио во Це-мол опус 1 број 3 кое е најромантично и истовремено бурно по карактер дело. Вечерта ја завршивме со славното дело на Дмитри Шостакович, Трио бр.2 напишано за време на Втората светска војна и посветено на неговиот драг пријател Иван Солертински, руски музиколог и полиглот, појасни Ракањи. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритетПоддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 годиниОтворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати. Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026. „Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра. Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица. Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице. Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговараХристијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“.... Тоа не се обични политички изјави. Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција. Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и граѓаните кои им ја дале својата доверба да ги претставуваат. Уште позагрижувачки е што тоа го прави заедно со Иван Стоилковиќ, кој отворено застапува интереси на други држави. Мицкоски мора и треба да се извини за навредите. Тоа е минимумот што им го должи на сите оние кои ги нарекуваше со погрдни имиња затоа што мислат поинаку од него или затоа што сакаат европска иднина за Македонија. За криминалот и корупцијата, меѓутоа, извинување не постои. За криминални тендери, ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, за враќањето на „Бела палата“ - имот стекнат со криминал – и за заштитата на организираната криминална група ВМРО, Мицкоски нема да се извинува. За тоа ќе одговара. Навредите може да се повлечат со извинување. Криминалот не. За криминалот следува одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook