На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

7 јануари

На денешен ден

- Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат со „Вистина се роди“.

1536.- Умре англиската кралица од шпанско потекло Катарина Арагонска, прва од шесте жени на англискиот крал Хенри Осми. Нивниот развод без дозвола од папата предизвикал англиска црковна реформа и одвојување од католичката црква.

1584.- Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоиле Грегоријанскиот календар.

1598.- На рускиот престол застана Борисл Годунов, по смртта на Фјодор Први, последниот цар од династијата Рјурикович.

1610.- Италијанскиот астроном и математичар Галилео Галилеј ги открил Јупитеровите месеци Ио, Европа, Ганимед и Калисто.

1789.- По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдиле начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржале првите претседателски избори на кои убедливо победил Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.

1898.- По конституирањето на првата подморница која се движела на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегувал свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водел телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа го значило почетокот на новиот начин на телефонско комуницирање.

1923.- Во Кавадарци е роден Иван Диме Мазов Климе, македонски револуционер, театарски критичар, раскажувач, публицист, општественик и долгогодишен новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Во Рогашка Слатина, во Словенија, несреќно го загубил животот на 14 февруари 1977 година.

1927.- Воспоставена е редовна трансатлантска телефонска врска меѓу Лондон и Њујорк.

1942.- Во Жван, Демирхисарско, е роден Божин Павловски, македонски писател и редовен член на МАНУ. Живее и твори во Скопје и Мелбурн. Бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Носител е на врвни македоски книжевни и дражвни награди за неговото прозно твпрештво. Дела: „Дува“ (роман, 1973), „Вест Ауст“ (роман, 1978), „Црвениот хипокрит“ (роман, 1984), „Уткини соседи“ (роман, 1987), „Враќање во сказните“ (роман, 1989) „Дува и болвата“ (роман, 1997), „Подвижни гробови“ (роман, 1998), „Патување со љубената“ (роман, 2000), „Египетска сонувалка“ (роман, 2001), „Изгубени во рајската градина (роман) и други.

1943.- Во Њујорк умрел Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазниот систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смиљан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година.

1953.- Американскиот претседател Хари Труман соопшти дека во САД е направена хидрогенска бомба.

1972.- Индија се спротивстави на притисокот од САД и воспостави дипломатски односи со Кина.

1979.- Камбоџиските бунтовници со помош на витенамските сили, го зазелеа Пном Пен и ја собориле владата на „Црвените Кмери“ предводена од Пол Пот. За време на неговото владеење од 1975 година во Камбоџа биле убиени меѓу еден и два милиона луѓе.

1984.- Умрел францускиот физичар Алфред Кастлер, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за физика во 1966 година. Открил и развил оптички методи за изучување на Херцовите резонанци во атомите и неговиот труд е од клучно значење за развој на ласерот.

1987.- Во Софија умрел Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ... Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Бил најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден бил на принудна работа и интерниран на Голи Оток. Роден е во Скопје, на 5 март 1915 година.

1990.- Првпат по 800 години била забранета посетата на Кривата кула во Пиза, една од најголемите туристички атракции. Поради опасноста кулата да падне, неопходна била нејзина реконструкција.

1992.- Првпат, 7 јануари - првиот ден на Божик, беше прогласен за неработен ден во Република Македонија.

1997.- Во Битола умрел Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Вреднувања“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Роден бил во селото Буф, Леринско, на 5 ноември 1935 година.

1999.- Во Американскиот сенат била отворена постапката за сменување (импичмент) на претседателот Бил Клинтон.

2001.- Во Скопје умрел Скендер Амет, прочуен македонски естраден виртуоз на хармоника, од ромска националност. Роден е во Скопје, на 31 октомври 1953 година.

2004.- Врховниот суд на Индонезија ја потврдил смртната казна на исламскиот терорист Аморзи, обвинет за подметнување експлозив во ноќен клуб на островот Бали, кога загинале најмалку 202 лица, речиси сите западни туристи.

2006.- Умрел австрискиот писател и истражувач Хајнрих Харер, чие биографско дело “Седум години на Тибет“ е преведено на 53 јазици. Како научник во рамките на истражувачката експедиција која ја испратила нацистичка Германија бил на Тибет и таму останал цели седум години.

2013.- Умрел Драгиша Димитријевски - Шипе, актер од Кумановскиот театар. Својата актерска кариера ја започнал со претставата „Мајката храброст и нејзините деца“ во 1974 година, а од 1980 година бил постојан член на Кумановскиот театар, каде што остварил над сто и педесет актерски улоги. Добитник бил на стручни и општествени награди, на МТФ „Војдан Чернодрински“ и на „Ноемвриска награда“ на градот Куманово. Во последните неколку години Димитријевски беше уметнички раководител на ликовната колонија „Карпино“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. 

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп.

„Мексико мора да ги запре сега“

Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави.

„Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој.

Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател.

„Нема да има отстапки“

Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер