2Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор
ЖивотНа денешен ден12 февруари 2023. 1809.- Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествувал во научната експедиција на бродот „Бигл, која имала пресудно значење за поставувањето на неговата теорија за развој на живите суштства, која била во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи биле научни ремек-дела, пишувани со јасен и логичен стил. Капитално дело – „Потеклото на видовите“. Умрел на 19 април 1882 година. 1809.- Роден бил Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Бил земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија, која се борела за укинување на ропството, а во 1860 година станал претседател на САД. Убиен бил во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година. 1818.- Чиле прогласило независност од Шпанија. 1851.- Едвард Харгрејвс пронашол злато во Самерхил Крик во Нов Јужен Велс, предизвикувајќи златна треска во Австралија. 1912.- Последниот кинески цар од династијата Манџу - Пу Ји, абдицирал, по што Кина станала република со претседателот Сун Јат Сен. Кога Јапонија во 1932 година од североисточната кинеска провинција ја создала сателитската држава Манџуко, Пу бил „вратен“ на престолот, станувајќи фигура во рацете на освојувачите. По Втората светска војна бил осуден, но бидејќи во затворот ја „сфатил“ грешката бил помилуван и во 1962 година станал член на Националниот конгрес. Оставил мемоари под наслов „Бев кинески цар“. 1914.- Во Скадар, Република Албанија, е роден Василие Поповиќ - Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на карикатурата, на сценографијата и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Умре во Скопје, на 10 декември 1962 година. 1923.- Роден е италијанскиот филмски режисер Џанфранко Корси, познат како Франко Зефирели, кој режираше филмови, опери и музички драми. 1946.- Весникот „Лаки фони“, орган на Бирото на КПГ за Македонија, објави дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди биле убиени 1.300, затворени 20.000 и прогонувани 200.000 луѓе. Од убиените 200 биле од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко - 98 отсто биле Македонци. 1953.- Советскиот Сојуз ги прекинал дипломатските односи со Израел по бомбашките напади на советското претставништво во Тел Авив. 1974.- Во Москва бил уапсен рускиот писател Александар Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за литература, на кого следниот ден му било одземено советското државјанство и бил протеран од земјата, по што во емиграција поминал две децении. 1979.- Умрел францускиот филмски режисер Жан Реноар, син на сликарот Огист Реноар. Автор е на низа антивоени филмови со кои силно влијаел на духовната состојба на нацијата. Ги напишал книгите: „Реноар, мојот татко“, и „Мојот живот и моите филмови“. Филмови: „Нана“, „Кучка“, „Мадам Бовари“, „Тони“, „Излет“, „Голема Илузија“, „Човек - ѕвер“, „Правила на гира“, „Оваа земја е моја“, „Жена на брегот“, „Река“... 1984.- Во Париз умрел Хулио Кортасар, аргентински писател. Автор на голем број прозни дела, а негов најпознат роман е „Книгата на Мануел“ за која во 1974 година му била доделена наградата „Медисис“. Роден бил во Брисел, во 1914 година. 1990.- Кармен Лоренс станала премиер на Западна Австралија како прва жена шеф на влада на некоја од австралиските држави. 1992.- Република Словенија и Република Хрватска ја признале независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја признала независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. 1996.- Јасер Арафат ја презел должноста прв палестински претседател. 1996.- Република Мекедонија и Република Гана воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. 1996.- Во Атина официјално започнала со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. 1999.- Американскиот сенат по повод скандалозните љубовни афери на шефот на државата Бил Клинтон со приправничката во Белата куќа Моника Левински со мнозинство гласови не го прифати сменувањето на претседателот. 2002.- Пред Судскиот совет во Хашкиот трибунал почнало судењето на поранешниот претседател на Југославија и Србија Слободан Милошевиќ, обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Судењето не беило завршено бидејќи обвинетиот во текот на процесот умрел. 2012.- Популарната поп пејачка Витни Хјустон умрела на 48-годишна возраст во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Витни Хјустон починала на ден пред церемонијата на доделување на музичките награди „Греми“ и тоа во истиот хотел во кој се одржувала забавата по манифестацијата. Хјустон во текот на 80-те и 90-те години на минатиот век со своите песни била на врвот на музчиките топ листи, а настапила и во неколку филмови. Имала освоено шест Греми награди, издала седум албуми и имала продадено околу 170 милиони носачи на звук и видео спотови. 2019.- На 82-годишна возраст почина легендарниот англиски голман Гордон Бенкс. Бенкс со националниот тим стана светски шампион 1966 година. Го освои второто место на листата на најдобри голмани на 20 век по Лав Јашин. Настапуваше за Лестер и Стоук сити. На 34, голманот го изгубил едното око, но тоа не го спречило да продолжи да игра. Во САД, голманот играше за Форт Лодердејл. Бенкс е автор на најистакнатите одбрани не само во историјата на светските првенства, туку и во целата светска фудбалска историја, која ја направи на Светското првенство во 1970 година по ударот на Пеле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМинистерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работнициМинистерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни. Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветРуски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговорУкраина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази. An exemplary Ukrainian operation in response to Russia’s war. I thank the warriors of the Security Service of Ukraine and all our Defense Forces of Ukraine who took part in carrying out these tasks. I received detailed briefings on the operation’s steps yesterday and today – the targets we set were achieved. It all took place off the coast of Libya. Our warriors deployed seven Ukrainian-made naval drones. Despite all the enemy’s efforts to counter the attack, the Russian corvette Merkury was sunk. It’s one of their newest ships, commissioned in 2023, during the full-scale war. A Ka-27 combat helicopter was also destroyed along with the corvette. Our second target was the Russian dry cargo vessel MV ANGARA, which the enemy used to transport weapons. Result: target hit. We continue our operations in designated waters. We are responding to Russia’s aggression. We are developing Ukrainian weapons. Glory to Ukraine! — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 23, 2026 Тагови: Либија москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Македонија„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруениНад осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик. Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата. Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook