На бензинските пумпи во Турција наскоро нема да се испишува цената на горивата - Канал 5

На бензинските пумпи во Турција наскоро нема да се испишува цената на горивата

Иако цената на горивата во Турција е значително пониска отколку во остатокот од светот, цените незапирливо растат.

На бензинските пумпи во Турција наскоро нема да се испишува цената на горивата

Колку е неочекувано ова поскапување најдобро говори информацијата дека бензинските пумпи во Турција наскоро нема да можат да ја испечатат цената на горивото на своите билборди. Причината е сосема банална, а тоа е што нивниот систем предвидува печатење на едноцифрени цени на горивата со дополнителни две децимали.

Бидејќи цените незапирливо растат, добавувачите на гориво се најдоа неподготвени да одговорат на овој предизвик и се принудени да се вклучат во итни модификации, пишува Bloomberg. БП планира да го измени системот на 750 бензински пумпи во следните две недели, додека Шел со околу 1.100 бензински пумпи се уште го разгледува оптималното решение.

Сегашната цена на горивото во Турција е околу 7,90 турски лири за бензин и 8,20 лири за дизел. Да потсетиме, растот на цените во Турција е резултат на поскапувањето на горивата, но и на инфлацијата поради која турската лира загуби 23 отсто од вредноста од почетокот на годинава.

Цените на горивата се зголемија за 10% за бензините и 24% за дизелот оваа година. Имено, турската влада се откажа од околу 46 милијарди лири (околу 4,06 милијарди долари) од оданочените приходи од гориво за да ги одржи ниските цени на горивото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник.

Уапсени 11 возачи за безобѕирно управување со возило, малолетник возел без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со Ким

Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат.

„Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал.

„Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Се асфалтира на вкупна површина од 5300 метри квадратни!

Јанчев: Во тек се завршните активности на кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер