КултураНа 70 годишнината од основањето на Југославија, изложба „Ова е Валтер“ во БерлинНа 70-годишнината од основањето на Југославија, на 29. ноември 2013 во 20 часот, во Проект галеријата „Прима центар Берлин“ ќе биде отворена изложбата „Ова е Валтер“ на која учествуваат 87 креативци од просторот на некогашна Југославија кои денес живеат во новите држави, во Европа и преку океанот. Учествуваат 30 уметници од Македонија.„Идејата не беше да наведе на некаква Југо-носталгија, туку едноставно се роди спонтано. Групната изложба, повеќе би ја именувал како уметничка акција. Единствен услов беше учесниците да имаат корени од некогашна Југославија. Не беше дефинирана темата, ниту услов беше да бидат професионални уметници. Со ваквиот либерален пристап, преку слободниот избор на темата и отворената концепција сакавме да прикажеме една нефалсификувана и мултиетничка слика на поврзаноста, доживувањата, мечтаењата и сеќавањата на едно време кое можеби било дел од детството и младоста на авторите, а можеби и само пренесена приказна“, вели Јован Балпов, прв човек на проект галеијата „Прима Центар“ – Берлин, кој заедно со хрватскиот уметник Бојан Хочевар и уметничката група „Good Time Factory“ се носители на идејата за „Ова е Валтер“. На повикот преку фб за учество на изложбата „Ова е Валтер“, чиј наслов асоцира на приказните за псевдонимот на Тито позајмен од марката на германскиот пиштол и истоимениот игран фил се пријавија 87 автори. Импозантен број кој го изненади и организаторот. Меѓу нив има 30 уметници од Македонија кои творат во татковината, во Берлин и во светот. Меѓу нив се и докажани имиња како Ирена Паскали (Келн) со „Меридијани“, Ана Матовска (Берлин) со „Барби“, Игор Тошевски (Скопје) со „Последната територија“, Атанас Ботев (Скопје) со „Портрет на уметникот во комунизмот“,Тодорче Атанасов (Љубљана) со „Меѓупростор“. Свој придонес ќе дадат и Кристина Александровска (Парис), Касиопеја Наумовска (Скопје) , Миро Масин (Скопје), Константин Танчев Динка (Скопје), Марија Божиновска Џонс (Лондон), Симонида Филипова-Китановска (Скопје) , Славчо Соколовски (Бостон), Марија Конеска (Прилеп), Кристина Битраков (Скопје), Илина Арсова (Скопје) и др. Како дополнување на изложбата „Ова е Валтер“ ќе биде и снимањето на документарец за целата акција од страна на режисерот и новинар Славен Бањац од Пула. Поради големото интересирање, како вели Балов, одлучено е да бидат доделени и три награди на публиката која со посебни ливчиња ќе го вреднува најдоброто. Едновремено и на фб ќе бидат објавени сите дела, па публиката и онаа од Македонија преку социјалната мрежа ќе може да ги одбере своите фаворите со кликнување на „лајк“. Наградата за најуспешните од „Ова е Валтер“ ќе биде изложба „Валтер во тројка“ во Прима центар Берлин во октомври 2014 година. Изложбата ќе биде отворена до 26 јануари 2014, а на 13 декември ќе бидат претставени и мултимедијалните творби на „Ова е Валтер“. FB: https://www.facebook.com/Projektraum.PCB/media_set?set=a.10151917675958265.1073741826.797683264&type=1Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter