МЗШВ: Зголемена финансиска поддршка за младите земјоделци и предфинансирање на инвестициите преку ИПАРД

Собранието ги изгласа измените на Закон за земјоделство и рурален развој со коишто се предвидуваат поволности за младите земјоделци и за корисниците на мерките од ИПАРД програмата.

Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од 10.000 на 20.000 евра. Мерката ќе биде за започнување и вршење на земјоделска дејност.

Измените предвидуваат отворање на можност за предфинансирање за корисниците на мерките од ИПАРД програмата за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи. Мерките од оваа програма овозможуваат кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на преработувачки капацитети по принципот 50/50. Поточно, досега 50 отсто (или повеќе зависно од мерката) од инвестицијата на барателот се покрива преку ЕУ фондовите (ИПАРД), а остатокот е сопствено учество на барателот/инвеститорот. Сега со измените на Законот, се овозможува предфинансирање односно инвеститорот ги добива парите однапред пред да вложи за да може да инвестира. Конкретно, сопственото учество на инвеститорот се покрива од националниот буџет, којшто има обврска на 8 еднакви годишни рати овој дел да го врати без камата. Тоа ќе биде утврдено со договорот за користење на оваа финансиска помош.

Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности. Корисникот на помошта е должен пред склучување на договорот до Агенцијата да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вредност на одобреното предфинансирање согласно со фазите за реализацијата на инвестицијата како гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

Со законските измени ЈП Национални шуми ќе можат да користат финансиски средства од Програмата за рурален развој за обновување на опожарените делови од шумскиот фонд како и за воспоставување на едукативни патеки, видиковци и друга мала инфраструктура (рекреациски патеки, платоа, информативни знаци, информативни плочи, настрешници и останати објекти за јавна употреба) и маркетинг на дрвни и недрвни шумски производи.

Со дел од измените на Законот за земјоделство и рурален развој, се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите коишто што имаа побарувања од винарските визби Повардарие и Стефани. Станува збор за околу 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите а којшто го исплати Владата на Република Северна Македонија. Со, оваа измени практично ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари кои не ги имаа добиено парите од винарниците Повардарие и Стефани за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти МЗШВ.

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Иако за една недела има намалување на бројот на ново заболени со голема кашлица, докторите и денеска на одбележувањето на европаската недела на измунизација едногласни во поракта до родителите, навреме да ги вакцинираат совите деца. 

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистирирани се 27 нови случаи со пертусис, и четири нови хоспитализации, а најголем број од новозаболените се на возраст од 10 до 14 години. Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи.

Иако според последните податоци од здравствените власти, има раст во бројот на вакцинирани деца со речиси сите вакцин, докторите велат далеку сме од препорачаните 95 % на имунизација на национално ниво.

„Прв пат од ваков тип теренска вакцинација каде се вклучени сите здравствени домови и се планира да посетат повќее од 3 000 семејства, фокусот е даден на вакцинација со вакцини кои имаат копмонента на пертусис, поради зголемениот број моментално со голема кашлица. Како и за вакцини со МРП вакцина, бидејќи станува збор за едно заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од вакцинација... “-изјави Бранка Величковска Тенева – министерство за здравство.

Со порака родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, со цел создавање на колективен имунитет испратија и од УНИЦЕФ. Велат земјата мора да оди напред во процесот на имунизација, а граѓаните да внимаваат какви информации добиваат.

Граѓаните велат не дозволиво е во 21 век да имаме епидемија за болест за која имаме вакцина.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

притисни ентер