МЗШВ со заштеда на струја над 20 проценти

Министерството информира и дека почна иницијатива за поставување фотоволтаици на централниот објект.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека по самоиницијативното воведување на мерките за намалени трошоци во работењето, но и по препораките на Владата за рационално трошење електрична енергија, ја исполни обврската и забележа заштеда од над 20 проценти.

-Денес, половина година по носењето на планот и упатството за штедење, можеме да констатираме дека воведените мерки одлично ги исполнуваат зацртаните цели. Евидентиравме заштеда на трошоци за канцелариски материјали на крајот од второто полугодие во однос на првото со изразен процент од 39 отсто, заштеда од 31 процент на трошоците за работно време подолго од редовното работно време на крајот од второто полугодие 2022 година, а заштеда од седум отсто е евидентирана во делот на трошоците за исплата на патни и девни расходи, информира МЗШВ.

Веднаш по почнувањето на економско-енергетската криза, МЗШВ самоиницијативно во јуни воведе план за штедење со сет мерки кои предвидуваа намалување на трошоите од работењето, како одговор на негативните влијанија од кризата која го зафати светот. Мерките имаа за цел да направат промени во начинот на вршење на работата во институцијата, а предвидуваа намалување на трошоците за електрична енергија, гориво и други режиски трошоци, намалување на потрошувачката на канцелариски материјал, трошоци за прекувремена работа како и патни и дневни расходи на ниво на одржлив минимум за нормално и редовно функционирање на работата на Министерството.

Во август, пак, Владата донесе сет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија по што беше донесено упатство за заштеда на министерството. Фокусот на МЗШВ беше да се заштеди електрична енергија и да се заштедат буџетски средства.

-Со воведување домаќински мерки за штедење, остваривме заштеди во трошењето на електрична енергија во периодот јули – декември, при што намалувањето на потрошувачката на електрична енергија опаѓаше во просек по осум проценти секој месец од воведувањето на мерките до крајот на календарската година. Во оваа насока, целосно ги исполнивме и таргетите поставени од Владата со носењето на планот за рационализација на трошоците при што Министерството за земјоделство во споредбените периоди за септември, октомври и ноември со истите месеци од 2021 година прогресивно напредуваше од 19 отсто кон 33 проценти заштеда и ја исполни целта заштедата на ниво на институција да надминува 20 отсто, наведува МЗШВ.

Министерството информира и дека почна иницијатива за поставување фотоволтаици на централниот објект, проект чија реализација во 2023 година, како што додава, ќе придонесе за натамошно генерирање заштеди и употреба на буџетските средства за намени кои ќе обезбедат развој и раст на националната економија.

Го фатила сопругот со швалерка па направила хаос, такво дивеење не е видено (ВИДЕО)

Жителите на Нижни Новгород во Русија биле сведоци на луда сцена која љубоморна жена ја приредила на паркингот пред нивната зграда.

Како што вчера информираа од полицијата, пијана 38-годишна жена со „шевролет“ на 31 јануари намерно налетала на 39-годишен маж, по што неколку пати со клоци ја удрила жртвата. Покрај тоа, удрила уште еден маж и со својот автомобил оштетила седум паркирани автомобили.

На снимката објавена на Телеграм се гледа како вознемирена жена удира во паркирана Тојота, го скинува предниот браник, ги крши ретровизорите, а потоа се качува на покривот и скока на автомобилот. Заминала викајќи нешто, а потоа влегла во својот автомобил и почнала да удира во Тојотата и другите автомобили.

На едно видео се гледаат другите учесници во конфликтот: поголем маж удира помал маж и две жени кои се обидуваат да ги разделат, а бесната 38-годишна жена исто така е прикажана како вози во рикверц, прегазувајќи ги нозете на еден од мажите, соборувајќи го другиот и тој паѓа на земја, губејќи свест.

Во обид уште еднаш да го прегази, била сопрена од девојка во лесна облека. Жртвата била одвлечена поблиску до автомобил паркиран во близина, а пијаниот возач продолжил да ја уништува Тојотата. После тоа, таа излегла од автомобилот и неколку пати го удрила мажот кој се уште лежел на тротоарот.

Според првичните податоци од Истражната комисија, на 39-годишната жртва ѝ бил скршен скочниот зглоб, додека другиот не е повреден. Против жената возач е поведена кривична постапка за убиство во обид како и за возење во пијана состојба.

Причината за нејзината агресија била наводно љубомора. Имено, се тврди дека претепаниот маж е нејзиниот сопруг кого го пронашла во автомобилот со љубовницата.

Мадона танцува на песната „Wednesday dance“, фановите шокирани: Знаеш ли што правиш? (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката, Мадона на својот профил на TikTok објави видео на кое се обидува да танцува, во свој стил, се разбира, популарниот танц од серијата Нетфликс, но нејзините обожаватели и следбеници не се многу ентузијасти.

Како прво, на многумина не им беше јасно зошто Мадона танцува на песната на Лејди Гага, Bloody Mary, кога е општо познато дека тие двете долги години не се во добри односи. Некои од нејзините следбеници едноставно беа разочарани од нејзиниот настап. Ќе истакнеме дел од нивните коментари.

@madonna ♬ original sound - heyy

„Кој би помислил дека Мадона ќе заигра на песната на Гага“, „Знае ли чија е песната“, „Ајде да го избришеме тоа“, „Кралица на cringe“, „Игра на крек“, „Ова е најблиску до соработка помеѓу Мадона и Гага“, „О Боже, Мадона танцува на Гага“, „Таа танцува на песната на Гага, сега можам да умрам во мир“, „Не верувам што гледам“, се само некои од коментарите од социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Гага на почетокот на кариерата ја споредуваа со Мадона, а таа тоа го сфати многу лошо и нејзиниот коментар ја навреди Мадона. „Само затоа што јас сум првата жена уметник во последните 25 години што успеала да ги достигне првите 40 на радио, не значи дека сум нејзина копија, тоа значи дека сум е**но паметна личност“, ги коментираше Гага споредбите меѓу себе и Мадона пред десет години.

Мадона не ѝ остана должна и јавно кажа дека Гага ја копира во многу сегменти, особено во музиката и имиџот. Како што е познато, тие двете никогаш не се помириле.

Десет мигранти се удавија во близина на островот Лампедуза, меѓу нив три жени и бебе

Десет мигранти, меѓу кои едно бебе и три жени, ги загубија животите обидувајќи се да преминат од Тунис во Италија, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража која успеала да спаси 42 лица.

Преживеаните тврдат дека четиримесечното бебе ѝ се лизнало од прегратките на мајката која била уморна и паднало во морето пред почетокот на спасувачката акција. Еден маж скокнал во морето за да го извлече детето, но се удавил. Двете тела се уште не се пронајдени.

Брод со мигранти испловил од Тунис минатиот викенд, но набрзо се појавија тешкотии. Се верува дека жртвите починале од хипотермија. Во текот на ноќта италијанските власти спроведоа уште три брода со 156 мигранти до Лампедуза.

Италија повторно се соочува со прилив на мигранти од Северна Африка. Годинава преку Средоземното Море во Италија пристигнале околу 5.000 мигранти, наспроти 3.035 лани и 1.039 мигранти во 2021 година, покажуваат податоците на МВР.

Според ОН, 1.400 мигранти ги загубиле животите минатата година обидувајќи се да го преминат Средоземното Море.

притисни ентер