МЗШВ: Исплатени 283,4 милиони денари субвенции кон 9.623 сточари

Како што информира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Како што информира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), вкупната исплата која е реализирана изнесува 283,4 милиони денари кон вкупно 9.623 сточари.

Како корисници на субвенциите за обележани женски грла говеда се јавуваат земјоделските стопанства што имаат пријавено женски грла, кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 76 милиони денари до 6.342 корисници.

Кон 2.194 огледувачи на овци се исплатени 191,9 милиони денари финансиска поддршка за земјоделските стопанства, кои имаат пријавено минимум 30 грла овци постари од 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

Кај огледувачите на кози е исплатена финансиска поддршка од 15,4 милиони денари со која се опфаќаат 1.087 корисници. Основ за добивање на оваа финансиска поддршка се пријавени минимум 10 грла кози кои имаат наполнето 12 месеци на денот на поднесувањето на барањето.

МЗШВ најави дека до почетокот на март сточарите ќе ги добијат и дополнителните 70 отсто од основните субенции, кои се однесуваат на предадено производство во регистрирани преработувачки капацитети, млекарница или кланица. АФПЗРР, како што се наведува, веќе активно работи во подготовка на податоците за исплата на дополнителните 70 отсто од субвецниите за сточарите.

Дополнително сточарите, кон крајот на 2024 година како и другите земјоделци повторно ќе добијат авасни 30 отсто за субвенции за оваа тековна 2024 година.

-На крајот од 2023 година ја реализиравме и до сега најголемата исплата на премиите за произведено и предадено млеко за седум месеци, односно фазите октомври – декември 2022 година и јануари-април 2023 година. До сметките на 4.311 млекопроизводители исплатени беа 277,9 милиони денари. Вредноста на премијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и 6 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко, стои во соопштението.

Од ресорното министерство потенцираат дека 2024 е година на сточарството.

Вучевиќ: Проектот „Јадар“ вратeн во почетна фаза, но тоа не значи и дека ќе се ископува литиум

Студијата на компанијата „Рио Тинто“ за заштита на животната средина не е доволна, проценка ќе направи и надлежното министерство, изјави српскиот премиер Милош Вучевиќ по потврдата дека проектот „Јадар“ се враќа во почетна фаза. 

Тој наведе и дека владината уредба не значи дека ќе се ископува литиумот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тие (Рио Тинто) треба да почнат од почеток ако сакаат да работат на тоа, а потоа ќе го направиме тоа сите заедно, и тука ја поканувам стручната јавност да се вклучи, и сите заедно да следиме што е тоа што ќе биде претставено како евентуално концепт за ископување на јадарит и литиум, изјави Вучевиќ на РТС.

Премиерот на Србија нагласи дека Владата не е застапник на интересите на ниту една приватна компанија или друга држава.

-Ме интересира само што добива Србија, кои се економските и политичките предности за граѓаните на Србија. Тоа значи дека ме интересира грижата за здравјето на луѓето, да ја заштитам животната средина, да ги зачуваме нашите потоци, реки, ливади, шуми, воздухот и водата, кажа Вучевиќ.

Тој додаде и дека германскиот канцелар Олаф Шолц најверојатно во петок ќе го посети Белград, но дека оваа информација не е официјално потврдена.

-Не можам да кажам дека е сигурно, но има шанси, кажа Вучевиќ запрашан за неофицијалните најави дека Шолц ќе го посети Богград и дека темата ќе биде литиумот.

-Не гледам што тоа не е во ред. Па, тоа значи дека ја имаме предноста во наши раце, оцени Вучевиќ.

Тој додаде дека државата нема да се согласи на минимум, туку ќе бара максимум заштита на животната средина.

-И потоа да разговараме за она што тие го дефинираа како синџир на вредност, да разговараме за економијата и да видиме што тоа носи за српската економија. Значи, не е прашање на суровини, прашање е дали доаѓаат фабрики и какви фабрики, кажа тој.

Вучевиќ потенцира дека литиумот како критичен минерал претставува геополитичката предност на Србија која треба да се искористи и дека власта нема да дозволи насилство кое, како што наведува, го најавува дел од опозицијата по усвојувањето на Уредбата со која проектот „Јадар“се враќа на состојба од пред 2022 година, т.е. во почетна фаза.

Според него, секој може да го каже своето мислење, но не смее да врши насилство. /МИА

Кембриџ развива ВИ-алатка за рано откривање деменција и Алцхајмерова болест

Истражувачите од Универзитетот Кембриџ користеле вештачка интелигенција за развој на алатка којашто може да предвиди веројатноста околу тоа дали луѓето со рани знаци на деменција ќе развијат Алцхајмерова болест. 

Се проценува дека едно лице во светот заболува од Алцхајмеровата болест на секои 3 секунди, а бројот заболени се очекува да се зголеми трипати следните 50 години.

Во истражувачкиот центар во Кембриџ, се верува, стручњаците пронашле нов начин на употреба на ВИ - за откривање на Алцхајмеровата болест во најраните фази. Алгоритмот е развиен и дизајниран да обработува претходни скенирања и одговори на прашалници наречени „когнитивни тестови“, користејќи сложена обработка на податоци.

- Долго време - приближно 30 години, немавме третмани коишто би ја дефинирале болеста. Сега работите се менуваат и гледаме нови третмани на пазарот, а засега знаеме дека имаме потенцијал рано да ги идентификуваме пациентите и да ги определиме вистинските пациенти за одреден третман, изјави Зои Курци, професорка по Експериментална психологија на Кембриџ. - Значи, нашата работа всушност се сосредоточи на раните предвидувања, раната дијагноза, и тоа дали кога ги имаме првите симптоми, или дури и пред симптомите, може да идентификуваме поединци кои би можеле да развијат деменција во иднина, додава таа.

Алцхајмеровата болест претставува околу 60 - 80 отсто од случаите на деменција.

- Предноста на ВИ е во тоа што може да открива податоци, како и односот меѓу параметрите или одликите кои човекот не може лесно да ги увиди. На пример, сликите што ги гледаме може да имаат мали промени во резолуцијата во размер од милиметар што не може да ги видиме со голо око, појасни Лиз Јуанкси Ли, прва авторка на научниот труд.

ВИ ги користи податоците што веќе ги анализирала за да направи попрецизни предвидувања за податоците коишто би ги добила во иднина.

- (ВИ) учи да препознава модели во добиените податоците - во овој случај поврзани со специфични дијагнози на пациенти, така што на крајот ќе знае дали има одредена шема што се појавува при скенирањето мозок. Заедно со когнитивните резултати, така ќе може да се предвиди дали пациентот ќе напредува или ќе остане стабилен и тоа потоа може да прави предвидувања за нови пациенти чии податоци (алгоритмот) не ги разгледал. Овие предвидувања можат да бидат веродостојни бидејќи тој ги видел сите овие други податоци, објасни Курци.

Истражувачите се надеваат дека оваа алатка наскоро би можела да се искористи како делотворно медицинско помагало во здравствени установи во Велика Британија и ширум светот во борбата против болеста којашто станува загрижувачки честа појава. /МИА

Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален дожд и благ пад на температурите

Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален проен дожд и благ пад на температурите

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.

притисни ентер