Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаМЗ: Пет починати, 103 новозаболениМинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 Во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241. Од вчера регистрираните, три теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 1900, активни 1239 • Куманово 645, активни 225 • Дебар 61, активни 10 • Штип 244, активни 202 • Прилеп 230, активни 20 • Тетово 429, активни 253 • Струга 136, активни 58 • Велес 153, активни 30 • Битола 34, активни 7 • Охрид 72, активни 54 • Кавадарци 7, активни 2 • Гостивар 69, активни 44 • Гевгелија 8, активни 4 • Струмица 9, активни 6 • Крива Паланка 10, активни 4 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 3, активни 0 • Кочани 55, активни 24 • Пробиштип 11, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 3, активни 1 • Пехчево 5, активни 2 • Берово 2, активни 1 • Валандово 4, активни 3 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 3, активни 1 • Свети Николе 10, активни 9 • Кичево 3, активни 1 • Ресен 25, активни 24 • Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 841 тест се преку: ИЈЗ –488 , ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –0, Биотек –0, Систина со PCR метода –105, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори) -131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори). Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема нови приеми, вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 6 Крушево, Попова Шапка, 9 Берово, 10 Претор, Струмица, Маврови Анови, Лазарополе, 12 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Битола, 14 Скопје-Петровец, Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Во најголем дел од земјава денеска преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност, а само во југоисточните делови се задржа претежно облачно. Во утринските часови имаше појава на магла по одделни котлини. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Попладнево облачноста насекаде ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветСтрашна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО) Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро.Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на инцидентот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави Галф њуз. Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Машиновозачот загинал во несреќата, објави Ал Арабија. لحظات صعبة من داخل عربات قطار العياط بعد الحادث https://t.co/Yu27pwQE5S — Youlyou - يوليو (@youlyounews) November 8, 2026 وقع منذ قليل حادث تصادم قطارين بمنطقة جرزا بمركز العياط في محافظة الجيزة. الحادث نتج عن اصطدام قطار قادم من الخلف بآخر متجه إلى أسوان، مما تسبب في خروج 4 عربات كاملة عن القضبان وانقلابها. وأعلنت وزارة الصحة والسكان عن الدفع بـ 52 سيارة إسعاف إلى موقع الحادث، مشيرة إلى أن الحصيلة الأولية تسجل 64 إصابة دون وقوع أي وفيات حتى الآن ولله الحمد، حيث جرى نقل المصابين لمستشفيات الواسطى والعياط لتلقي الرعاية. تسبب الحادث في توقف كامل لحركة قطارات الصعيد في الاتجاهين، وتعمل فرق الطوارئ حالياً على رفع العربات المتضررة لإعادة فتح الخط. — شاهيناز طاهر (@ChahinazTaher) November 8, 2026 Министерството за здравство првично испратило 20 амбулантни возила на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првично проценетиот. Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминал 150. Екипи за цивилна одбрана, безбедносни сили и амбулантни возила се упатиле кон местото на несреќата, додека крановите биле распоредени за отстранување на излетаните вагони од шините и расчистување на шините. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да спроведе потребни проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај во регионот останува нарушен.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во ЈеменНајмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“. Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот. Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија. Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија. Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.Тагови: Јемен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44