МЗ: 293 новозаболени, 102 оздравени пациенти

Направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија - по 1.

Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .

Направени се 1.254 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-29, Биотек-106, Систина-49, лабораторија Лаор-7, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност-8, Генеа-8, Никоб Лаб-37, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-14, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.

Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      148706, Активни   624

Куманово    16789, Активни    54

Битола      15854, Активни    71

Прилеп      14285, Активни    38

Тетово      13548, Активни    33

Кавадарци   10767, Активни    36

Велес 9863, Активни     43

Гостивар    9638, Активни     18

Охрид 9048, Активни     76

Штип  8130, Активни     29

Струмица    8116, Активни     20

Кичево      5673, Активни     9

Кочани      5128, Активни     20

Струга      4744, Активни     9

Гевгелија   4432, Активни     5

Неготино    3717, Активни     7

Ресен 2761, Активни     2

Свети Николе      2642, Активни     1

Радовиш     2539, Активни     7

Крива Паланка     2421, Активни     2

Делчево     1992, Активни     6

Берово      1693, Активни     1

Дебар 1684, Активни     3

Валандово   1488, Активни     0

Виница      1399, Активни     3

Пробиштип   1271, Активни     2

Богданци    1025, Активни     2

Кратово     969, Активни      0

Крушево     933, Активни      2

Демир Хисар 837, Активни      1

Македонски Брод   744, Активни      1

Демир Капија      595, Активни      1

Македонска Каменица     525, Активни      0

Пехчево     486, Активни      0

Дојран      352, Активни      0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

притисни ентер