МЗ: 11 починати, 347 новозаболени, 378 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-179, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13, Струга-4, Кочани-8, Кичево-4, Свети Николе-2, Гевгелија-1, Дебар-4, Ресен-1, Крива Паланка-3, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-5, Виница-1, Богданци-3, Крушево-1, Демир Капија-2, Пехчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1, и Пехчево-1.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 39340, активни 6359

• Куманово 5103, активни 444

• Тетово 5021, активни 470

• Прилеп 4515, активни 249

• Гостивар 3570, активни 310

• Штип 3471, активни 169

• Битола 3186, активни 224

• Велес 3006, активни 315

• Охрид 2712, активни 367

• Струмица 2503, активни 359

• Кавадарци 2453, активни 359

• Струга 2169, активни 157

• Кочани 1712, активни 118

• Кичево 1693, активни 157

• Свети Николе 1065, активни 46

• Гевгелија 964, активни 113

• Неготино 949, активни 146

• Дебар 740, активни 121

• Ресен 721, активни 119

• Крива Паланка 712, активни 66

• Радовиш 683, активни 48

• Берово 576, активни 52

• Делчево 557, активни 172

• Пробиштип 497, активни 42

• Виница 482, активни 45

• Валандово 325, активни 22

• Демир Хисар 242, активни 14

• Македонски Брод 240, активни 12

• Богданци 220, активни 35

• Кратово 213, активни 16

• Крушево 200, активни 38

• Македонска Каменица 190, активни 48

• Демир Капија 182, активни 38

• Пехчево 178, активни 12

• Дојран 81, активни 7

Направените 2013 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-187, Биотек-165, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –131, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-40, Ремедика-20, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -541, УК Пулмологија со алергологија –5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер