МакедонијаМВР: Претреси во Скопје, се трага по третиот осомничен за целосно расчистување на убиствотоМВР: Претреси во Скопје, се трага по третиот осомничен за целосно расчистување на убиството кај "Мавровка" Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое денеска беше извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка” и оти мерките и активностите продолжуваат и во текот на вечерта. -Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно - тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. Извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови. Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје. -Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно - тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице, стои во соопштението. По целосното расчистување на случајот, од МВР најавуваат дека ќе ја информираат јавноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе се набавуваа опрема за подобрување на хигиената во општинитеМакедонските општини ќе добијат 49 нови возила за подобрување на состојбата со хигиената, во вредност од 4,2 милиони евра, а со поддршка на Светската банка. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објасни дека станува збор за 19 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, 9 специјализирани камиони и 21 машина за чистење улици. Тој најави и нови разговори со мисијата на Светската банка за идни проекти. Од овие возила, околу 40 ќе бидат наменети за Град Скопје, а како што посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот дополнително ќе обезбеди уште четири нови возила, како и две претоварни станици кои ќе бидат поставени во Ѓорче Петров и Гази Баба, со што очекува значително подобрување на ефикасноста во транспортот и собирањето на отпадот. -Ова е најголем инвестициски циклус во општините ќе продолжиме во следниот период, веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините,- - Александар Николоски – министер за транспорт. -Кога влеговме во град Скопје пред само 6 месеци затекнавме состојба од 16 возила, во моментов имаме од 50 до 60 возила на дневна основа кои се занимаваат со одлагање на смет, проблемот е што најголем дел од нив се стари. Очекуваме близу 40 возила за Градот Скопје од оваа набавка,- - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Дополнително, според најавите на Ѓорѓиевски, за околу еден месец во Скопје треба да пристигнат 2.600 нови контејнери. Градоначалникот посочи и дека во меѓувреме биле надминати дел од финансиските проблеми во ЈП „Комунална хигиена“, меѓу кои и неисплатени плати и високи трошоци за работење. -- На многу од микролокациите во главниот град знаете дека недостасуваат контејнери со години се непроменети, така да и тој проблем го решаваме и сметам дека од септември месец повеќе темата со отпадот нема да биде во јавноста третирана на начин како што беше до сега,- Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Николоски кажа и дека во рамки на проектот за локални патишта, а со подршка од Светската банка и ЗЕЛС, од јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра, при што се реконструирани 96 улици во 72 општини низ државата, а во тек е реконструкција на уште 31 километар патишта. Ѓорѓиевски пак најави дека во наредниот период ќе се инвестира и во развојот на велосипедската инфраструктура и пешачките патеки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен БалканОд 2027 година повикот од Мадрид и користењето на интернет во Париз ќе ве чини исто како во Скопје – доколку иницијативата на Брисел заврши успешно, ситемот „Роаминг како дома“ ќе ги надмине границите на Западен Балкан. Одлуката најмногу зависи од ЕУ, која во следните два дена ќе започне преговори со секоја од земјите, а чија намера е земјите-кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефиции, меѓу кои е и бесплатниот роаминг во ЕУ Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, односно, како што изјави за Канал 5, изготвен е новиот закон за електронски комуникации, па очекува да влеземе во преговорите, да потпишеме и ратификуваме договор и догодина да го примениме системот. -Одлуката најмногу зависи од ЕУ, на наша обврска беше апроксимација на законодавството кое што се однесува на законот за електронски комуникации и прилагодување со европскиот код, директивата код, или законот за електронски комуникации на ЕУ. Ние тие чекори како Влада веќе ги направивме и ги испративме до ЕК на мислење и по добивањето на позитивното мислење ќе го однесеме во Собрание и ќе бараме тој да се донесе. Иако сите рокови зависат од ЕУ, можам да кажам дека ние сме оптимисти дека целиот овој процес ќе се заврши оваа година и дека веќе во 2027 ќе имаме можност бесплатно да разговараме и да користиме интернет кога патуваме во државите членки во ЕУ,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација. Според Андоновски, проектот претставува вид на визна либерализација во дигиталниот свет од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, но најмногу оние кои се во бизнисот и имаат почести патувања. Овој проект претставува еден вид визна либерализација во делот на дигитализицијата, што значи дека сите Македонци кои патуваат во странство, во ЕУ, но и сите нашинци од дијаспората кога доаѓаат во Македонија ќе можат по иста цена како што плаќаат во нивните држави, по иста цена да ги користат сите услуги на телефонија, смс пораки и интернет кога доаѓаат во Македонија или нашите кога патуваат во ЕУ, и тоа многу ја олеснува комуникацијата и патувањата, а најмногу му ползува на бизнисот кој не познава граници во традиционална смисла,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација. Во слична насока е и СЕПА, каде пристапивме лани и веќе функционира, а со тоа на граѓаните добија помали провизии, парите од меѓународни трансфери побргу стигаат, а онлајн купувањата од ЕУ компании се полесни. Бенефитот кај фирмите е – помали банкарски трошоци при плаќања кон европски партнери, поедноставна трговија со компании од ЕУ и подобра конкурентност за извозниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенцијаНаучниците од Универзитетот во Кембриџ развија „фундаментално нов“ вид вакцина чија клучна состојка е целосно дизајнирана од вештачка интелигенција и тестирана на луѓе за прв пат.Вакцината е дизајнирана да делува против сите коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на covid и вирусите што се пренесуваат од животни на луѓе. Истражувачите ги анализирале генетските кодови на различни коронавируси и, со помош на вештачка интелигенција, создале супер-антиген кој го тренира имунолошкиот систем да го препознава целото семејство на вируси, дури и ако мутираат. Првите клинички испитувања на 39 лица покажаа дека вакцината е безбедна, додека следната студија на околу 200 испитаници ќе даде појасна слика за нејзината ефикасност, пишува BBC. Професорот Џонатан Хини рече дека ова е фундаментална промена во подготвеноста за пандемија, додека професорот Саул Фoст оцени дека технологијата дефинитивно има потенцијал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter